1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Локални избори 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 22 јуни 2021.

?

За кандидатот на која политичка партија ќе гласате на локални Избори 2021?

Анкетата е затворена на 22 јуни 2022.
  1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

    97 глас(а)
    35,7%
  2. СДСМ + ДУИ

    38 глас(а)
    14,0%
  3. Независен кандидат

    15 глас(а)
    5,5%
  4. Нема да излезам

    49 глас(а)
    18,0%
  5. Ќе го поништам ливчето

    21 глас(а)
    7,7%
  6. Друго

    18 глас(а)
    6,6%
  7. Левица

    34 глас(а)
    12,5%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.827
    Ја незнам шо го тупите во тема за локални избори.
    Завршија изборите, со здравје да си ги коландисувате новите градоначалници, па пофалете се некогаш колку ви е животот поубав.

    Тенденцијата да се регулира туѓо тело, туѓо физичко битие, не го разбирам. Па било тоа абортус или вакцина. Остајте им ги телата на луѓето, уште жими тоа им остана.
     
    На Mnik, GrimTheReaper и Idedemja им се допаѓа ова.
  2. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Лајк ти ставив за се, потполно се согласувам со се, ама со ова не. Мора нулта толеранција за крадење, пишале и работник крадел ама малку, не, не. не. Нема што ниту работник, ниту некој хиерархиски погоре да краде, додуше тие можат да си пробуваат, ама ако има одлични контролни механизми и мониторинг ќе биде чекај малку каде со пуни џебови? Како истиве во странство ич немаат рачиња што им лепат ниту малку, ниту повеќе?
    Затоа е дојден странскиот фактор тука и со години не надгледува, насочува и знаете што коса им се дига и се чудат како може бре 30 год. да се правиме ништо не гледам, ништо не слушам, ништо не зборам. Тие сакаат да се обединиме и да сме дел од унијата ама кај нас тоа па тоа. Друго кога еден ќе види оној крадел еве малку или повеќе ќе си рече чекај и јас малку ќе поткраднам и со тек на време тоа малку станува многу многу, а на другиот тоа многу станува ужасно многу, вртоглави суми се во прашање.
    Не, за крадење не, подобро да се спречи и засече во старт отколку лечи особено кога нема веќе правен лек и начин за контола и менаџирање на се тоа и излага од конторла.
    Велам јас уште колку време ќе ни е потребно да ги сфатиме странските препораки и пораки, а и народот да дава сигнал, конструктивни пораки и за сметка на тоа дури да излага на протести? Ама пишав погоре повеќево во службиве со книшка пикнале газ и после со кој образ да дигнат глас надвор на улица. Епа, епа чорба:puke: :(
     
    Последна измена: 2 ноември 2021
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.524
    И да имав син ќе го едуцирав исто. Тоа ми е работа како родител.
    И никогаш у 20 години стаж, не сум останала трудна без да сакам. А дете од прва направив. Ама знаев како да се заштитам.
    А над 12 недела? Кога го боли и има нервен систем? Океј е?
    И баталете, ќе не бришат, а на темата таму имам кажано се што мислам.

    Учете си ги децата да се заштитат, не да абортираат.
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Каков ни е народот, таква ни е и државата.

    Еволуцијата (и биолошка и социјална), се движи со темпото на најслабиот примерок.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ги учиме децата да се заштитат, ама и свесни сме за ризикот дека и покрај заштитата, може да настане бременост.
    И никој не бара абортус после 12та недела (освен во исклучителни случаи)
    Ама до 12та, не смее никој да ми каже што и како ќе правам со плодот.
     
    На sj *O* и Amellie13 им се допаѓа ова.
  6. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    8.391
    Пол:
    Женски
    Не зборувај небулози ке користи две контрацепции. Да еве ке користи и три, само за да мајка и ги оправда политиките на поголемо дно власт и партија здравје.

    Во секоја демократска и нормална држава абортусот е најнормално право на избор. Ама што знаеш ти кога си подржувач на вмро.

    А за силување си слушнала? Тој што силува не се труди да користи контрацепција.
     
    На Emy867, staycalm, JoyJoy и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.575
    Пол:
    Женски
    Епа за среќа во секуларна држава ниедна жена не треба да те праша ниту тебе, ниту твојата религија. :)
    Уствари требаше пред десетина години и да праша, и да гледа во медиумски простор понижувачки бљувотини за наметнување грижа за наталитет платени од владата.

    Ете затоа феминистките се за никогаш повеќе ВМРО. Немам ни трошка доверба дека некако се „реформираат“ и дека на власт би биле различни од ваквите наративи што денес се водат од десничарската влада во Србија, или скраја да е Полска и Унгарија.
    Локалниве избори ај некако океј, ама ако дозволиме конзервативнава маса да победи на парламентарни, можеме да се простиме со донекаде модерна држава.
     
    На staycalm, JoyJoy, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Спец, која секуларна држава...
    Да те потсетам дека 2015 некаде, пред падот на Груевски постоеше закон против абортус кој наложуваше дека секоја жена која решила да абортира, треба да помине низа административни шалтери, проверки и еваулациски тестови за да добие потврда дека може да абортира?
    Што ни е гаранција дека тоа нема да се повтори сега кога се повторно на Власт?
    Се водат како демохристијанска партија, а, добро знаеш што значи тоа.
     
    На JoyJoy, violetblue и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Епа затоа не го сакаме ВМРО назад.
    Ќе се размавтаат пак со знамето на Виргината, ќе се сликаат по цркви и ќе ни бранат и да мислиме, а не пак да прајме нешто
     
    На staycalm, JoyJoy, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Не ми смета знамето.
    Не ми пречат црквите.
    Но, ми пречи кога некој сака да чепка во умовите и дундите без дозвола.
     
    На Mnik, Amellie13, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ама никој и не ти се меша што ќе правиш со плодот, твој си е, ништо лошо, злокобно не беше наметнато.
    Не знам како го доживувате идењето на психолог за совет, нели е ок да се разговара на психолог, а не е ок да се посоветуваш со такво лице пред да се направи ваква одлука?
    И тогаш и сега правото на абортус никој не го забранил како што е тоа во Полска ли е 100% забрането и во некоја од САД сојузните држави, не ми текнува сега која.
    И остајте ја неа, кога се збори и прашува за личноста за ќерка/син кои ги имаме и се додава емоционален товар во исказите поголема е веројатноста преписките да ескалираат вака, а при тоа да се преувеличени ради емотивната бура која се ствара. Ниедна од нас не е глупа, женска сила, сојуз, едукација, емпатија, толеранција и разбирање. Ние 9 месеци носиме плод, ниеден маж, власт, што и да е не смее да ни го ускрати или укине тоа право да одлучиме што со него и нашето тело, ајде разизлаз, мир, темата е за локални:!:
     
    На Mnik и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.524
    Под владеење на Заев, светот не знае како држава со хибриден режим. Отворете ЕУ, НАТО ОБСЕ извештаи. Според нив немаме нормална демократска држава туку хибриден режим.
    Цркви ви сметаат џамии не. Конзервативни да, тенсџендери не. Педери лезбејки да, ама многудетно семејство не.
    Вас ви смета се реално, оти не е СДс на власт.
    Сеа некој од СДс да речеше : еден педер со извинение да ми руши власт, сите ќе се кренете на протест зошто така зборува за геј трансџендер некој од власта. Или не? Кога јас ќе речам педер е страшно, види вмровкава, ама кога Заев оставката ќе рече, хаха хихи педер рече шубаво
     
    На fana и Mnik им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.684
    Пол:
    Женски
    @Cka
    Јасно ти е дека секој муабет што ќе го кажеш на форумов за тоа колку си образована или амбициозна за знаење паѓа во вода кога ќе почнеш да пишуваш како партиски војник на Вмро.
    Што ти треба Вмро побогу?
     
    На Emy867, JoyJoy, ForeverYoung и 4 други им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.122
    Допаѓања:
    124.840
    Пол:
    Женски
    Бегате од тема.
    @RainBow Ела,замети и префрли мислења.
     
    На daylight и Idedemja им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.524
    Ко тебе СДС. Некогаш те читав, викам паметна и наеднаш кога ќе сфатам дека го сакаш Заев, у прашалници сум цела.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.684
    Пол:
    Женски
    Не,бе Чка грешка си.Каков црн Заев,многу ми затребал да го сакам или да го бранам, нека го изеде помрачина и него и сите топтан.
    Зар малку Филипче го плукав?!
    Нека дојдат нови здрави неискварени млади способни луѓе кои нема да имаат контакт ниту поврзаност со двете партии.
    Можеби некој од децава млади ќе бидат попаметни од нас.
    Ние ја утнавме со овие две партии.
     
    На JoyJoy, Idedemja, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Форум е, ќе пишувам што сакам, ниту навредив некој ниту пак напишав нешто што не треба, просто мислење, не мора секој да се согласи уште помалце да ми наредува дали да пишам или не, ако не е поврзано со темата постојат модератори за тоа.
     
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Да де форум е, за тоа можам да те цитирам оти е форум, да бев кај тебе дома немаше да можам.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Океј, доволно е од темава, завршија изборите.
    Со политички дискусии можете да продолжите во другите теми од форумот.
    И без навреди, ќе следуваат банови. Ако не можете да се воздржите подобро не коментирајте ништо.
     
    На daylight, nextredstyle и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.