1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Локални избори 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 22 јуни 2021.

?

За кандидатот на која политичка партија ќе гласате на локални Избори 2021?

Анкетата е затворена на 22 јуни 2022.
  1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

    97 глас(а)
    35,7%
  2. СДСМ + ДУИ

    38 глас(а)
    14,0%
  3. Независен кандидат

    15 глас(а)
    5,5%
  4. Нема да излезам

    49 глас(а)
    18,0%
  5. Ќе го поништам ливчето

    21 глас(а)
    7,7%
  6. Друго

    18 глас(а)
    6,6%
  7. Левица

    34 глас(а)
    12,5%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.529
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Кумановчани,драги сограѓани. Да излеземе денес и да гласаме за Максим Димитриевски. Да докажеме дека ние сме силата дека од нас зависи сѐ. Да му вратиме на Заев за тоа што го измени името на нашата татковина.
     
    На Idedemja, Tanjamm, Luciferka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    Има проблеми со фингер принтовите?
    Да си го организирам времето барем.
     
  3. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    На diff, IRBBB и Mnik им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.893
    Допаѓања:
    132.606
    Немаат свое мислење се што им е напишано веќе го има на ФБ на твитер... Насекаде

    И сега лаење данИела била казнета за крадење струја ама татко му на Заев си го ќутат.

    Бомби само за ВМРО имаше, оти ВМРО снимале :)))) а Заев само ќерка му блокче кога барала пари.
    Интелектуалци бе хахаха. Зошто ја донесе Катица, Мила и ременска први другари со Боки, Зоран го продаде името, бутнаа власт за да бидат полоши од таа власт.

    Не се ВМРО сјајни, ама СДС се таква беда што секој што ги гласа го сметам за нездраво разумен.

    И пази, не викаат гласајте за Шилегов 4 година ни градов го оправи, они уште со бмби се занимаваат од пред 6 години.
    Да работеше Шилегов, немаше да имаате потреба да се вадите на бомбите. Шилегов никаде го нема, ќути.

    А на Заев никој жар на меот не му стави да вика ако изгуби Шилегов си давам оставка.
    Среќа не требаше у опшесвово да даде оставка.

    На изборите нема да тепа ВМРО оти се јаки, туку оти СДс е најлошото нешто што му се случи на градов и на државава. Пола СДс денеска не излезе да гласа заради Заев - скопското крило едвај чека оставка, Шеќеринска ги има сите у заби. После оваа вечер, кај нив ќе е забавно, целосна промена.

    И ме чуди што има феминистки што би гласале за некој чиј лидер и викал на ќерка му не оди на медицина има многу за учење, женско си треба деца д а чуваш. Не ве вреѓа тој да ви е лидер?!?!
     
    На Idedemja, orevokrsacka, Guns N` Roses и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    Исто како што тебе не те вреѓа да ги браниш боите на партија што го забрани абортусот.
    Овој на ќерка му викал, па на крај краеви ќерка му е, ќе и вика што сака, гајле ми е они што си викаат по дома. А овие забранија на СИТЕ жени, запечатувајќи туѓи судбини и животи за навек.
     
    На Amellie13, Cookie21, buba4e89 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.893
    Допаѓања:
    132.606
    Каква лага?! Не беше забранет абортусот, туку да не може без согласност од комисија да убие дете од 6 месеци. До три месеци немаше проблем. Ама дете оформено на 6 месеци се убива со игла у главата на бебето, па се фаќа со природен пораѓај. Е тоа беше со комисија.
    Доста лажете.
    СДс е дно од муртинска партија. И буч беше поасален од оваа гнида. Денеска луѓето не гласаат за, сите гласаат против најстрашното нешто у Македонија. Нештото што го подаде името. Идентитетот. А ништо арно не направи.
    Денеска никоја партија нема да победи, само народот ќе се спаси од СДССМ
     
    На diff, Idedemja, Vivienen и 6 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.335
    Допаѓања:
    249.331
    Чка цепки си.
    Најлошото за вас, оти ви се сопреа многуте места за дрпање пари.
    Никој ама баш никој не негира дека Сдсм ја оправда довербата, дека не беше катастрофа, ама дај малку доста со драмата, и не ги споредувај со Вмро, оти нема споредба.
    Уште сега се пресметуваат со неистомисленици, се закануваат. Тоа во Сдсм го нема. Сега ќе видеме што е слобода.
    Да, Заев е виновен што дозволи Вмро да се врати.

    Инаку и мене татко ми со сличен муабет за медицината, што и држи место, дека сепак немаш баш време ни за деца ни за маж. Медицината бара многу жртви и откажувања.
    И што ако ми го кажа ова, пак е најгордиот татко на светот.
    Драми бе, драми.
     
    На Cookie21, Feminka22, staycalm и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    Драма, драма, драма... Детето се убивало со игла во глава... Не знаеш кај одиш, кај тераш. Не, не се убива така, ама нека ти е. Ни си прочитала, ни знаеш, така си тропаш колку за да додадеш што е можно потрагична нота на она што го пишуваш.

    И не дека не е трагичен абортусот, ама мајчинството е ексклузивно право на жената, на бројот на деца, доколку таа сака. Тоа не е работа на судии, попови, оџи, лекари, а најмалку на политиката да одлучува за ова право на жената. Задача на државата е да обезбеди услови тоа право жената да си го добие, да обезбеди институции и експертиза за тоа квалитетно и стручно да се заврши. Останатото е лична работа и на совест на поединецот.

    И да, се додека народот овде гласа така како што опишуваш ти, ќе си лае на парталот, со броени ситни пари во џебот којзнае дали доволни и за до 15ти во месецот и само непотребно отруен од политика.
     
    На diff, Idedemja, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.952
    Пол:
    Женски
    Види, ниедна партија не е на страната на жената. Апсолутно никој не дојде со нас на протест за јавна соба, ниедна политичарка не се заангажира да го разјасни случајот и да застане на страната на нас обичните жени, ниедна не застана во одбрана на девојчето што со камера имаа снимено кај што го тепаат, ниедна политичарка не се ангажира за поголеми плати, закони за казни доколку работодавец те препрашува дали си мажена или не како у Скандинавија што е.

    Ниедна не даде програм за да се отворат центри за жени - жртви од насилство, ниедна нема за финансиска помош на разведени жени, субвенции некакви, ништо.

    Се појавуваат само како кокошки на 8ми Март троа да истропаат нешто и толку, у зимски сон цела наредна година.

    Ниедна, апсолутно НИЕДНА партија не е на страна од жената.
    Ни вмро, ни сдсм.
     
    На Mantub, Kanya, Harper и 27 други им се допаѓа ова.
  10. 999

    999 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    vcera citav edna vriese na fb i prasuvase koj ja prijavil da glasa za vcera i od kade im toa pravo (ne bila vo izolacija)
    zvonel nekoj od sds i i rekol ke ti dojdat doma sega da glasas i stvarno i otisle doma i morala da gi glasa
    se bunese deka ne glasa nikogas za nikoj i prasuvase koj smee da ja prijavi da glasa vcera
    i sto ispaga ova ne sakas da glasas ama nie ke ti gi pratime doma i ke glasas
     
  11. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    Е тука ќе ми извиниш ама во секоја партија го има, само не си била од друга партија за да осетиш.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.893
    Допаѓања:
    132.606
    Живи луѓе има да јадеме!!! - ја праќа мајка ми во Психијатриска БАРДОВЦИ и и вика директорот ај па да не се вратиш. Два обид за убиство на работно место оти била вмро. На друг кажуј му за психопатите у СДС.
     
    Последна измена: 31 октомври 2021
    На Guns N` Roses, Luciferka и Mnik им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.335
    Допаѓања:
    249.331
    И зошто тогаш гласате за помалото зло?
    Те читав претходно.
    Јас сум Кате одбележана, етикирана, доколку победи Вмро, не знаеш што се ми следува, ама да бев во Мк, немаше да гласам за ниедна од овие партии. Немаше по секоја цена да гласам за Сдсм и да бирам помало зло.
    А вие сите бирате и гласате против. Е затоа нема подмрднување.
    Имавте добар кандидат во Ск, се гласа за Данела.
    Толку од третата опција.
     
    На ForeverYoung и Ahoy им се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    Не можеш да бидеш повеќе во право.
    Не ни реков дека некоја од овие две партии чини. И двете го пробушија дното многу одамна. Политиката на едната ја почувствував и на сопствен грб, било и не поновило се. Скроз исто играат и другите.

    Примерот со абортусот беше само една споредба со тоа што Заев и викал дома на ќерка си. Ако знаеме сите кој што си вика по дома, нема да ни биде добро и тоа е факт. Ама мене тоа што ти дома и викаш на мајка ти на пример, не ме афектира на никаков начин, додека вакви глобални одлуки не тангираат сите.
     
    На mal.ecka и violetblue им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.335
    Допаѓања:
    249.331
    Чка, истакнати членови на Вмро, кои јавно пишуваа против функционери, не беа ни подмрднати. Ова е причина зошто членството е налутено.
    Напротив и се наградени.
    Зимаат решенија, се унапредуваат, се стават во одбори итн.
    Не се направи ни ревизија на работењето, немој да не бидат навредени.
    И сега членството седи дома. Епа ќе седи кога повеќе грижа се водеше за вмровците.
     
    На Cookie21, staycalm и Ahoy им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.447
    Допаѓања:
    165.457
    Пол:
    Женски
    Прв круг не излегов.
    Втор круг си реков ајде.

    Уште не сум задоволна со било кој. За *** не ги бива. И боли. Ја сакам државата. Си го сакам градот. Тое.
     
    На Guns N` Roses, Feminka22 и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  17. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    50.520
    Пол:
    Женски
    Ќе одам да гласам денес, да го поништам ливчето.
    Не ми се гласа за никој, ни тие ни тие не ги сакам.
    Ама важно и од двете партии се утепаа кажувајќи ми да гласам за нив. :D
    Нека завршат и деф, ми здосадија веќе.
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Како е можно некој да ги брани СДСМ и ВМРО??? Како?
    Олоши се сите.
    На локални избори абортуси расправате.
     
    На IRBBB, buba4e89, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Татко ми работеше во висока државна институција и можам слободно да кажам дека има седено и со едните и со другите на маса.
    Исто така беше десна рака и со едни и со други.
    Ниту едни ниту други не му подметнаа убиство или сопки.

    Немие јасно како ви се јавуваат од партииве од каде ваш број?
    Ниту еден не познавам во околинава да му се имаат јавено.
     
    На Feminka22 и violetblue им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Кога е Вмро на власт нивните гласачи се секаде и во сè привилегирани, недопирливи и уживаат и се смеат додека сите кои не се согласуваат со нив, независно која партија се малтретирани. Чист пример се двата напади во собранието каде додека пратениците од целата опозиција се малтретирани, влечени, додека тие се борат за живот (тука имаше и новинари, не само пратеници), овие од позицијата си се смеат, седат во столче и гледаат, без да помрднат прст.
    Е кога не е вмро на власт, сè им пречи затоа што кога се на власт во стаклено звоно се.

    Во време на СДСМ сите се еднакви, никаде нивните поддржувачи не биле привилегирани, а другиве омаловажени. Никаде. Напротив.

    Партиски вработувања имаше и тогаш има и сега, тоа е факт. Ама партиски отпуштања сега нема освен ако не си без решение, во тоа време летаа квалификувани кадри со решенија од работа само затоа што не се согласиле да заокружат на избори за вмро. И тоа е факт.
     
    На Cookie21, mal.ecka, staycalm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.