Локални избори 2025

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 29 мај 2025.

?

За кандидат на која политичка партија ќе гласате?

  1. ВМРО-ДПМНЕ

    30 глас(а)
    23,6%
  2. СДСМ

    9 глас(а)
    7,1%
  3. ДУИ

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Влен

    0 глас(а)
    0,0%
  5. Алијанса на Таравари

    1 глас(а)
    0,8%
  6. Левица

    24 глас(а)
    18,9%
  7. ЗНАМ

    3 глас(а)
    2,4%
  8. Независен кандидат

    7 глас(а)
    5,5%
  9. Друг

    0 глас(а)
    0,0%
  10. Ќе го направам неважечко

    21 глас(а)
    16,5%
  11. Нема да гласам

    32 глас(а)
    25,2%
  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.802
    Допаѓања:
    40.356
    Пол:
    Женски
    Во Штип нема потреба од избори, знае се кој ќе победе:D
     
  2. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.160
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Машки
    Го избравте веќе предвреме? :D
     
  3. vlado_45

    vlado_45 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2024
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Машки
    „Пари за кампања и маркетинг немам ич, ама имам храброст, знаење, интегритет, чесност и достоинственост да излезам против сите кои досега само ја крадеа Битола. Време е Битола да биди независна“, изјави Илиевска.
    [​IMG]

    https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...-da-se-bori-protiv-site-koi-go-kradea-gradot/
     
  4. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Апасиев најави добар кандидат за Скопје. Се знае ли кој е? Ќе има ли бар еден асален?
     
  5. Apash

    Apash Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Машки
    Ќе бидат полни гласачките ливчиња.. со ова за независни што можат со 2 потписи.. можам и јас да се кандидирам да зафајкам место на ливчето
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vlado_45

    vlado_45 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2024
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Машки
    Ако не си од Скопје, ако си од помала општина, со 1.000 гласа можи да си обезбедиш мандат.
     
  7. Apash

    Apash Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Машки
    Да.. на некој ќе ми се згреши.. некој еци пеци пец ќе заокружи.. трет потамина така нешто ќе заокружи.. четврт ме познава и така..
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Па не знам дали добро се сеќавам ама кога имаше една година Рада Шеќерова, Зоран Зашов и Стево Продановски за малку не доби мандат еден од нив, мислам Зоран или Рада. Ама доста гласови добија, така да ова со 2 потписа е жива глупост, ќе има двојници и километарски ливчиња. Хаос.
     
  9. vlado_45

    vlado_45 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2024
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Машки
    Да, на два изборни циклуси беше тоа, 2006 зедоа 8.226 гласа :D, во две изборни единици поради нив сдсм остана покуса за еден мандат хахаха.во 2008 имаа 6.406 гласа, АМА НАЈАКОТО БЕШЕ КОГА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2009 ОСВОИЈА ПО ЕДЕН СОВЕТНИК ВО КОЧАНИ И КУМАНОВО.

    Гледам и во 2013 освоиле советник во Општина Знорвци, со 170 гласа.

    Така да, ако си препознатлив во средината, во твоето мало, имаш солиден број роднини, знаеш некој кој е неопределен, тогаш кандидирај се, посебно ако си од мала општина.
     
  10. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.160
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Машки
    Ќе победат нашите ВМРО годинава, не се секирај :angel:
     
  11. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Може да им вратат оваа година на Вмро со кандидирање на некој Орце Ѓорѓиовски на пример. Само 2 потписи фалат за такво лудило :D.
     
  12. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.160
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Машки
    И Габи и Паљото ќе ни се кандидираат годинава, ќе биде опасно ^_^
     
  13. vlado_45

    vlado_45 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2024
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Машки
    Ајде кој сака на листа за Прилеп нека ме контактира:D
     
  14. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    5.116
    Пол:
    Машки
    Левица ќе трча со Амар Мециновиќ за Скопје. Задоволни Скопјани, со оглед на тоа што многу се жалевте од кандидатите на дпне и сдс?
     
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.346
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Машки
    За да остани Владата стабилна, ВМРО ДПМНЕ ќе се фокусира на поголемите градови и општини каде освојувале највеќе гласови на сите избори и веќе имаат градоначалници.

    Прилеп, Битола, Кавадарци и Охрид се бастион на ВМРО ДПМНЕ, без овие големи општини ќе се разниша политичката ситуација. Тука е и Велес а Штип им е несигурен фактор.
    Во Скопје познато е дека ќе целат на Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден и Карпош делумно. И секако Град Скопје.
    Ако и во општините каде живее албанско население победи ВЛЕН како Чаир и Тетово особено а ете и за Кичево заеднички кандидат, нема да има шанса за ДУИ и СДСМ да имаат предвремени парламентарни.
    Куманово од секогаш бил бастион на СДСМ но сега Максим Димитриевски игра клучна улога, па во коалиција ако победи ЗНАМ, Куманово ќе остани град во кој се уште ќе владее владечаката гарнитура.

    СДСМ покрај Струмица, Кочани, Општина Центар, Карпош евентулано, мора да алудураат некако на другиве скопски општини и градови иначе тешко успех. Куманово им беше водечка сила а сега се и без него.

    Левица со Амар Мециновиќ за Скопје ќе замрси прсти. Квалитетен кандидат е Амар Мециновиќ, но имаат слабо гласачко тело. Највеќе гласови им идат од Аеродром и Центар и тоа е тоа, од другиве Скопски општини слабо.
     
    Последна измена: 23 август 2025 во 17:03
  16. Goran1os

    Goran1os Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2025
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Велес им е несигурен, ако одеа со нов кандидат ќе имаа поголема шанса.Марко Колев за втор мандат,не е многу омилен меѓу велешани.Неговата победа беше очекувана,но за втор мандат тешко,народот сака промена,а не послушник на Владата,кој не би имал некои значајни проекти во втор мандат.
     
  17. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    4.424
    Пол:
    Машки
    Тешко, дека не е. :D
     
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.346
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Машки
    Велес може да победи и Левица, рекоја дека на овие локални ќе имаат повеќе кандидати.
    Ако СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не им предложат добар кандидат на Велешани а Левица да, плус Апасиев им е од Велес, имаат шанса. Но се зависи колкаво е гласачкото тело, овие две партии се машинерија со членови така да..

    Тие што се членови на партиите ќе гласаат за нивните секако, е сега тие што се незадоволни и неутрални или само симптатизери некогаш можат да одлучат се.
     
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.897
    Допаѓања:
    173.490
    Пол:
    Женски
    Левица има добар тим во Велес, повеќето и лично ги познавам поради сплет на околности ...

    Амар е добар дечко, ама не е толку искварен за да може да издржи како градоначалник ....
    Во Аеродром поради браќата масларковски и неколку други личности мислам дека ќе им биде намалено гласачкото тело ..
    Ќе освојат советници во секоја скопска општина според мене...
     
  20. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    По број на гласови од изборите лани Левица е втора партија по големина во Аеродром и Кисела Вода. Ако се држат добро и во Центар и Карпош нивниот кандидат за Скопје може да влезе во 2 круг. На скопјани им е преку глава од Курто и Мурто.

    За Штип од родниниве таму слушам дека сегашниов лесно ќе победел. Охрид делува дека е опозициски расположено, исто како Аеродром. Скопје ќе биде тесно во втор круг, кандидатите се за негласање, ама ај да видиме дуел и програма па да коментираме.