ВМРО-Народна партија контра ВМРО-ДПМНЕ – ќе „трча“ со свој кандидат за градоначалник во Тетово https://nezavisen.mk/vmro-narodna-p...so-svoj-kandidat-za-gradonachalnik-vo-tetovo/
Ралев како квалитетен кадар се нафатил да трча за Скопје со подршка од Сдс, не знам зошто го извисиле. Како кандидат имаше шанса да се бори и немаше да биде изгубена трката пред да почне, како со оваа Шукова која може и 3та да заврши. Зошто Сдс се одлучија за ваков потег не е јасно, имаа квалитетен човек ама го извисија. Колку што прочитав кај него на Фб, го викнале и му понудиле, он по консултација со фамилијата и соработниците потврдил дека ја прифаќа понудата и на крај ја номинирале Шукова без да го известат него, од сајтови дознал.
Имаат мисија целосно да ја сотрат партијата ваљда, друго објаснување немам. Оваа нели беше министерка за животна средина? Тотално безлична особа. Мотото за избориве им е евровизиско ,,Битно е да се учествува".
Апсолутно секаде така прават, и да имат минимална шанса за победа во некоја општина со некој добар граѓански кандидат, ќе кандидираат некој неспособен анонимус.
Кога си избраа лидер неславен екс - министер, сега ќе играат како што ќе им свират, за сите да се среќни и задоволни Со должна почит кон него како врвен доктор, политика не му требаше. Иначе да, секаде им се такви кандидатите. И не дека менува нешто, овие избори и магариња да кандидираат другиве, магарињата комотно ќе си победат. Единствено Мојсова во Карпош им руши просек, многу ја почитувам жената, и вистина е способна. Е сега, пак доктор во политика, ама според мене е ретка прилика за Карпошани.
Вмро ќе има кандидат за Кичево. Се шпекулира за Александар Јовановски, кандидатот од 2021. Прво се зборуваше дека не прифаќал, ама изгледа го убедиле, имаше објавено преѓе на неговата страна.
Шок, немам што да кажам. Уствари и не ми е јасно што фунција ќе има. Дај боже да е така, се надевам исто и за Струга. Ако не Вмро тогаш бар Сдс или Левица да ги обединат македонските гласачи. Искрено, според разговори со многу луѓе ама воопшто не бев убедена во таков исход, особено за Аеродром, Охрид и Скопје каде има големо незадоволство и башка на локални не е битно името, Бугарија и слично туку паркингот, улиците, парковите, инфраструктурата. Сепак за победа на опозициски кандидат треба и кандидатот да е квалитетен. Ете Вмро што и да стават во Центар нема да победат, зошто против Герасимовски не можат. Во глобала Аеродром, Центар и Карпош можеа да сменат резултат за Скопје ама со вакви кандидати трката е веќе јасна.
Аеродром не верувам дека ќе земат ВМРО, овој волов што е г(к)радоначалник за к не го бива. Ја доуништија општинава. Јас се надевам на Левица во Аеродром, СДСМ ми се отпаднати одамна, па се надевам дека нивните гласачи ќе гласаат некој друг, а и доста ВМРО знам кои се незадоволни од Дејан вд крадоначалников, па може да биде интересно. За Скопје е сосема друга политика, за жал, иако видовме што направија ВМРО со минатиов избор, не се надевам на нешто подобро со Орцета, имајќи предвид и он каков крадоначалник е.
Се сложувам, го делам впечатокот, ама и од прошли искуства сфатив дека наш народ незадоволство изразува низ муабет, коа ќе дојде за гласање се заокружува тоа што треба да се заокружи. Јас сум од мал град и сите се знаеме, изминативе 4 - 5 месеци има толку масовни вработување, мислам секој втор невработен сега е вработен, нормално што дал потписче и што се појавува секоја вечер во штаб. Кој кај стигне. Еве ги пратениците, најпаметните си искеширале 1000€ во просек месечно за патни трошоци откако се на власт. Нашиов е лидер, нит сме го виделе на говорница нит некој го знае. Во меѓувреме за пензионерите предизборно покачување од 1000 денари.
Кафич-нација ќе ти гласа за таа партија во која познаваат некого. Не дека следат идеологии или ќе се замараат што сработил градоначалникот/централната власт. Hив ги интересира кај да седнат низ град за да тргаат цигарчиња и да оговараат. Исти се и тие во партиите што се кандидираат на листи. Тој со најмногу познаници/друштво има предност.
Ја чувале пријавата под фиока од февруари и сега ја доставиле до Билјана кога ја објави кандидатурата.А јавниот обвинител и рекол дека може да се пролонгира после изборите.Како и да ,нејзе и е ставена дамка,во изборите да влезе со низок рејтинг.
Решение е само електоратот да се сконцентрира на советничките листи,Левица да има советници во сите општини.Би ги разоткрила сите коруптивни зделки во јавноста кој би ги направиле новите градоначалници.