1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Локални избори 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 22 јуни 2021.

?

За кандидатот на која политичка партија ќе гласате на локални Избори 2021?

Анкетата е затворена на 22 јуни 2022.
  1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

    97 глас(а)
    35,7%
  2. СДСМ + ДУИ

    38 глас(а)
    14,0%
  3. Независен кандидат

    15 глас(а)
    5,5%
  4. Нема да излезам

    49 глас(а)
    18,0%
  5. Ќе го поништам ливчето

    21 глас(а)
    7,7%
  6. Друго

    18 глас(а)
    6,6%
  7. Левица

    34 глас(а)
    12,5%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    50.520
    Пол:
    Женски
    Не гласам за никој, ќе го поништам ливчето.
    Никој не заслужува глас а и многу не ме интересира.
     
    На eliesaab и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  2. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    3.764
    Пол:
    Женски
    Куманово ќе биде интересна битка, карпош, скопје...
     
  3. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Ти дал си нормална што ми се обраќаш со дал си нормална?! Ајде малку култура и ниво!

    Јас не гласам во Куманово меѓутоа и те како ме интересира што се случува таму поради причини за кои не би пишувала јавно. А по игра на случајност и знам доста работи за политичката ситуација и ликовите таму.

    Сите 3-ца кандидати за кои зборуваме- Максим, Тони и Оливер ги познавам лично, некои сум ги запознала приватно, некои професионално, а некои и така и така.
    Тони има мајка, татко и брат кои живеат во Куманово и најмалку еднаш неделно оди таму.

    Како и да е, убедливо најлоша опција е Оливер, да не набројувам зошто... Тој што ќе гласа за него да го прашаш: Дал е нормален?

    ЕДИТ: Максим за сега не претерал но слушајте ми го зборот, ако дојде на власт пак, наредните избори ќе го колнете и него и ќе барате друга опција...
     
    На Traveler91, Снегулк@23 и t.a.m им се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Со две раце за Левица ќе заокружам.
     
    На Tanjamm, Снегулк@23, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    23.374
    Пол:
    Женски
    Не е, мислам дека не беше потребно да се коментира за тоа, некој што ќе гласа за толкав криминалец не е нормален за мене. Ама не можам ни да разберам како некој го гледа Тони, чист сељак, како добар кандидат.

    Мило ќе ми биде да ризикувам. Неубаво да плукаш по него унапред, за нешто што демек може да биде.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  6. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Не плукам пред време, претходно во еден пост во темава пишав дека е еден од понормалните луѓе кои се кандидати воопшто, а дефинитивно најнормален од СДСМ и му се поклонувам за храброста што тргна сам и се спротивстави на безобразлукот од врвот во партијата.

    Но за жал веќе почнаа да кружат гласини за негово нелегално збогатување... И за уште поголем жал, точни се...Ама барем има осет до кај да оди, се уште...
     
  7. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    Секогаш крадат.
    И овој пат ќе им украдат.
    Не можат против гласачката машинерија нити на избори, нити во советите.
     
  8. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    Чудно како Пандора нема влијание на избориве или има преќутен договор, сите информации да се пласираат после изборите.
     
  9. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Ако луѓето во Скопје одберат пак човек како Шилегов пијандура тогаш сите нека скокнат у Вардар и право у грчка во Егејско море.
    Мислам дека Даниела е способна жена а и редно време е жена да биде !
     
    На cresa-jagoda, Tinkerbell11, Tanjamm и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски


    Поштениот Максим еве го, повелете, го избркаа од СДСМ, ама таа покварена крв изгледа сепак си тече низ него...

    @Srckata28 Ти посебно повели, за ова ти зборував кога реков дека он е СДСМ и тоа е тоа и дека ќе го плука цел град по завршување на следен мандат.
     
  11. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    23.374
    Пол:
    Женски
    Среќа па твојот Тони и другиов кандидат се поштени за гласови. :D
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Тони никако не може да биде мој:D
    Ама секако не дава брашно на цел Средорек за да го гласаат и не одзима лични карти на оние што му се сомнителни за да воопшто не можат да гласаат како што прави "тој другиот". А богами и не плаќа по 500 денари на продадени душички и мизерии.

    Среќа па не живеам во вашата пустина која инаку и си ја заслужувате па ме заболе за кој гласате. :D

    Ти нешто многу се притресе на темава, јас само сакав да кажам да не ги величите до толку, становите не ви ги препишуваат на вас. Ни Циц ви ги препиша, ни Максим ќе :hai:

    ЕДИТ: Им се тресе душичката и на СДСМ штом го наместиле Максим да го снимаат како кој знае што да напраил, а и они истото го прават. Ама и Максо се тресе дали ќе го изберат чим поткупува гласови, нели многу веруваше во себе и во граѓаните свои?
     
    На Abracadaver и t.a.m им се допаѓа ова.
  13. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    3.764
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, било кој само не Шилегов повторно!
     
    На t.a.m, daylight, Leat и 2 други им се допаѓа ова.
  14. diff

    diff Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    45
    Али Ахмети од Чаир: Гласајте за Шилегов, наредното е Албанец претседател на државата | МКД.мк (mkd.mk)

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва на митинг во Чаир им порача на граѓаните да гласаат за актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Според него, тој навистина вредно работел и заслужува нов мандат. Истовремено тој најави уривање на нова пречка

    „После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, после претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец“, истакна Ахмети.

    Воопшто нема да се изненадам доколку Шилегов пијандура повторно бидне градоначалник на Скопје, уште во старт ке има предност со албански и ромски гласови.
     
    На Снегулк@23, t.a.m и Leat им се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Тимчо кандидатот за Аеродром во видеото 90 секунди уште поглед на море не вети
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.580
    Допаѓања:
    24.927
    Пол:
    Машки
    Не знам како може човек со здрав разум после сѐ што се случи во државава за време на владеење на ДПМНЕ, да гласа пак за нив. Несфатливо ми е. Не дека СДСМ се нешто посебно добри ама не се на дното како ДПМНЕ, ама па и да не ги гласате нив, мајка му стара имате и други опции, не за џабе има 30 политички партии а не само СДСМ и ДПМНЕ.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    СДС не се на дното, они одамна го пробушија дното.
     
    На deskarada, Harper, Tanjamm и 6 други им се допаѓа ова.
  18. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.580
    Допаѓања:
    24.927
    Пол:
    Машки
    Ок. :)
     
  19. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Гласови од помалите партии одат за СДСМ, а секако многу од нас не би го сакале тоа. Можеби за време на владеењето на ВМРО беше лошо, ама уште полошо е владеењето на СДСМ.
    Нормално ли е толку сиромаштија а нив мува да не ги лази? Нормално ли е да не функционира ниту една институција во државата? Дај те молам у ВМРО имаше вработени и од други партии а сега сите се полу или неписмени со партиска книшка.
    Во матично незнаат извод да ти извадат, во пошта пратка да пратат, а да не збориме за останатото. Ваков хаос уште во животот не сум видела. Ниту едните ниту другите не се добри, а трета партија нема да победи со сигурност, па кога бирам меѓу две зло, ќе го одберам помалото.
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.580
    Допаѓања:
    24.927
    Пол:
    Машки
    Искрено се од ова што го кажа беше исто во времето на ДПМНЕ, па и полошо. Во поштите особено, вработените не се сменети од тогаш до сега, а скоро сите се неписмени и воопшто не им се работи она за кое што се платени. СДСМ дури премногу фино и културно постапи кон административците, сите неписмени ги остави со цел да ги привлечат да гласаат за нив.
     
    На cresa-jagoda, Srckata28 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.