Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Локални избори 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 22 јуни 2021.

?

За кандидатот на која политичка партија ќе гласате на локални Избори 2021?

Анкетата е затворена на 22 јуни 2022.
  1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

    97 глас(а)
    35,7%
  2. СДСМ + ДУИ

    38 глас(а)
    14,0%
  3. Независен кандидат

    15 глас(а)
    5,5%
  4. Нема да излезам

    49 глас(а)
    18,0%
  5. Ќе го поништам ливчето

    21 глас(а)
    7,7%
  6. Друго

    18 глас(а)
    6,6%
  7. Левица

    34 глас(а)
    12,5%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Како баш три дена пред гласање, магично им текна дека имала бугарски пасош. :rofl::rofl::rofl:
     
    На andrejko82, @ceci11 и Leat им се допаѓа ова.
  2. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Премиерот ќерката си ја прати на студии во Софија, а се буни за други...
     
    На @ceci11 и Leat им се допаѓа ова.
  3. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    И ја даваше на Грци за грчки остров...
     
    На Vivienen и Јаневски им се допаѓа ова.
  4. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    Каде виде дека бранам некого?
    До кога со тоа размислување, ако еден напаѓаш по автоматизам си за другиот?

    Речникот...Ке останам воздржана.

    И да факт е дека Груевски не може да биде светец во споредба со никој.
    Не се потресувај, смири страсти. Ке испадне дека си иста како они кои ги вреѓаш, само по твоја логика од другата страна.
     
    На Cookie21 и Ahoy им се допаѓа ова.
  5. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    (facepalm):hai:
     
  6. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.587
    Допаѓања:
    24.968
    Пол:
    Машки
    Шо има врска дали Данела има бугарски пасош или не? Тоа е искрено најмал проблем покрај сите други нејзини проблематични минати дејствија.. Противење за покачување на минимална плата, сомнителни работни места и тн..

    Ама, како што спомнаа и претходно, пресмешно е што на оние на коишто толку многу и пречеше бугарскиот пасош на Гарванлиев и го распнаа, сега си ќутат за Данела, ваљда дека поддржана од ДПМНЕ, Гарванлиев не беше прикриен вмровец :lol:
     
    На Cookie21, Shaya и Ahoy им се допаѓа ова.
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Па и обратно, како сега па на другиве им смета ако имала бугарски пасош. Комедии, трагедии.
     
    На Leat и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  8. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.587
    Допаѓања:
    24.968
    Пол:
    Машки
    Хахаха, не би рекол дека има обратно.. Мене ниту ми сметал бугарскиот на Васил, ниту па на госпоџата :)
    Единствено лошо според мене е тоа што оваа не признава дека има, Васил отворено си кажа - и го распнаа. Требаше да обвинува дека ќе тужи за клевета... :D
     
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Хаха тебе може не ти смета ама на СДС им смета :D. Како може на луѓе што си ја распродадоа државата, историјата, јазикот сега да им смета што имала бугарски пасош. Ко је овде луд :wasntme:.
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  10. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.587
    Допаѓања:
    24.968
    Пол:
    Машки
    СДСМ пробува со глупости да тера негативна кампања оти мисли дека секој просечен ВМРОЊА ќе се напали на тоа што оваа имала бугарски пасош, пошто нели патриоти, мизерен потег ако ме прашуваш мене, на вмровците не им е гајле, половина од нив се во процес за бугарски. Многу поефикасно би било да обелоденат во јавност за што таа порано се залагала, не верувам дека некој со просечни примања и здрав мозок после тоа би ја гласал.
     
    На Cookie21, Tanjamm, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    Како нема обратно?
    Не го истакнуваат пасошот како позитивна работа за Данела.
    Иронија е тоа што тоа го истакнуваат како негативна работа а до вчера бевме 'братски хора и един народ'.
    До вчера не беше проблем, денес е.
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.591
    Допаѓања:
    79.171
    Пол:
    Женски
    Да речеме дека навистина имала бугарско државјанство, пасош, лична карта. Што се палат толку на тоа? ЗЗ беше тој што рече еден народ сме биле со Бугарите. Па ги сака, ги поштува, учебници менуваше да не пишува фашисти дека биле. Братска љубов. :l: И сега му смета некој документ на Данела. Што испадна дека не е точно тоа дека воопшто имала таков документ. Му гори под нозе, ќе побудали во недела. :rofl:
     
    На Harper, Sofronko, Ева33 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    50.520
    Пол:
    Женски
    А најсмешни ми се што личната карта и искочила 2 дена пред кобниот четврток како што го кажуваат Сдсм, кога упаднаа во парламентот.
    Не знам што врска има тоа :D само да лупнат нешто. :D:D:D
     
    На butterfly_mk, Leat, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    59.960
    Пол:
    Женски
    И мене не ми смета ни што едниот ни што другиот имаат, ако воопшто има оваа. Еве и за Васил што сум напишала во темата

    Човек го ценам според тоа колку е способен, а не дали имал или немал некаков си пасош. Сакав "Зелен хуман град" да земат многу повеќе гласови, ама допрва ќе се јачаат и ќе се шират. Исто и Левица допрва ќе стане каде каде појака партија.

    Инаку секако дека сакам да се смени Шилегов, од било кого. Ван памети треба да сум да гласам за суштество што им се смееше на пожарникарите у фаца и дрско им одговараше ич да не ме гласате кога овие молеа за финансиска помош пошо примаат премалку плата. Со башибозук веќе сум навиканата да се носам, ама со таква дрскост, ароганција и надменост не. Ништо ми нема поодвратно од егоцентричен човек со господов комплекс кој со сите кои се под него се однесува како со мивки.

    Смешно и мизерно е ова што го прават сега, како давеник за сламка со нападиве кон Данела. Исто вака Грујо пред да падне не знаеше на кај тера.

    Сеа за локални вака а за парламентарни никогаш нема да ги заборавам Тетово, пожарите и одморите у Грчка, Јавна соба и перењето пари за вакцините. Последни добивме вакцини, стотици животи кошташе тоа.

    Поздрав, би размислила за глас за нив кога ќе се исчисти и последниот човек блиску до господинот З.З.
     
    На Harper, Waverly Raven, Leat и 6 други им се допаѓа ова.
  15. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.587
    Допаѓања:
    24.968
    Пол:
    Машки
    Мизерно и дволично од двете страни.
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  16. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.587
    Допаѓања:
    24.968
    Пол:
    Машки
    upload_2021-10-27_21-17-30.png
    Феминизам :devil:
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    12.614
    Заев продаде многу работи, ама ако Данела има бугарски пасош, а лаже, тогаш е лажга како Заев, Грујо и сите други кои ја уништија оваа земја. Што се фаќате за тоа „ааа не ти сметаше овој вака кога правеше, а оној повеќе продаде“. Во грамови ли ќе мериме кој колкав предавник бил и колку му наштетил на својот народ? И велите „па што и да има“. Таа жена ако поседува бугарски пасош, а лаже, знајте дека тоа понатаму ќе исплива и Бугарите ќе кажуваат дека Скопје е најголем бугарски град после Софија, и дека имате градоначалничка Бугарка. На богата жена како неа зошто и е бугарски пасош? И таа ли немала леб и сметки да плати, како половина Македонци, кои мислат дека име ќе ги рани, де туѓ пасош ќе ги рани и на крај пак гладни, ај уште малку па и гладни во темница. Релативизирање не е решение. Ако во старт лаже, а уште не седнала во фотелја, знајте ќе добиете уште еден „Шилегов“, ама сега во женска фигура. Куманово е валкано да, ама Скопје НЕ треба да е, оти е престолнина, лице на државата, а во и околу чаршијата „врие“ од отпушоци, камени мост исто, и ако кај нас метат метларите во 8 и сите мислат дека е доцна, јас во Скопје сум видела дека метат во 9, додека група туристи излегле и се шетаат. За што дале пари, да го гледаат скопското ѓубре? И на паркингот кај Дрво декор, куп ѓубре. На автобуска исто кеси, отпушоци. Кога одам во Скопје, на плоштад се пазам од кучиња скитници. Глутница кучиња, како да си по селата негде, а не во срцето на Македонија. Колку луѓе беа каснати само, и колега од работа беше каснат. Црно му се пишува и на Скопје, со вакви лажговци.

    Еден член тука го нарече Куманово штала, и сами сме биле криви, сме гласале за СДСМ. Во Куманово од осамостојувањето не ни имало капитален проект од државата. Во Скопје се слеваат сите пари, се таму се гради, и Скопје пак е една канта. Валкано, загадено, гужви, бучно. А гледам другиве градови дека ги управуваа кадри на ВМРО, „процветаа“, ќе згаснат од што немаат народ и основни услови за живот, како автобус, болница, работа, пожарна.
     
    Последна измена: 27 октомври 2021
    На Pea и Cosmi им се допаѓа ова.
  18. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Па сите лажат, како инаку ќе успееат да бидат во политика. Не знам ништо за оваа Данела така да не коментирам. Едно ми е јасно сите се исти...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто не ми се верува што читам после се што имам видено и чуено тука (facepalm) Какви ликови се лепат за фотелји, невозможно.

    Со овие "капацитети", "бистри" и "остроумни" особи, не ме чуди што мк е пропаднат проект од држава. Два грама мозок немаат ни што треба да кажат во јавност, а водат политики и територии... назад во некој минат век и феудализам.
    Понор.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.587
    Допаѓања:
    24.968
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20211028-022022.jpg

    Миа Костова на апаратима :angel:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.