Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Локални избори 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 22 јуни 2021.

?

За кандидатот на која политичка партија ќе гласате на локални Избори 2021?

Анкетата е затворена на 22 јуни 2022.
  1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

    97 глас(а)
    35,7%
  2. СДСМ + ДУИ

    38 глас(а)
    14,0%
  3. Независен кандидат

    15 глас(а)
    5,5%
  4. Нема да излезам

    49 глас(а)
    18,0%
  5. Ќе го поништам ливчето

    21 глас(а)
    7,7%
  6. Друго

    18 глас(а)
    6,6%
  7. Левица

    34 глас(а)
    12,5%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Ама Оливер Илиевски, луѓе, на Телма ХАХАХАХХАХАХАХА :D:D

    Вакво глупо суштество не сум видела никогаш до сега, во животот!!!

    Абе ПРОФЕСИОНАЛЕН МЕНАЏЕР бил :D
     
    На Sestra :), christinnn, Srckata28 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ама кој рече дека ако е член во партија не знае ништо, не е способен?:^)
    Еве ти си на приватно имаш стаж колку 10тина год. таму и ако се зачлениш за повисоки цели и имаш мудри идеи да помогнеш ок, ако си фер, неискорумпирана ако вредиш и за градоначалничка ќе те гласам.
    Ама ако ти како жениве што ги величаш ми велиш иди во партија земи си книшка да те вработат на државно е тогаш има проблем, тоа сакаме да ти објасниме не треба партија да не вработува, не треба таква моќ на партијата ни народот, ни гласачите, ни Станко, ни Петко, ни Трајанака да им дава.
    Тие не се нешто од кое треба да зависи вработувањето и кариерниот пат на луѓето тука, тие се тука само да го олеснат она што го заслужува секој граѓанин како останатите во секоја нормална, неисполитизирана и развиена земја. А не сега јас да чекам со книшка да станам супер стручно професионална ако не сум и вработена каде што немам компетенции ама партија ме гура и си викам заслужено ми е, ми следи таа работа јер собрав 10-15гласачи. Од ваков систем, нефункционален и негово директно или индиректно поддржување е вака како е и младината ја нема, а и таа што ја има и е способна не сака тука да работи, гледа да си замине каде што овие вредности за кои пишувам се втемелени во скоро секој таму. А не како кај нас иди у пратија одма си на работа и тоа на државно, те бивало или не, што се секираш ќе се најде место, па ако не и дома ќе седиш, а пари ќе зимаш(facepalm)
     
    На Feminka22, WildMk, Аргентина * и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Со ова што го пишуваш директно дури, а еве и индиректно ти лично го поддржуваш овој систем на партизација и политизација при вработувањето. Зошто не ти е жал за таа младата тазе дипломирана 22-23 год. ете и таа може има дете и заслужила да го нахрани, да ја вработат по струка така? Може од разочараност ќе направи нешто лошо, таа нема денар во џеб, оваа 45год. има плата веќе ама сака на државно, по струка стручно се вика тоа де. Немој да играш на карта на емоции,можам и јас така, сепак ова е тема за политика и која ја поддржуваш како исправна, а која не. Ако мислиш дека СДСМ се полабави и фини, гласај си за нив, ама јас, а и другиве гледаме дека им гори под нозе пред 2от круг како муви без глави се растрчани по станови во општиниве и притискаат, ветуваат и така некој ќе се излаже и ќе ги гласа. На крај секој е одговорен за тоа што го прави со своите дела, независно дали не сака или гласа и за кого гласа на крајот.
     
    Последна измена: 22 октомври 2021
    На Feminka22, Аргентина * и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    12.616
    Се согласувам. Како погоди колку стаж имам? Хахха, се шегувам. Нормално дека не треба, ама ако веќе гледаш дека немаш опција, луѓето од мака посегнуваат по книшка. Тој што има врски, влегува веднаш, не по 15 години на трефка.
     
  5. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ако ова е вистина и ти го знаеш и не го пријавуваш никаде тоа е соучешништво, а тој ја злоупотребува службената должност. Еве ќе речеш да пријавам не ме слушаат ама ти ќе пријавиш, другиве што се запознаени со случајот ќе реагираат, еве ги медиумите за што се тука, на крај ќе се расчисти ќе лета како пратал тој ради ова. Ама полесно е на тастатура да се типка, да не се презема ништо да се подобри нешто, ама најважно да се пренесе апел да се гласа и земе книшка за вработување|(
    Некако апеливе особено вториов, ај првиот личен избор си е тоа, ти се за никаде, извини вака што ќе ти кажам, за твое добро ти кажувам, ако сфаќаш да прифатиш и преземеш нешто подобро да направиш со знаењава што ќе ги надоградиш.
    Се што пишуваш ова е погрешно на многу, многу нивоа, жените со книшка, шумаров што не казнува да злоупотребува отпосле, па каде и со кого тоа живеам јас, кој народ не гази, ох па затоа тонеме, пробушуваме дно;(
     
    На WildMk, Аргентина * и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  6. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.229
    Допаѓања:
    1.634
    Рашко избега мислам, или е во притвор или во божемски притвор? Просветлете ме
     
    Последна измена: 22 октомври 2021
  7. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Сериозно жена му од продавачка во драгстор ја вработил во полиција? :^)

    Ако добро разбрав тетин и е на пејачкана Ивона.

    Ги имаше и на МТВ, Максо го праша нека каже зошто е избркан од банката каде работел, дали е како што зборува цело Куманово. Овој се стаписа и ја спомна Банката. :rofl::rofl:
    Среќа го смири водителката и му рече да не споменува имиња на банки. :lol:
     
    Последна измена: 22 октомври 2021
    На Tanjamm, Srckata28 и Leat им се допаѓа ова.
  8. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Јас не сум од Куманово ама поради блиски релации со градот, како и поради природата на мојата професија знам се, па ајде и ќе обелоденам пред сите.

    Хаха сите претпоставки ти се точни.

    Вистина е, неговата сопруга работеше како продавачка во еден маркет кој се наоѓа карши гимназијата во Куманово и после ја вработи како инспектор во полиција. И купи диплома од факултет во Свети Николе на кој воопшто и не беше студентка жената. Инаку и она е тежок хоштаплер. На работно место појма нема што да прави па често може да ја видите во dm како си купува шампончиња за време на работното време.

    Со Ивона "пејачката" е во блиска сродна врска, фамилија се но не и е тетин туку и е вујко. Мајката на Ивона е родена сестра на Оливер, имаат и уште еден брат но тој е овде во Скопје.

    Во банка има работено, да, и беше избркан бидејќи крадеше таму... Замислете, ако со приватна сопственост се однесувал така мртов ладен крадел пари, што ќе прави ако се дограби до небројани пари на граѓаните....

    ДНО!!!

    Ти што би кажала за ваков човек? :D

    ЕДИТ: Бај д веј, еднаш имавме деловна средба со човеков и после седнавме на кафе, он сам кажуваше каков пропалица студент бил, луѓе, не ми се веруваше како се бламираше... Сега на ТВ зборува дека е ПРОФЕСИОНАЛЕН менаџер :D:D
     
    На Feminka22, Nikolina35, темјанушка и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Што би кажале кумановчани "Тежак опнак" :D
     
    На Feminka22, Nikolina35, темјанушка и 2 други им се допаѓа ова.
  10. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Штетата е што сите знаеме што се случува ама молчиме. Имам искусено на своја кожа,јас бев таа младата со 22год ,завршен факултет на време со убав просек, наидов на оглас по струката отидов да аплицирам, и давам документи тогаш. Вработената ги пикна во фиока и ме гледаше како да сум од Марс. Тоа беше некаде 2008 година. После разбрав дека таквите огласи се за одредени луѓе. Се разочарав максимално и си најдов работа во приватен сектор(не чекав со години работа по струка). Е после сплет на околности останав без работа и сега мака мачам исто со овие со купени дипломи со дискриминација во поглед на дали имаш деца, години и слично. Ама нема да се откажам. И нема да молчам. Ако не се борев доволно за себе ќе се борам за моите деца. Да не биде кога ќе дипломираат некој со купени дипломи и партиски врски да им зема работно место без никаква шанса за еднакви можности. Плус, голема грешка е особено во образование што владее таква арогантност и до толку е партизирани што на пример директори, наставници од едната партија иако се покажале и докажале постигнале успех, кога идат други на власт ги менуваат. Значи,тој што го бива треба да се остави без разлика дали е СДСМ, ВМРО ,ДУИ . Тоа е според мене она што не влече назад. Секаде се ставаат луѓе по партиски заслуги а не по општествени. Ама си молчиме, кога нашите родени деца ќе пораснат и ќе ги пакуваат куферите за странство можеби повеќе ќе не боли, ама ќе биде доцна. Извинете на реферат
     
    На Nikolina35, Tanjamm и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  11. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    Нема да ме боли. Ќе бидам среќна што имале повеќе храброст од мајка им за да заминат и да не молчат на угнетувањата од сопствениот народ. Ќе бидам среќна што ќе пробаат да имаат подобри услови.
    Еден тон роднини, пријатели ми се иселени. Најпрвин не ги разбирав а сега и размислувам да им се придружам. Нема смисла ова веќе.
    Се извинувам за офф топик.
     
    На Nikolina35 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    12.616
    Пред неколку години банкарски службеник од Комерцијална во Куманово имаше украдено пари од жена која живее во Данска. Паметам дека банкарот имаше околу 41 година тогаш. Да не е тој случај?
     
  13. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Не во Шпаркасе има работено овој. Тој во Куманово, а брат му во централата во Скопје.
     
    На Tanjamm и Leat им се допаѓа ова.
  14. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Незнаев за жена му, баш се чудев каде е зошто никогаш ја немам видено со него.
    Ова за вработувањето јавно го кажа Максим на националната телевизија, искрено се фрапирав.
    Ама што се чудам кога и тие околу него се слични, некои од нив без ден работно искуство се инспектори.

    Се зачудив колку голем број гласале за него. Срамота е за таква карикатура од човек да гласаш.
    Истото го мислам, ако крадел од работното место несакам да помислам колку ќе украде од буџетот. Бетер од Циц ќе ја задолжи општината. :D

    Таквите луѓе обично немаат срам, наместо да се засрами, тој се кандидира за градоначалник па уште гордо се претставува како УСПЕШЕН МЕНАЏЕР. :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Tanjamm и Leat им се допаѓа ова.
  15. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Да се насмееме малку, што е со насловите? :D:D:D
    IMG_20211023_105814.jpg
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Немам навика да гледам македонска телевизија, а никогаш не сум го гледала Васко Ефтов.
    ... до вечерва.
    Каков шамар им залепи на сите, да не знае чоек од која страна да избега.

    Не дека не знаевме, ама вака да ти го кажат, ептен неубо.
    Уште толку се издепримирав...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Данела Арсовска почесен конзул на Унгарија во Македонија :D
    Бидете така...
     
    На Amelia, Waverly Raven и WildMk им се допаѓа ова.
  18. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.252
    Допаѓања:
    12.181
    Пол:
    Машки
    Сѐ си има некаква улога… :!:

    :rofl::rofl:
     
    На Amelia, Tanjamm и Ahoy им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Како не, случајно е :D
     
    На Amelia и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    12.616
    Jaс го изгледав на ТВ 24. Тотално неубедлив е. Кога ќе почне да зборува, поента не знае која му е. Во еден момент рече „Максим се рекламира сегде, каде и да отвориш на Фб, секаде го има и на билборди и портали. Од кај му пари, тоа се милион евра“. Јас Максим го видов на еден билборд во Куманово кај Серава, ако има и на друга локација да сте виделе, поправете ме. Јас не видов. На фб, може мисли на негов личен профил, на фб, да таму има неколку различни видеа ( ама тие останаа на фб, јас не ги видов на ниту еден тв канал, за тоа треба да се плати, ако си, грешка поправете ме). Тоа што го има по портали, 90% е поради запирањето од полиција и тоа не е платен пиар. Да не го запираа и правеа шоу, немаше да го има по портали. Му направија реклама. Илиевски вели „Од каде му пари, да гради улици кои ги нема во програма, тоа се приватни пари“. Ако гради надвор од програма ок, нека гради, се што се гради е ок ( парите ако не се од општина, може се од некој проект од ЕУ фондови), ама како мисли дека се тоа приватни пари, и чии се тие приватни пари, не кажа на сфатив, немам идеја. Знае ли тој колку чини една улица да направиш, а не 5-6 да градиш. Такви некои алтруисти да има и да даваат пари за улици, јас го сега немам сретнато. Ако е вистина дека крадел од банка, не треба воопшто да биде кандидат.

    За илустрација, еден пиар текст на читаните национални портали чини 50 евра плус ДДВ. Во локални по 1.500, 2.000. денари. Какви милиони зборува човекот.
     
    На curious-doll и Leat им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.