1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Локални избори 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 22 јуни 2021.

?

За кандидатот на која политичка партија ќе гласате на локални Избори 2021?

Анкетата е затворена на 22 јуни 2022.
  1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

    97 глас(а)
    35,7%
  2. СДСМ + ДУИ

    38 глас(а)
    14,0%
  3. Независен кандидат

    15 глас(а)
    5,5%
  4. Нема да излезам

    49 глас(а)
    18,0%
  5. Ќе го поништам ливчето

    21 глас(а)
    7,7%
  6. Друго

    18 глас(а)
    6,6%
  7. Левица

    34 глас(а)
    12,5%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Данела Арсовска ниту има бугарски пасош, ниту има потреба од бугарски пасош. Зошто се замарате со евтини спинови? Плус, кое дно го допреа да и лепат етикети дека имала швалер (се асоцираше на Сеад Кочан). Жена образована на Оксфорд, член на светски организации во сферата на економија, бизнис, претприемаштво. Сопственик на сопствена фирма и бизнис. Што ќе и е бугарски пасош? Да вози камион во Германија? Или да работи како медицинска сестра? Мислам, дај ве молам. Глупости невидени.

    Инаку, излезе новата анкета сработена од еминентна европска агенција Euro Elects (имаат 120.000 следбеници на Твитер и своја веб страна).

    FCkOgN5XoAQmwPh.jpg
     
    На supergirlmb, Ева33, BlackNight и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Богдановиќ - СРПЧЕ, се венчаше на Косово во присуство на Зоран Вранишковски, т.е. инфилтрирана српска црква во Македонија која го негира нашиот македонски идентитет и правото на самостојна Македонска православна црква. Да, не е исто. За СРПЧЕ се молчеше, за бугарофилот Љубчо Георгиевски се молчеше (партнер во владата на СДСМ и Заев), за таткото на Никола Димитров апла бугарофил се молчеше и ред други истакнати членови на СДСМ.
     
    На Zaljubena26 и Leat им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Ваков само-уништувачки народ мислам дека нигде на планетава нема. Мизерија, беда, ниско интелигентни постоења.
    Конечно на политичката сцена глас пуштија трети опции - партии,
    Ама сдсм и вемеро малку ве **** па трчате по уште.
    Мизогена багросана популација.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Изборот помеѓу СДС и ДПНЕ, е избор помеѓу СДС и СДС лајт.
    ДПНЕ не е Внатрешна Македонска Револуционерна Организација и ќе го вратат името, колку што го вратија знамето сиве овие години, колку што го конфискуваа украдениот имот со криминалната приватизација на државни фирми и колку што било кој од овие анти-македонски опортунисти го пратија затвор да лежи.
    На нас, македонците, ни е потребна вистинска десна опција, ако сакаме да имаме држава, јазик, етнички идентитет и човекови права.

    Се надевам дека сум во грешка и дека за некој ден, барем ќе почнат првенствено со тргање на таблите Северна од општините, но времето ќе покаже дека на жалост, сум во право.
     
    На Ева33, Tanjamm и Amelia им се допаѓа ова.
  5. butterfly_mk

    butterfly_mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    349
    Пол:
    Женски
    Северна е реалност, тоа требаше да се спречи пред 2017 кога Грујо ви викаше да не гласате за СДС и да не залетувате по револуции. Кој жив ќе го врати името сега кога сите што ќе дојдат на власт би биле тенко мнознинство, не верувам некој да има 80+ пратеници. И во моментов единствена партија е баш ДПМНЕ која колку толку ќе го слуша гласот на Македонецот. Машинеријата на партијата е низ цела Македонија, нема село и нема град кај што не е присутна партијата, наспроти квази партии како Левица што се засноваат на плукање на ДПМНЕ за да преземат троа гласови за да се ситни гласот на Македонецот... И што уште ли десни партии требат? Малце се тие еден куп што ги има и какво фајде? 50к гласови акумулираат редовно тоа се 10 пратеници на штета на Македонците. Доста е со ситенње, дај да се освестиме еднаш дека ситнење на нам како Македонци не ни оди во прилог.
     
    Последна измена: 28 октомври 2021
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.947
    Допаѓања:
    12.612
    Читај ја „Тоа сум јас“, автобиографска книга на Љупчо Георгиевски. Таму кажува дека пола Влада, не само Доста Димовска, била бугарофилска и сме немале опасност од Бугарија. Србите ни дадоа вакцини, а не мораа, и Србите ни спасија 2-3 села во пожарите, први дојдоа на помош, а не мораа. Ние сме тие без став, кои го признавме Косово, а косовски паравојски ни ја разбија државата. Мене не ми е исто. Заев го нарече Вучиќ националист, а потоа се сликаше со Харадинај и жена му. На што личи тоа? Вучиќ сам рече дека сакаат да градат пријателски односи, а не како некои да тврдат дека нашиот јазик е нивни. Во Куманово многу Срби велат „Јас сум Македонец со српско потекло, и во Македонија сите сме Македонци“, или „Презимето ми е српско, ама јас живеам во Македонија, не ми е проблем да ме пишеш Македонец“. Србите кои јас ги знам се венчаваат и крштеваат во МПЦ, а кај Вранишковски не сум видела некој да оди во неговата црква. На гласањето во бугарската амбасада, гласаа 500 Бугари, тоа се навистина Бугари, не оние лажни. Што изгласаа? Победи радикалот Каракачанов. Дури на вести ги гледав, од тројца анкетирани, двајца кажаа дека биле малтретирани, требало тоа да се смени, немале права, биле под закани.
     
  7. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    50.520
    Пол:
    Женски
    Овие па сега и за маж и истражувале и тој имал бугарско државјанство. :D
    Ова е веќе бетер и од детска игра, за жалење се.
    Им гори под нозе па сега клеветат нешто.
     
    На Leat, Luciferka и venus♡ им се допаѓа ова.
  8. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Очајот на СДС. :sun:
     
    На @ceci11, Leat и Luciferka им се допаѓа ова.
  9. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Дури и да има Данела Арсовска државјанство на Бугарија не е воопшто страшно како што СДС тоа го претставува. Сите знаеме дека нашиот премиер е Бугар па ништо не му преречуваме, Но најстрашно е што кажуваат лаги за лице што нема бугарска лична карта за разлика од половината функционери на СДС.
    Еве јас ќе кажам искрено имам бугарско државјанство и не се срамам од тоа бидејќи не го имам бидејќи се чувствувам како Бугарка туку заради тоа на власт што имаме партија како СДС и немаме никаква сигурност во социо економските процеси и живееме во држава која може секој ден да ја снема со вакво владеење.
     
    На Lejdimor, @ceci11, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Го продаваат газот 5 години на Албанци, Грци и на сите по ред па сега ви засмата Бугарка кандидатка. Самите Бугари изјавија дека врска си немаат глупостите ама ај така нека ви биде. Брзо го заборавивте едното опшЧество за сите на сељакот.
     
    На @ceci11, Luciferka, Vivienen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Ајде сте се фатиле за Даниела, еве и Заев е со Бугарски документи и плус:
    IMG_20211028_191653.jpg
    IMG_20211028_191712.jpg
    IMG_20211028_191734.jpg
     
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.394
    Допаѓања:
    59.953
    Пол:
    Женски
    Да ќутеа и да траеја помалку штета ќе си направеа него со негативнава кампања. Каков крај човече, како на филм. Со кој памет, кој ли стоеше зад генијалната идеја за оцрнување на Данела и тоа со бугарски пасош од истата партија што до некни се улизуваше на Бугарија.

    Леле што ќе ми биде мило да ни акнат сега некое јако вето заради клевета и билборди дека немало да дозволат Скопје да го води бугарски кмет... Го има секое легитимно право Бугарија.

    Ова некој со 2 мозочни клетки го има смислено, нема друго објаснување. Сами себеси се убија буквално, туго мори мајко.
     
    На Harper, Ева33, Sofronko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    Такви им се кадрите, факинг Коста Петров им беше PR. Све е удрено со мокар чорап.
     
    На темјанушка и KateKane им се допаѓа ова.
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.394
    Допаѓања:
    59.953
    Пол:
    Женски
    Уште не можам да бидам паметна дека сдсм, партија што ја имаше сета интелектуална фела зад себеси, секој млад и перспективен човек кој беше спремен и за револуции и за све стигна да изгуби од вмро на Мицкоски бе, од најслабото вмро во историјата на таа партија.

    Не дека ми е гајле мене, си работам приватно без ничија помош туку мајндфак ми е све што се дешава. Ко во епизода на Твајлат зоун се осеќам :D
     
    На Glowy и Celltica им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    Такоџе. Да не речам сеир им мавам на глупоќата на сите.
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Шилегов и З.З не знаат веќе што лупетаат, тотално се погубени. Колку била слатка фотелјата, мхм, мхмм.
     
    Последна измена: 28 октомври 2021
    На Harper, prominent, Sofronko и 5 други им се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.202
    Допаѓања:
    111.849
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека најмногу гласови изгубија кога заев не ја прифати оставката на филипче. Како капак им беше на луѓето мислам:|
     
    На Harper, темјанушка, prominent и 6 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.336
    Допаѓања:
    249.353
    Колку продадени луѓе за власт, кои можеа да бидат трета опција на некои наредни избори.
    Уште се крстете на Левица?
    Или оние кои не сакаа да гласат за Сдсм, гласаа за ЛДП, ама овие се договараат со Вмро.
    А изгледаше ко да има надеж.
    Е така. И после немој да плачете, оти сами си одбираме.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    На З.З ли вие се крстите :D.
     
    На christinnn, diff, Ева33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.947
    Допаѓања:
    12.612
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.