Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Локални избори 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 22 јуни 2021.

?

За кандидатот на која политичка партија ќе гласате на локални Избори 2021?

Анкетата е затворена на 22 јуни 2022.
  1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

    97 глас(а)
    35,7%
  2. СДСМ + ДУИ

    38 глас(а)
    14,0%
  3. Независен кандидат

    15 глас(а)
    5,5%
  4. Нема да излезам

    49 глас(а)
    18,0%
  5. Ќе го поништам ливчето

    21 глас(а)
    7,7%
  6. Друго

    18 глас(а)
    6,6%
  7. Левица

    34 глас(а)
    12,5%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.896
    Допаѓања:
    132.664
    Не, тоа е согласно закон. Ако нема 51% никој, тогаш мора да се оди втор круг, не е по желба.
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.131
    Допаѓања:
    156.119
    Оправдуваме похлепа и осветољубие? Искрено, немам чуено за осветољубие во задниве години и мислев сме прогресирале, ама заборавив дека ова е мазохистички народ.
    Мислев бараме различност и способност. Не секој влага за пари и моќ.
    Доста ни е од вакви ликови.
     
    На LejlaD и g8lQQk им се допаѓа ова.
  3. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    На некој начин да, изгледа оправдуваме похлепа. За жал.
    Различност и способност не постојат во речникот на македонските политичари. Не знам како не ви е јасно после волку години газење од сите.
    Избираш од две зла.
    За жал нема да има промени во Македонија на овој план уште долго време. Позитивното е тоа што полека обичниот народ се буди ама ќе треба долго време за некоја трајна политичка промена.
    Стварно мислите дека чесни луѓе влегуваат во политика?
     
    Последна измена: 18 октомври 2021
    На Tanjamm и MoNiToDi им се допаѓа ова.
  4. Sestra :)

    Sestra :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
  5. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Да не си љубоморна xa xa
     
    На Leat, Traveler91, Dandra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    12.618
    Сурово, но реално. Не го оправдувам тоа, ама така прават. Ако сите одлучиме да не гласаме, верувај дека кој и да е на власт, нема да не погледне, иако плаќаме даноци. Сите пари се инвестираат во Скопје, каде има гласачи. ТППЕ Берово нема принтер, па ако им треба нешто да принтаат, ставаат на УСБ и носат во општината да принтаат. А ние се чудиме зошто немаат возила, црева, пумпи. Па тие немаат принтер. Малку гласачи, и од тие пола нема да излезат на избори, и кој ги ферма. Властите одат по таа логика. Замисли го најмалиот град во Македонија, Пехчево, со нешто повеќе од 3.000 жители на последен попис, сега дали и толку имаат. Ако им текне „што бе ќе гласам, да не некој ќе ме вработи“ и не излегуваат, утре ќе му текне на некој да ја укинат таа општина, да им ги скратат подрачните министерства ако ги имаат и колку ги имаат, и ете ти луѓе без работа. На тој начин со пасивност си ги кратат правата, а не дека јас ќе им агитирам и во друга општина нешто ќе добијам ако гласаат или не гласаат.

    Не ме сфаќај лично, не ни знам во која општина живееш, ама тоа е реалноста. За примерот со Источна, кажав општо, оти навистина фалат многу работи. Нема што нема.
     
    Последна измена: 18 октомври 2021
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    И мене ме радува.

    И Бутел ме радува.
    И Кисела Вода.
     
    На Sofronko и Anie93 им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    12.618

    И мене ми е мило. Нема врска со книшките што ги споменуваат. Ако е за книшките, никој немаше да гласа за Максим, туку за Оливер и ќе победеше во прв круг. Очекувам победа во втор круг на Максим, со тоа што без да бара, и да ветува, знајте кај него ќе се слеат гласови од независни, ВМРО и од Албанците. Мои комшии вмровци пред месец дена кажаа дека не го сакаат Оливер, и ќе гласаат за Максим, ако Тони испадне за во втор круг. Не им ветил ништо, туку го мразат СДСМ. Максим не е Циц па да оди и да моли, да го гласаат. Максим и да има вработено некого, тоа е минимална бројка. Цела општина имаше околу 140 луѓе пред неколку години, така да колку вработувања мислат дека се реализираат во општините годишно? За ЈП таму има многу Роми кои метат улици. Градот е неуреден, ама тоа е културата на народот. Канти на секој чекор, а тие фрлаат по улици. Максим не е калкулант, оти да беше немаше 100 пати да пека,( ова уште додека беше обичен советник, а не градоначалник) да бара од командирот на СВР Куманово да го расчистат непрописно паркираните возила кај џамија и пазар, а тоа се возила на Албанци. Инаку командирот беше од ВМРО и мува не го лазеше, како да не слуша што му се зборува. Пред него никој друг ова не го кажал и барал, оти им ги требаат Албанците за втор круг, па нека оставаат коли и на сред улица ако треба. Максим си има проблем со администрацијата, луѓе примени уште во времето на Циц, кои сега му се по сектори, и покажуваат непослушност, не донеле ГУП, оти ги мрзи да работат во урбанизам. Се пожали човекот дека сакал во школите непартиски директори да стави, колективот да си обеде со интерна анкета кој може да биде директор, ама партијата диригира поинаку. Исто и директорката на градинката не може да ја разреши, ја држи централата на СДСМ. Очекувам промени сега.
     
    Последна измена: 18 октомври 2021
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    12.618
    Oва не е точно. Земал луѓе кои се непартиски, да му пишуваат проекти и да аплицираат за ЕУ фондови. Писмени луѓе ангажирал, оти во општината писмените се бројат на прсти. Нема врска со партија. Лично ги знам. Максим веќе не е СДСМ, независен е. Во ЈП само со јаки врски партиски можеш да се вработиш, да метеш улици, ама таму врие од Роми. И Албанци има ама тие се шефови, и Срби, секакви има. И не се примени вчера, со години се примани. Не знам колку точно има по ЈП, ама тоа не е голема бројка да ти диктира цел гласачки процес. Еве резултатот од вчера ти покажа. Води независен кандидат, не сдсмовски и тоа е промена, голема.

    Левица земала едно советничко место како што разбрав по социјални мрежи. Moже се и повеќе, не знам. Дали Апасиев вработувал во Куманово? Секако дека не.
     
    Последна измена: 18 октомври 2021
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.898
    Допаѓања:
    31.363
    Пол:
    Женски
    Мене само ме радува што независните листи имаат добар пласман. Јас очекував околу 3% да откинат, ама некаде се и над 10% што е многу добар знак според мене.
    Има впечаток дека оние што беа незадоволни имаат можност да размислат се одвоија од двојството СДСМ/ВМРО и се трудат да дадат шанса и на трета опција (а да не е Левица зашто тие се многу етноцентрични). Зелените баш ме израдуваа.
    Лошото е што никој не успева да ги раситни гласовите на ВМРО и на ДУИ. Мноогу лошо според мене. Од сега се плашам за нова коалиција ВМРО/ДУИ на следни избори и стфав во коски ми одат зашто според мене таа коалиција мамата ни ја расплака. Упте не можеме да се опоравиме од нив. Не само од крадење туку од деспотизам и диктаторство.
    И еве Муцунски бил градско тишче и фраерче и се се сложувам, ама во толку голема општина со толку многу проблеми во квалитет на живот што е резултат на ВМРО/СДСМ владеење да нема трета опција и се да се сведе на Курто и Мурто е баш жално. Советот е крш. ВМРО/СДСМ и Левица (од сите трети опции најлудата и со најпрост речник и најголема етноцентричност. Значи десничарите се апсолутно победници во Аеродром што искрено ме плаши) Баш во таа општина каде што би требало да живеат урбани луѓе. Од друга страна Центар и Карпош се многу пошаренолики во Советите. Јас лично би сакала многу поумерени луѓе и партии што се грижат за екологија, што се инклузивни. Преку глава ми е од самовреѓање (од типот Северџани и слични реторики) и луѓе што едно зборат а друго прават и користат највулгарен можен речник (како Апасиев од Левица).
     
    На Angie1432, Sestra :) и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    IMG_20211018_131351.jpg
    Сашкаааа, да си жив! :rofl:
     
    На Leat, @ceci11 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.131
    Допаѓања:
    156.119
    Кисела Вода ич. Пишав зошто...
     
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Овој пак, полн е со гнев:D
    Откога го шитнаа од директор не е престанал со вакви муабети:D

    Непребол му е, не пропушта прилика да изблуе отров
     
    На kankus и oblace1 им се допаѓа ова.
  14. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Ма што ме интересира од каде го тушнале и со што е полн. :D
    Неговите објави се или смешни, или скроз вистинити, или две во едно. :D
    Две во едно е оваа сега што ја споделив. :D
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Да, права си, смешен е тој одамна:rofl:
     
    На kankus и oblace1 им се допаѓа ова.
  16. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    IMG_20211018_132522.jpg
     
    На kankus му/ѝ се допаѓа ова.
  17. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    Затоа се вели злоупотреба.
    Има закон, ама се злоупотребува.
    Не е ни првпат, сигурно нема да биде ни последен.
    Што не е јасно?
    Како кога во FA Cup-от, појаките екипи со огромни стадиони, на времето играа нерешено на гости, за да играат втор натпревар на свој терен, а со тоа да печалат на картите.
    И не е 51%, туку 50%+1 глас.
     
  18. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Значи сум погодил се!
     
    На Biljarkata, Bitter-Sweet и Dandra им се допаѓа ова.
  19. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    2.464
    Пол:
    Женски
    Максим го избркале од партија затоа што не сакал општинските пари да ги даде на партијата. Ваков муабет слушнав од луѓе блиски до него. Колку е точно не знам. Ама баш би сакала да победи.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Да точно е. Информацијата ја имам и јас од сигурни извори и можам да кажам дека е така.
     
    На Tanjamm и @ceci11 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.