Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Локални избори 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 22 јуни 2021.

?

За кандидатот на која политичка партија ќе гласате на локални Избори 2021?

Анкетата е затворена на 22 јуни 2022.
  1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

    97 глас(а)
    35,7%
  2. СДСМ + ДУИ

    38 глас(а)
    14,0%
  3. Независен кандидат

    15 глас(а)
    5,5%
  4. Нема да излезам

    49 глас(а)
    18,0%
  5. Ќе го поништам ливчето

    21 глас(а)
    7,7%
  6. Друго

    18 глас(а)
    6,6%
  7. Левица

    34 глас(а)
    12,5%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Ако не коалицира со Вмро и Левица,па и така тешко дека ќе победи.
    Прво и основно Албанците нема да гласаат за него, воопшто не се задоволни од него. Ете денес Илиевски излезе и рече дека очекува да победи со албанските гласови и лдп.
    Премногу го потценувате Спасовски(знаеме дека тој стои позади него, митинзите му ги држеше) , тој е од школата на Циц и Заев, ако треба и газот ќе си го продаде само да си го задоволи егото.

    Добро кажа некој погоре, ова е внатрепартиска битка, доколку победи Илиевски, Спасовски ќе се здобие со легитимитет и ќе атакува на претседателското место во СДСМ.
    А доколку победи Максим тоа ќе значи паѓање на актуелнава структура во партијата, и создавање на нова струја која ќе го превземе сдсм.
    Инаку како знам се скараа околу дозволите за градење, Максим не им дава секаде да градат а посебно не на фирми блиски до Спасовски. Ова неколку пати беше споменато во дебатите емисии.

    Тоа дека е народски човек и е поразличен од другите, стои.
    Ама па смешни му се советниците.
    Зборуваш дека сакал директорите да се избираат непартиски, а истиот тој на листата половина му се директори и професори.
    Да не зборувам што карикатурна Спејко влезе во советот (уште не е сигурно), другото неискусни 25+ годишни, пожарникар, болничар исл.

    Наискрено многу сум изненадена од гласовите на лоповот Илиевски, гледајќи ја реакцијата на народот( на секој пост половина беа хаха) и знаејќи каков лопов е штом успеаа со братучедот Спасовски да соберат толку гласови, сега очекувам да се испазарат со Албанците и да победи.
     
    На Luciferka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Па секако дека да, Стевчо го направи Карпош , мора да победи пак :l:
     
    На Leat, xxxУбавотоПајче и Luciferka им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Што направи за Карпош?
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    За лошиот менаџмент на примопредавањето на гласачките кутии и нечовечниот однос кон членовите на избирачките одбори (непотребно составен од) јавната администрација еве од (задоцнетата) репортажа на ТВ Сител:

     
    На cresa-jagoda, Leat, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.995
    Допаѓања:
    12.694
    Мислам дека без договарање и коалиции, ВМРО не го сака Илиевски, и ќе гласа за Максим. Има утки меѓу советниците сигурно, ама па докторката Јадранка со 60 години, не е смешка, Гоца од синдикат со над 60 години не е, директорката на библиотеката Христина ми е ок, Реџеп Реџеповски донел олимписки медали за Куманово, и мене ми е ок да му се даде шанса. Николај Павловски го пофалија дека бил оратор, иако е млад, и студирал во Русија. Не го знам, немам мислење. Јас за листа каде има девојче од терористичка фамилија нема да гласам, не, не. Што придонела Мургашанска за општо добро? Ќе биде мртва трка, ќе биде жестоко.

    Еве префрли ги гласовите на Албанецот кај Оливер и пресметај колку ќе има. Префрли гласови на ВМРО кај Максим и ќе видиш кој има повеќе. Инаку, Албанците гледаат личен интерес, не дали се задоволни или не. Бараат конкретно да им се даде нешто.
     
    Последна измена: 18 октомври 2021
    На Leat и Sestra :) им се допаѓа ова.
  6. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Зошто мислам дека оваа победа на вмро нема да се дозволи и дека следниот круг ќе имаме поинакви резултати? Вчера во очите на Љупчо на прес не видов предавање, туку лутина и желба за сурова победа по секоја цена.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Фала Богу. Сега какви поткупувања ќе фрчат и лажни надежи. Зошто инаку би инсистирале на втор круг?
    Се' за да си спасат газ :)
     
    На cresa-jagoda, elimkd, Sestra :) и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Знам Рози, така ќе биде.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Хахахахахахаха.
     
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Јас не гледам телевизија (изгледав две дебати, на телма и мтв), а за политика судам според тоа што го осеќам на грб. Гледав и вчера пресови. На пресот на Љупчо додека тие позади него беа како умрени, он беше копија на ЗЗ. Од гестикулации, поглед до став. Страшно.
    За него зборат дека многу луѓе од К.Паланка ги вработил во администрација во Скопје. Не знам дали е тоа така, пишувам за некој од таму да потврди.
    Немам ништо против да вработи оној кој може свој сограѓанин, но кога по држ.институции ќе се изнапикаат сите, го добиваме резултатот кој го добивме - превработеност во администрација.

    * те цитирав зошто го спомна
     
    На cresa-jagoda, x-MajaEsposito-x, Idedemja и 3 други им се допаѓа ова.
  11. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    77.349
    Пол:
    Женски
    Тоа го читав и на твитер и на кајгана, дека тој и Оливер вработиле многу свои, сите кандидати биле нивни избор и дури и шамари јадел Љупчо заради дебаклот на избориве.

    Кои и да вработуваат, ако се необразовани и немаат свое јас, сеисто од која партија се.
    Вмро го почна тоа, сега Сдсм да не се подолни, продолжија со партиски вработувања и носење списоци со "15 сигурни гласачи"
    Се вработуваат лепачи на плакати, послушници кои ставаат потпис на документи без размислување.
    Еве понекои од Вмро си лежат, сега од Сдсм уште десетици ќе си полегнат и тие по затворите, за ум за во иднина.

    Еее, Сања, Сања, пред 5 години се препукувавме по темите за политика за барањето на Албанците за премиер албанец, сигурно ти изгледав налудничава. Годинава се почесто се слуша тоа.
    Ако дојде до предвремени, Зајко и премиерско место ќе даде. Затоа пред некој ден коментираше, дал премиер, дал претседател беше.
    Ќе дојде и тој ден.
     
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.125
    Допаѓања:
    88.147
    Пол:
    Женски
    Вчера не победи Вмро на локални туку изгуби Сдсм,вмро пак си ги има истите гласови,сдсм изгуби од своите гласови.
    Лошите политики и особено справувањето со корона кризата ,глумењето на вмровски диктатор Филипче, си ја доби сметката вчера.
    Во длабока политичка криза ке бидеме.
     
    На Glowy, cresa-jagoda, Vivienen и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Sestra :)

    Sestra :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од коалиција со партии, сега избира народот а не ВМРО и Левица. Луѓето од овие партии не верувам да гласаат за Оливер Илиевски, а веќе знам партиски членови на ВМРО кои се спремни да гласаат за Максим ако Михајловски изгуби. Инаку албанците и така гласаа за Илиевски, така да не го потценувајте народот - тука не одлучуваат албанците.
     
    На Srckata28 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.995
    Допаѓања:
    12.694
    Jaс мислам дека албанскиот капацитет веќе се потроши во прв круг за да се покаже сила. Видов мои фб пријатели Албанци како се сликаат, и објавуваат дека гласале за најдоброто, тоест се знае за Оливер. Тоа е за да ги видат во штаб. Тие веќе гласаа. Во втор круг само може да се повтори тој резултат, не верувам дека Илиевски ќе оди нагоре со бројката на гласови, освен ако нема некое масовно купување. Јас во моја околина знам неколку луѓе кои пред месец дена или утрово ми кажаа дека ќе гласаат за Максим. Никој ништо не им ветил, ниту им наредил, ниту се вработени па да зависат од некого. Чисто слободна волја. Коменарите им се дека бил во право кога барал карантин за Куманово, никој не му одобри, бил во право кога кажал дека државата вложува во Гевгелија, Охрид, ама не и во Куманово, бил во право што не дава да се гради по волја на власта, не веруваат на тие лаги за плацот, знаат дека човекот е поранешен печалбар во Ирак, и нормално дека нема да е како нас обични граѓани, без или со скромен имот. Кога му се обратиле за некаква помош, наишле на пристапност и желба да се помогне. И фактот дека на Каракачанов му го врати орденот го сметаат за отпор и паметна постапка, а не виткање на кичма.
     
  15. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Како прашуваш што?! Паркот од Козле до Капиштец , најубава населба :inlove:
     
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.364
    Пол:
    Женски
    Второпласиран е Билал Касами од Беса .. Во споредба со него , Теута ужива доста поголема поддршка за разлика од Билал , голем дел од Албанците се со години за Дуи , исто како што кај Македонците поголем дел со години се за ВМРО или СДСМ ..

    И секако , за нас Македонците и не менува нешто многу кој од горенаведените ќе победи и ќе биде градоначалник . Само барем нека се ориентира кон опремување и средување на Клиничкиот центар , до толку барем заслужуваме како граѓани , да не доаѓа до нови инциденти и жртви ..
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.232
    Допаѓања:
    1.639
    Ајде малку подетално за шамарите на Љупчо? Како тој и Спасовски ли ги избрале кандидатите за градоначалници?
     
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Женски
    :rofl:

    Ова ко другарка во токсична веза со будала шо истите ствари и ги приредува по којзнае кој пат, па драми,траќање, пцуење па пак ветувања наново симнувања ѕвезди, паѓање на исти па мирење и па наново повторување на исто во зачаран круг јер болест а и ќути може и полошо ( ама ваљда има и подобро бе сис ако поработиш на себе,прифатиш одговорност и се решиш да пресечеш веќе еднаш со будалаштини)Ај шо он е будала и нема да се смени ама па и она исто шо ова му дозволува.
    Јер fool me once shame оn you,fool me twice shame on me беше?Уште и слави и благодарна за премијава и приликата :rofl: Ај миин ај факинг мин више.
    И после народ бил незаинтересиран за гласање|-)
     
    Последна измена: 19 октомври 2021
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    3.844
    Пол:
    Женски
    Јас се имам вработено во државна институција без партиска книшка и искрено се покаав страшно и си заминав. Имаше оглас за еден проект, конкурирав бев на еден тон интервјуа и тестови и толку. По 4 месеци ме викнаа ( Вајда никој друг не се нафати да го работи тоа од партија). Работев 2 години ,заврши тоа што сум рекла дека ќе го сработам, ми пондија нов проект реков не фала и толку беше.
    Ама да повеќето се партиски паразити таму кај што бев,
     
    На Idedemja, LejlaD и Jana06 им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Кога не ги бидува, да се сменат.
    Ама преку глава ни е од едни те исти.
    Во ВМРО има освежување со неколку ликови на кои искрено сметам дека би дале придонес, ама генерално стрите треба да се повлечат.Ги видовме , беа 11 години и доста им е.
    Во СДСМ немаше координација, еден куп лаги и лоши политики, сето тоа си даде резултат.На народот му е преку глава.
    Слаба излезност.
    За што да излегуваат ?
    Пак едни исти да гледаат ??

    Данела ми е симпа, би можела да успее, ама да си направи добар тим околу себе.
    Тимчо е супер лик, разумно збори (од што сме гледале по телевизии,дебати)
    Аце од Ѓорче ми се чини како добро човече, ама оние зад него се стари и излитени, треба да се во сенка за да не почне народ да бега од Аце.
    Добро е што Бутел остана без Валимир, мислам дека кој и да дојде на негово место ќе пркне општината.
    Митко Јанчев во Кавадарци ми е ОК.
    Прилепчанецот од ВМРО многу го сакал народ, некое питомо човече било.

    Да има се даде шанса на помладите.
     
    На Idedemja, xxxУбавотоПајче, GrimTheReaper и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.