1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Локални избори 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 22 јуни 2021.

?

За кандидатот на која политичка партија ќе гласате на локални Избори 2021?

Анкетата е затворена на 22 јуни 2022.
  1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

    97 глас(а)
    35,7%
  2. СДСМ + ДУИ

    38 глас(а)
    14,0%
  3. Независен кандидат

    15 глас(а)
    5,5%
  4. Нема да излезам

    49 глас(а)
    18,0%
  5. Ќе го поништам ливчето

    21 глас(а)
    7,7%
  6. Друго

    18 глас(а)
    6,6%
  7. Левица

    34 глас(а)
    12,5%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. empoli

    empoli Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Јас спомнав кои ликови ми се ок и сметам дека заслужуваат да добијат глас. Не сметам дека местото на Спејко е таму. Инаку, тие не даваат никаков совет, туку се дел од совет каде се гласаат буџети, се врши ребаланс, се предлагаат амандмани во кое населено место што да се направи, и ако имаат мнозинство тоа се прифаќа, ако не, колку и да е предлогот добар, верувај не поминува. Не советуваат никого за ништо, само така е називот. Мене ми е ок носителката Ивана, доктор Јадранка Стаменковска, Христина Алексовска, директорката на библиотеката итн. Тие неколку имиња придонесоа да се одлучам.
     
  3. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Јас знам што е улогата на советниците и како стојат работите во институциите :)

    Метафорички го кажав тоа советуваат. Со други зборови, на вакви луѓе местото не им е во совет или во било каква повисока државна установа. Немаат трошка морал во приватниот живот, кога за нивните најблиски се работи, не ги извршуваат соодветно ниту професиите коишто сега ги имаат, а ни ги ставиле да ги гласаме за повеќе..

    Брука сме!

    Меѓутоа изборот е тој па те разбирам зошто си се одлучила гласот да го дадеш таму.
    На крајот, само СДС да се тргнат, полошо од тоа нема, 30 години ништо не е направено и тоа што постоеше го упропастувале...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Јас сфаќам дека СДСМ се катастрофа, ама па за ВМРО ли ќе гласате? Изгледа меморија на златна рипка ќе да имате.
    Ако сакате промени, зошто не би дале глас за кандидатите вон овие две партии кои со години не утепуваат.
    Ако не вмро, тогаш сдсм и обратно.
    Не ви дојде малку преку глава од едни те исти ветувања, а всушност целта е само да се направат бишиња и да спопикаат во џеб што е можно повеќе.
    Ако ни е.
    Не се криви они, вие сте, што им давате сила да ве пердашат како ќе им дојде.
     
    На Indiegurl, deskarada, SexiLy и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Да немаше трета опција моето гласачко ливче само ќе го поништев. Редно е да видиме нови лица на политичката сцена.
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda, Waverly Raven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    12.336
    Пол:
    Женски
    Не знам само кој им ги смислува она што го зборуваат на рекламите, ама па и посекако тешки мизерии се сите. Добар дел од старите лица ќе бидат влечени од по дома, пошто "децата" од по 50 и кусур години уште ќе ги лажат дека местото не им е сигурно на работа. Ај да заврши веќе еднаш гласањето, оти секој нареден муабет со било кој е само за партии.
     
    На Снегулк@23, Аргентина * и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  7. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Точно. Уште да додадам Спасовски го стави за кандидат, братучед му е, заедно да лапаат уште парички.
    Бензинската Пим Петрол чија е? На Добрин потрчкото на Спасовски кој до некој ден возеше комбиња Куманово Скопје. Абе како шофер можеш да заработиш за најмодерна бензинска? Да не се лажеме сопственикот е Оливер Спасовски, а за неговите криминали допрва ќе слушаме.
    Затоа де согласувам дека треба да му се даде шанса на Тони.
     
    На Снегулк@23, Leat и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Реално од понуденото Максим ми е најдобар. Има искуство, ги знае работите. Јас немам проблем да гласам и за Тони, ама сепак на сите им е јасно дека тој нема да победи. Плус, сите му симнуваат капа дека е добар актер, и треба тоа да си го работи, едноставно немам против, ама не е за градоначалник.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Тој претходно му даваше поддршка на Заев, одеше на минтинзи, се обрати на повеќе јазици, и рече „можам уште, ама ќе ме обвинат за стојазичност“. Сестра му нели ја вработија во Министерството за култура? Сега, многу го сакал Скопје, и мотивот му бил да го тргне Шилегов, оти не смеел тој веќе да биде градоначалник. Се уфилмаа сите како да којзнае колку се моќни, па демек можат и градоначалници да бидат.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Ќути, молим те... Гз и гаќи се!

    Очи си копаа цела партија на локално ниво кого да кандидираат. Уште пред една година Оливер беше решен, се растрчал како улав по народ за да го изберат, дошло и до физички пресметки меѓу страната на Максим и страната на Оливер кога Максим решил самостојно да се кандидира. Одвратни се...

    А Обиџуко Спасовски Сељачки па со овие на врвот се борел јако и имале внатрепартиска расправија за да го кандидираат Илиевски.
    Куманово им е најголема болка сега. Ако падне Илиевски во Куманово, паѓа и Спасовски моментално и почнува да паѓа Влада...

    Инаку Пин Петрол да, на Оливер е... А и Илиевски е веќе навлезен во градежништво, знаеш? Си се стекна со удел во позната градежна фирма и лапаат уште сега... Ама што да кажеш за неизживеани сељаци?

    Со партијата во Куманово владеат најголемите простаци и затоа и такви вработуваат бидејќи само такви познаваат... Поусрана општина не постои во цела држава!
     
    На Tanjamm, темјанушка, Vivienen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    8.391
    Пол:
    Женски
    Тони Михајловски најнормален?
    Тони пред да стане актер, а и потоа, беше тежок клошар.
    Му беше десна рака на најголемиот криминалец, мафијаши, силеџија, убиец и силувач во Куманово. Минатото му е ужасно. Од уста не вади вулгаризми.
    Тони ладно ке изгуби, луѓе членови на вмро нема да го гласаат баш поради неговата позадина.

    Ако ти е Тони најнормален мора да си многу помала, распрашај се за тоа време некој постар нека ти раскаже.
     
    На cresa-jagoda, Frosty!, staycalm и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Му ги паметат муабетите за „оџачето на Цаци“, и дека директор станал многу лесно, преку ноќ ( каде со рака на Јанко Јади Бурек му појаси дека се работело за „пушење“). Абе колку е глупаво јавна личност да покажува такви гестови во емисија. Тоа ни овчар не го прави, искрени да бидеме. Кога одеа од град на град со Пандов, кога убедуваа народ дека државата ќе се распадне, Тони во Куманово изјави „Во Куманово никогаш не било лесно да се биде Македонец, и денес не е“. За ова сите мислеа што беше муабетот? Дали е поради Албанците или мисли на Србите? Реално се најдоа повредени. Е сега како тоа би го гласале? Прво ни Македонците не го гледаат како иден градоначалник, оти си живее во Скопје. Еве јас лично сметам дека Максим е најсоодветен, и сакам СДСМ да добие еден убав шамар, ако е можно, а не е можно, да биде тоа во прв круг. Не би ми било проблем да дадам глас и за Тони, ама тој секако нема да биде градоначалник.
     
    На oblace1 и Leat им се допаѓа ова.
  13. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    3.764
    Пол:
    Женски
    Цело време се врти топката... овие не чинеле овие 4 години па ај да смениме и така наизменично...
     
  14. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    3.764
    Пол:
    Женски
    На кој основ бираат советници, на квалитет и стручност или кој колку време поминува во штаб??? Стварно за греота се сите со понудите 2021 уште се ветуваат канализации и шахти...
    Дефинитивно поддршка за малите партии за да дојде до некоја промена.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  15. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    Трета партија скоро е невозможно да добие толку гласови на изборите за да има сила да влијае или промени нешто во општините. Моментално е така.
     
    Последна измена: 12 октомври 2021
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    23.374
    Пол:
    Женски
    Дал си нормална? Тони е ништо друго освен некултурен, безобразен и вулгарен. Дно дна. Ајде нека е „плоден“ актер, и тоа е дискутабилно, ама градоначалник не може да биде. Дали воопшто стапнал во Куманово последни којзнае колку години, а не па да живее тука и да разбира што му треба на Куманово? Како политичар нема да функционира, ќе прави онака како што ќе му кажат оние повисоко од него, ќе биде само едно антипатично лице на Куманово.
     
    На Tanjamm и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    И многу повеќе сила од што мислите.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека еден или двајца може нешто да издејствуваат за да се промени? Од вкупно 15 луѓе рецимо.
     
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    23.374
    Пол:
    Женски
    Јас општо во мојата мала гласачка кариера, сум секогаш изморена од изборите, тоа влечење меѓу две партии, која од која полоша, а сепак мораш да гласаш за онаа која ја сметаш за подобра за да победи помалото зло. Депресивно е таква да ти е демократската опција. :drunk:

    Ама Максим го изузетно почитувам и ми се допаѓа како градоначалник. Човек со свои ставови, самиот факт што го толку изнаклеветија и исфрлија од СДСМ ми е доволно доказ дека е океј. Мислам дека има реална шанса да победи како независен кандидат.
     
    На Tanjamm и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    А колку им украдоа гласови претходните избори и си ги делеа гласовите СДС и ДПМНЕ. Сега се многу побројни од претходните избори, а и ќе имаат нивни луѓе на гласачките места, нема да биде толку лесно да ги крадат.
     
    На Tanjamm и Srckata28 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.