Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Локални избори 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 22 јуни 2021.

?

За кандидатот на која политичка партија ќе гласате на локални Избори 2021?

Анкетата е затворена на 22 јуни 2022.
  1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

    97 глас(а)
    35,7%
  2. СДСМ + ДУИ

    38 глас(а)
    14,0%
  3. Независен кандидат

    15 глас(а)
    5,5%
  4. Нема да излезам

    49 глас(а)
    18,0%
  5. Ќе го поништам ливчето

    21 глас(а)
    7,7%
  6. Друго

    18 глас(а)
    6,6%
  7. Левица

    34 глас(а)
    12,5%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.598
    Допаѓања:
    15.932
    Пол:
    Машки
    Од каде до каде стигнваме во овие 30 години да вакви будалетинки водат политика (facepalm)
    Шоу на кандидатот на ТМРО за Охрид во студиото на ТВ 24 - ги посипа конкурентите со вегета пред камери (ВИДЕО)
    goce-cvetkovski-1-696x426.jpg sdafsadf.jpg
    2021-10-01_004305.jpg


    Вистинско шоу во студиото на ТВ24 вечерва направи кандидатот на ТМОРО за градоначалник на Охрид, Гоце Цветковски кој беше дел од предизборната дебата во која учествуваа и неговите противкандидати од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
    Цветковски кој во поголемиот дел од дебата преку себе носеше знаме со сонцето од Кутлеш и маица на која пишуваше „Север на мајка ти“ во еден момент извади вегета и им ја даде на противкандидатите порачувајќи им да замезат со парите што ги лапаат.
    Погледнете го овој исечок од емисијата.

    https://www.facebook.com/watch/?ref=external&v=720968368863879

     
    Последна измена: 1 октомври 2021
  2. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.505
    ^
    Каков ѕвер хахахахахаххх:rofl:(facepalm)
    И после се лутат кога им прават скечови и смешни клипови, а самите “се фрлаат во оган“. Веќе не се безбедни ни во студио да ги викнеш. Ќе им текне нож и вилушка ќе извадат за “мезето“. Бог да чува!
    Не гласам за ниту една партија и сум неопределен / независен граѓанин на државава, ама сепак сум граѓанин. И ова воопто не ми се бендисува. Вакво однесување не личи на ништо, а камоли на некој кој треба да се претставува себе си, својот и ставот на партијата и тоа на јавна телевизија.
    Ниско, нискооо|(
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    642
    Пол:
    Машки
    Која мизерија сме....
    Јас кога би се прашувал би го сменил законот за да не може секоја будала да се кандидира за градоначалник. Имаме градоначалници со осмо одделение, па што очекувате од нив...
    Има советници исто такви со едвај завршено основно образование, што тие ќе советуваат???
    И сакаме да одиме напред епа никад нема да мрднеме!
    Наместо градоначалниците да бидат со нај високо можно образование, прошетани, начитани, докажани полни со идеи а советниците експерти во некои области на пример сообраќај, енергетика итн итн, па дури и странски советници, ние имаме пијаници, неписмени, заостанати и сѐ нај мизерно.
    Исто сум против докториве што се мешаат во политика и би требало да им се забрани тоа
     
    На темјанушка, cresa-jagoda, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Не можам да се соземам од смеење. :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Ова е само слика на политиката во мкд. (poolparty)
     
  5. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.505
    Изгледа не им требаат гласови од постарите студенти на кои нема да им ја покачат стипендијата, штом ја покачуваат само на новите апликанти. Смешни се. Ама, очигледно е така.
    Барем пред избори да не правеа ваков дискриминирачки потег..
     
  6. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.598
    Допаѓања:
    15.932
    Пол:
    Машки
    И после први на анкетите, е први :D
    О.Г.А.Н. штанца анкети секој ден, а во седиштето нема никој и се вејат пелени
    5g4hf.jpg
     
    Последна измена: 2 октомври 2021
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Thalia.Boo

    Thalia.Boo Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2021
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Дали некој од тука е член на избирачки одбор за избори?
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Јас годинава не гласам за никој.
    Имав у план да гласам за една партија, ама и они ме разочараа и не вреди.Ќе одам ќе си го шкртнам ливчето.Кога ќе прекинат да лажат сите може и ќе гласам за некој.
    Буквално тотално ми е гајле кој е дојде на власт, и кој што обеќава.Пошто се знае дека во предизборна кампања сите се` ветуваат и после дали 30-50% ќе исполнат од ветеното.Затоа баш ме заболе.
     
    На cresa-jagoda, *Лаванда* и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  9. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.818
    Допаѓања:
    3.884
    Пол:
    Женски
    Најдобра опција е да се излезе на изборите макар и со поништување, само да не се седи дома!
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Луѓе и Левица ја има во анкетата, гласајте :)
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Treba da se glasa, ama nema za koj. Antipatichni mi se site alternativi.
     
    На elimkd, Снегулк@23 и Ева33 им се допаѓа ова.
  12. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.818
    Допаѓања:
    3.884
    Пол:
    Женски
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Antipaticni ti se tie dve partii sto cel zivot se forsiraat. Ima mnogu drugi dobri kandidati sto se imaat prijaveno ama za zal ne gi znaeme i ne im se dava mediumski prostor.
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.077
    Допаѓања:
    12.819
    Колку и да се лоши понудите, јас сепак мислам дека може да се избере за кој да се гласа. Еве како јас одлучив. На листата на СДСМ носител е жена која секогаш е скоцкана од глава до пети, нашминкана, со години работи во администрација, ама не направила ништо за општо добро. На таа листа има и една девојка чии роднини се припадници на УЧК, колку што јас знам, и кои пред некоја година извршија пресметка, убиство, Албанец уби Албанец. Тие отпаѓаат. На листата на ВМРО носител е жена која беше притворана за 27 - ми април оти како вработена во Собранието давала насоки каде да одат тепачите, во која просторија да влезат. Таа си се спаси, а другите скапуваат во затвор затоа што партијата ги изманипулира и остави на цедило. Нема да ги гласам и нив. Листата на Максим ја предводи една скромна и ок жена, учителка. Не сум чула лош муабет за неа. Плус на таа листа видов и една добра докторка, и еден добар спортист, и директорката на библиотеката која е ок и внесе некои мали, но убави промени во работењето ( јас сум чест посетител, па знам). Епа мојот глас оди за нив.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.800
    Пол:
    Женски
    Колку го слушав Бени и го сакав како пејач се' додека не се пикна во политика. Сега ми е страшно антипатичен.
     
    На Tanjamm, Guns N` Roses и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.750
    Допаѓања:
    16.465
    Пол:
    Женски
    Истоо
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    И јас би играла така. Мислам дека за тој град Максим е единствениот добар но да не се лажеме неговите советници се катастрофа!

    На советничка листа е 20-годишен другар на син му што е лакрдија бидејќи е ставен високо на листата пред луѓе со кариера кои имаат 50 години, на листа е ставен и Спејко :D кој се бламираше по некои реални шоуа и изиграваше кловн, а е без професија. Што ќе советува он?
    Тука е и еден професор во основно училиште кој во рамки на школото пред своите ученици се швалерисуваше со мажена учителка со дете, и направи второ дете и не се земаа. Се тепаа низ училиштето како мрднати, а неговата сопруга проба да изврши самоубиство заради ваквите негови глупости.
    На таа листа е и директорката на училиштето каде овие двајца швалери правеа глупости и им беа пример на учениците и не презема ништо!

    Дали тоа ти личат на луѓе кои можат да дадат било каков совет?
    Во совет треба луѓе со памет во глава, не луѓе што својот живот не знаат да си го средат па ќе советуваат други! Бог да чува!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Поента во гласање гледам единствено за да се казни моменталната власт и да се придонесе кон нејзина поскора смена, инаку ни од останатите нема фајде и ништо посебно добро не може да се очекува. Што раја ќе беше, ко Диоген дење со фенер нормален човек да бараш.
     
    На Снегулк@23, Bezimenka90 и Leat им се допаѓа ова.
  19. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Кога зборуваме за Куманово, претходниот состав на советници дел се со вечерна школа, дел се со одвај средно, мамини и татини деца. Тие учените што трчаа се вработени како чистачи, во водовод или наплаќаат карти за паркинг. Буџетот на општината се троши по кафеани, ретко кој плаќа, сите потпишуваат сметки.
    После државата не давала пари за да се среди градот, не е точно, парите ги изедоа и испија.
    За СДС никогаш не сум гласала нити ќе гласам од причина што држсвата во нивното владеење секогаш била понижена и упропастена, не дека од ВМРО не е ама овие сито и решето прават.
    Незнам каква е ситуацијата сега и дали се пополнуваат уште листови со гласачи по институциите, но минатите избори сите што сакаа да се вработат и да ги задржат своите работни места мораа да обезбедат што повеќе гласачи, им се земаше матичниот број, име презиме на граѓанинот и автоматски СДС пушта глас за себе, колку потпишани имаше на тие листови толку наместени гласови имаше за сегашниот премиер.
    Јас би гласала за ВМРО на локалните, да видиме какво би било нивното владеење за прв пат. Максим доволно направи за градот но и тргна по стапките на Циц, со мито и рекет и станче во по некоја ново изградена зграда.
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    @Vivienen Полошо од СДСМ во општината нема!
    Бедници вработени за 15 000 слепо ги гласаат ама и многу местат избори и ги добиваат преку оние што најмногу ги манипулираат- Средорек.

    Максим ако толку е за партијата, а не за себе ќе го отстапеше мандатот годинава меѓутоа и тој многу се расипа и дебело се богати иако глуми скромен, особено во градежниот сектор, краде па краде!

    Кандидатот на СДСМ ич нема да го коментирам. ЛУЃЕ, ЧОВЕКОТ РАБОТЕШЕ ВО БАНКА, ЕЈ, И ТАМУ КРАДЕШЕ и го избркаа! Па може да замислите што ќе прави со пари од буџетот....Тоа што е тотално неписмен, потрчко на Спасовски и не знае уста да отвори на дебати туку муца, ич нема да коментирам.

    И двете страни само меѓусебно топката си ја префрлаат и ВИКААТ ВО КУМАНОВО НЕМА УЛИЦИ, НЕМА БОЛНИЦИ, НЕМА ГРАДИНКИ, НА ШТО ЛИЧИ КУМАНОВО?
    Па брат, на власт сте 30 години вие, вие сте виновни што нема, што плукате по себе? Кретени тешки... Поселска партија, здравје.

    ЕДИТ: Тони Михајловски е најнормален избор на овие избори. Човек-патриот и со изградена кариера, еден од најплодните актери кај нас. Па на крај и да краде, смени го по 4 години ама бар да не ти е толку криво, не заработил нешто многу од актерството, а придонел за нашата култура, овие двајца упропастија све, цел живот лапаат по општини и државни институции и уште сакаат, малку им е...
     
    Последна измена: 11 октомври 2021
    На Vivienen и Dame30 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.