Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Локални избори 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 22 јуни 2021.

?

За кандидатот на која политичка партија ќе гласате на локални Избори 2021?

Анкетата е затворена на 22 јуни 2022.
  1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

    97 глас(а)
    35,7%
  2. СДСМ + ДУИ

    38 глас(а)
    14,0%
  3. Независен кандидат

    15 глас(а)
    5,5%
  4. Нема да излезам

    49 глас(а)
    18,0%
  5. Ќе го поништам ливчето

    21 глас(а)
    7,7%
  6. Друго

    18 глас(а)
    6,6%
  7. Левица

    34 глас(а)
    12,5%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.983
    Пол:
    Машки
    Многу мразам релативизирање од типот АМА сите партии имаат вакви.. Да, знаеме дека сите партии имаат вакви дебили, исто така знаеме кај која партија се во најголем број ваквите, согласно со политиките и ставовите што партијата ги промовира. ДПМНЕ е ултра конзервативна партија, сѐ друго што прават е мачкање очи.
     
    На Glowy, oblace1, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Забораја дека правото на абортус ни беше ускратено.
     
    На Amelia, Indiegurl, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    12.619
    Ова ти е пример како функционираат работите. Не оправдувам, ама овие правила на игра се одамна. Ако тие играат нечесно, еве и жената играла нечесно. Бараш членство во партија? Таа се зачленила во двете. Не се некомпетентни. Имаат соодветно образование, само виделе како функционира системот и така постапиле. Некомпетентен е некој кој нема соодветно образование. Од друга страна пак, одвратно е да работиш како продавачка, а треба да бидеш наставничка. Да молиш да те пријават, да земаш пари на рака, кои утре нема да ти донесат повисока пензија. Како старее човек сфаќа дека му треба сериозно работно место.

    И во Србија се собираат по 15 потписи. Вучиќ зема школо од Груевски. Па и тие се надеваат и преговараат за ЕУ.
     
    Последна измена: 22 октомври 2021
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Да, да, баш таква "итроманка" е погоден кадар да ја образова и воспитува младината, готово, ме убеди уште кога спомна Србија, јакиот аргумент и репер.
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    12.619
    Тоа се само изговори и девалвирање на нечие знаење и диплома.
     
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Шутраци кои молат во партија да бидат вработени, не се никаков квалитетен кадар, немаат личен интегритет прво и основно и е жално што такви индивидуи работат со деца и им претставуваат пример евтино да се шитнат. Којзнае какви се други извртени вредности им пренесуваат.
     
    На темјанушка и Idedemja им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    12.619


    Еехх сега. На неколку наставнички порно им излезе во јавност, а ти сметаш дека поседување н а партиска книшка е смртен грев. Наставниците пренесуваа вредности во времето на мајка ми, а денес се пренесува само знаење. Жената не молела, туку едно десетина години била заведена во базите на двете партии. Биле дефицитарни тие кадри, некој заминал во пензија и упалило. Веројатно требала со достоинство да седи дома и да чека мама и тате од пензијата да и купат леб. Што после?

    95 отсто во институции се партиски.
     
    На Nikolina35, Luciferka и Vivienen им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Да бара работа во приватен сектор, а не да им се дудла на партиски хоштаплери.
    Ако те вработи некој, тогаш му должиш услуга.

    Зошто би се врзувале во таков непишан договор?
    И после квичење: Ми бараат да најдам 10 гласачи.
    Абе и да ве легнат ќе ви побараат и ќе ќутите.
     
    На темјанушка, Idedemja и Аргентина * им се допаѓа ова.
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Дај не се прај на три и пол, вредностите човекот ги поприма онаму каде што го поминува времето, и да, партиски вработен професор не е асален пример за учениците.


    Партиските глувци да имаат некакво практично и корисно знаење во животот, би развиле своја идеја, би разработиле некој бизнис, како други луѓе кои се потрудиле никому да не бидат на дугме пред и за време на избори.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    12.619
    Еве јас си работам во приватен сектор. И има моменти кога е тешко, ама пливам, не сум удавена засега. Но, да најде некоја жена работа по 15 - 16 години од дипломирање работа по струка, и тоа случајно затоа што ја имало во две бази, ниту е итроштина, ниту е снаодливост, туку е фаќање за сламка во 5 до 12, години кога веќе во приватен сектор те сметаат за стара. 15-16 години одела по маркети, продавници, бутици, а знаеме платите какви се таму, никакви. Добро е што сакала да работи, оти има илјадници кои седат дома, мрчат, и на 45 години без ден стаж мислат дека некој ќе се трогне од нивната емотивна приказна. За живот си требаат пари. Ако сам не се издржуваш. те издржува некој друг, и не те командува партија, те командуваат мама, тате, сопруг, итн. Оти и тоа го има. Државата ја опљачкаа, професорки снимаат порно, директори се лица кои мастурбираат на интернет со непознати, а она голем грев направила, како не.

    Ако утре отидам и од шега се зачленам во 3 партии, дали тоа ќе ми ја анулира дипломата, искуството итн? Не. Едно ливче хартија во партија не значи дека ништо не знаеш и си некомпетентен.

    И јас сакам да се вработуваат луѓе со знаење, не по партиска или роднинска врска, ама тоа не верувам дека ќе го дочекам да го видам.
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    12.619
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.742
    Допаѓања:
    3.559
    Пол:
    Женски
    Како да некој ако е вработен од партија му се битни овие ствари. Битно му е платата да му легне на сметка на први и да си ќути. Па и да е засегнат ќе ќути, така си сме научени.

    Во моја средина сите шо се шовинисти се партиски членови. Паметните или одамна се отселени или не гласаат. И од сдсм ги има такви шовинисти. Кога беше лгбт протестот го прашувам колегата шо плука по лгбт кога партијата за која гласа ги поддржува. Ми рече битно мене партијата ми помогна кога барав работа, сега сигурно нема да плукам по нив.
    На фејсбук лајка таму на Царовска на парадата ама на кафе друго збори.
    И во двете а и во сите партии има елоквентни луѓе, доктори, инженери, адвокати ... Не се сите амеби, ама ги има од сите партии. Битен е интересот.
     
    Последна измена: 22 октомври 2021
    На Nikolina35, Idedemja, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    12.619
    Така де. Не значи дека ако си член на партија не знаеш ништо, и дека немаш компетенции. Знаење и искуство се стекнува со образование и работа. Сите реформи кои се добри ги направиле учени луѓе кои се дел од партии. Е сега голем дел пијат кафе во работно време, и жално е што способните се малцинство, недоволни за поголеми промени. Имало и кадри од ЛДП во општина на пример, и имале одлични идеи, волја за работа, ама ги кочат сите други од СДСМ, затоа што градоначалникот е од СДСМ. Нивните идеи поминуваат и се прифаќаат, а неговите одвреме навреме.
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Твитов ко дежа- ву ми дојде од пред неколку години кога тие си презедоа власт, ама за жал од пред некој ден е.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm
    Јас не прозборев против партиските членови, туку против тие кои членството го злоупотребуваат за да се вработат или да стекнат привилегии пред останатите граѓани кои не поседуваат партиски книшки. Треба подобро да ги разграничуваш работите. :*

    A како си ти поразлична, обидувајќи се да ја оправдаш типката така што ќе не трогнеш, демек 20 години била нископлатена во бутици, маркети, па кутрата морала преку партија да фати подобро место? Паметен и компетентен човек нема да си дозволи партија да му биде единствен начин за подобриот живот како што го разбира.

    Во овој подфорум се коментираат прашања поврзани со политика, а не семејни проблеми.
    Државата ја опљачка - кој? Тие за кои си гласала којзнае колку пати. ^_^

    И тебе на збор да не треба да ти веруваме дека е таа поарна од изопачените директори и професорки? Иста книшка одбрала како нив со иста цел, на истиот матен начин дошла до работа и самата се става во тој кош. Јас за неа зборувам како за хипотетичка личност, нит ја знам, нит ја познавам ама тој профил на партиски послушници воопшто не ми се допаѓа.

    А ти ќе пукнеш ако не е твојот збор последен, не знам како не ти се смачи да тераш инает. Факт е дека пропагираш опасни, изместени аршини и покорност кон целосно трул естаблишмент. Да беа сите на светов со такви размислувања, прилагодувајќи се на владетелите какви и да се, не е спорно дека се уште ќе се живееше во феудализам, всушност можеби ни робовладетелството не ќе беше напуштено.
     
    На WildMk и Idedemja им се допаѓа ова.
  18. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    И јас така и викав на познаничка кога со диплома од Филолошки работеше во книжарница и пази ваму претешко и било да е продавачка, мислам:fubar: У пратија ја пикнаа библиотекарка и беше во базата на партијата иде у пензија ти следна за наставничка и не ја ставија таму?
    Па утре вакви вредности на мое дете ќе пренесува дека е срамота да работиш и чесно да заработуваш со сопствен труд и знаење во струка поврзана со твоето образование, не само што беше книжарка, помагаше и во врска со книгите што ги печатеа, коректура. Не она ќе пренесува иди у пратија и чекај у ред за вработување, а да не ви пишувам у меѓувреме што се не правеше и кај се не идеше по наредби и у име на пратија, море мрш:puke:
    Убаво пишаа погоре утре, други ден е*ење ќе ви бараат и тоа ќе давате(facepalm)
     
    На WildMk и Аргентина * им се допаѓа ова.
  19. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Извини вака те читам се ама не си во право за жената кутрата со книшка на 45 год. што ја пикнале преку партија у образование. Колку таа ќе биде продуктивна вака ''независна од партија'' таму а и колку уште год. до пензија вака партиски задоена, мотивирано ќе обликува подмладок испран во умот како неа меѓу учениците? 15тина години отприлика така?
    Зошто млада сега дипломирана 22-23 год. да не е вработена зошто учела праведно, има просек и заслужува веднаш да е вработена во образование? За да на 45 год. што веќе не ја бива во приватно како што си навела да работи, ама ќе ја бива на државно да клати врата и зима плата и да и го земе местото и ја уништи сета надеж за фер вработување, живот и иднина и ја поттикне да одлета во странство на тазе дипломиранава како и сите млади што прават ќе ја бива така?
    Заради вакви лоши и партиски присилени политики за вработување, младите веќе ги нема, ова е држава на партиски поданици и веќе пред пензија или пензионирано население, тие ја креираат политиката. Тие им даваат моќ на партиите со моли-коли бутни ме на работа на државно, бидејќи сами или не се способни или немаат знаење и воља да се прекфалификуваат ил ине сакаат да работат на приватно, еве и во свој бизнис и оп преку пратија сакаат како примеров во образование.
    Лош пример даваш со жените погоре тоа само сакав да ти кажам.
     
    Последна измена: 22 октомври 2021
    На Аргентина * и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    12.619
    Мене ми е жал и не го осудувам тие измачени луѓе кои од мака посегнале по книшка. Сите сакаме да работиме по струка, ама сите ја немаат таа среќа. Мене ми е по ок со книшка да влезе ако веќе нема избор, отколку да стигне до 45 години, и да биде без денар во џеб, без ден стаж. Времето е пари. Ако немаш што да му купиш за јадење на детето, нема да мислиш чекај бе партиски војник ќе сум, туку ќе гледаш да се снајдеш. Ако тој поединец чека да се смени нешто, треба да умре без да си работи она за што се школувал. Да работиш надвор од струка 15 години е катастрофа и секако си осакатен. За собирање гласачи, тоа ВМРО тероризира, за СДСМ не сум чула искрено. СДСМ се толку лабави што ни партиски членови не доаѓаат на митинзи и никој не ги ремети. Некој ќе си рече „подобро во 4 години еднаш да собирам сигурни гласачи, отколку секој ден да јадам кнедли и работата да ми виси на конец, и да сум без пари“. Има начин како се собираат гласачи. Еве мој роднина во шумско, фаќа дврокрадци, не ги казнува, и по 4 члена дома, ете ти ги 15 гласачи. На ден на избори само им ѕвони да излезат и толку. Работно време 2 саати дневно. Земање пари под рака секој втор ден, и како вие очекувате дека некој ќе се потепа за работа во приватен сектор или па бизнис, Економијата ни е кревка, а и не сите за бизнисмени.
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.