Локални избори 2025

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 29 мај 2025.

?

За кандидат на која политичка партија ќе гласате?

  1. ВМРО-ДПМНЕ

    30 глас(а)
    23,6%
  2. СДСМ

    9 глас(а)
    7,1%
  3. ДУИ

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Влен

    0 глас(а)
    0,0%
  5. Алијанса на Таравари

    1 глас(а)
    0,8%
  6. Левица

    24 глас(а)
    18,9%
  7. ЗНАМ

    3 глас(а)
    2,4%
  8. Независен кандидат

    7 глас(а)
    5,5%
  9. Друг

    0 глас(а)
    0,0%
  10. Ќе го направам неважечко

    21 глас(а)
    16,5%
  11. Нема да гласам

    32 глас(а)
    25,2%
  1. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    7.931
    Марко Колев дефинитивно победува во Велес. Мене ми е симпатичен, како поранешен гласач на комуњарите до 2016-та. Левица има околу 40 000 гласачи, никогаш нема да видат градоначалник, но повеќе советници - да. СДСМ се мртви и небитни.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.743
    Допаѓања:
    14.176
    Пол:
    Машки
    И јас имам слично мислење за Левица.

    Добро почнаа едно време, ама сега мене ми немаат никаква цел. Никако не ми се привлечни, не дека овие другиве партии ми се, ама на Македонија и е потребно нешто ново, привлечно, со добри идеи, стратегии, планови.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    7.931
    Ми беа симпа и ги гласав кога во Левица беа Здравко, Мариглен, Џејлан, пред нарцисоидниов створ Апасиев да си ја присвои партијата.
     
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Досадни избори ќе се овие во македонскиот блок, дпмне немаат конкуренција, просто оставена им е победата и тоа е тоа. Плус какво масовно вработување се случи последниов месец, мислам дека во мој град не остана нивен гласач што остана невработен во Општина, некоја институција или инспекторат. Квалификации небитни, и шуто и рогато - вработено :sun:

    Независните единствено ако се борат нешто повеќе и Левица, сдсм се веќе дпмне изгледа, скрос пасивни. Единствено се надевам дека Мојсова во Карпош ќе издвојува победа, колку и да сум против доктори во политика. Жената е ѕвер.

    Во Битола сите опозициски требаше да ја поддржат Габриела, исто уште една ѕверка. Само така оној квасецон Коњановски можеше да се поздрави со фотељата.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Јас обично не сакам за Левица да мрчам затоа што за разлика од другите партии не биле штеточина. Ама само кратко да кажам зошто сум овие избори неодлучна и за нив. На последните 2 парламентарни гласав за нив во кецот т.е.за Апасиев а при тоа и по дома и некои други околу ги убедив исто така. Но што ми засмета? Чуствувам дека им е супер комотно во опозиција и се задоволни зошто битните луѓе внатре станаа пратеници а немаат никаква одговорност во дејствувањето. Јас во иднина не сакам да гласам за луѓе кои не планираат и не сакаат да бидат власт, да превземат одговорни позиции и да одговараат за остваравеното/и неоствареното. Ако гласам, гласам за програма која сакам да биде реализирана а се знае дека тоа е можно само ако таа партија е дел од власта. Е сега пред 7/8 години не чинеше Вмро за Левица а лани не чинеше Сдс/Дуи, па победија други и Левица не најде за сходно да се приклучи на таа избрана власт за да ги реализира ветувањата. Само со напади и поднесување на иницијативи кои не можат да поминат зошто мора да бидат подржани од 61 пратеник во собрание нема да догураат подалеку од гласовите на претходните избори. Сами нема никогаш да направат влада, тогаш што им е целта?
     
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.489
    Допаѓања:
    91.234
    Пол:
    Женски
    После избориве Сдсм ќе треба нов лидер д агласа, Филипче е големо промашување.
    Левица исто ке имаат пад, каков Амар какви бакрачи.
    Вмро си ја има базата на гласачи, другиве или не учат од нив или лидерите не им чинат.
    Борбата ке е меѓу албанските партии и западот.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Goran1os

    Goran1os Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2025
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    И јас така мислам,повеќе очекував за лидер на СДСМ да беше избрана Сања Лукаревска,силна личност,чисто минато..Филипче како министер за здравство во ковид кризата,исто неговата блискост со Заев оставаат сомнежи кај членството,што ако е вистина тоа што го тврди Владата,дека Заев ја владее партијата од позадина???
     
  8. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    7.931
    На СДСМ никогаш повеќе нема да им се деси голема победа. Можеби за 10-15 години, ако од овие излезе некој психопат како Грујо/Вучиќ. Искористија маса народ, случај со Тамара, Мартин Нешковски, ветуваа правда, отворање судство како пупка, на крај заминаа со измени во кривичен законик и амнестија за колегите од ВМРО, нешто у фазон ај доста беше фарсава со #ЌеСиЛежите.

    Венко ми е пасивен како лидер, а и како опозиција се млаки, за разлика од популистичката старлета Апасиев која излегува од фрижидер. Ако добијат нешто плус, ќе биде благодарение на Инфомакс кои им водат антикампања на вмроните. Мојсова во Карпош сакам да победи.

    ВМРО ќе имаат убедлива победа на локалниве, прогнозирам, iq80 фиромецот ќе ги гласа масовно овие кои му ја пласираа Данела како најдобар менаџер у Европа, а потоа истата ја бојкотираа. :lol:Скопје е овакво никакво само поради вмровците.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    На Сдсм му треба лидер од екипата на Бранко од пред 15тина години, Никола П., Гордан Г., Манчевски или Андреј П.

    Вмро не се толку јаки како што викате тука и нема да победи убедливо и они се свесни. Затоа Мицкоски најави реконструкција одма по локалните, веројатно ги имаат реалните анкети. Во секој случај ќе имаат доста градоначалници како и секогаш ама многу помалку гласови од лани.
     
    На Goran1os му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Goran1os

    Goran1os Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2025
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Најголем пораз на СДСМ е промената на името,затоа и Заев од власт си даде оставка.Ако Мицковски додека е власт не се изјасни како ќе ги внесе Бугарите во устав,нешто ќе се случи до парламентарните избори.Меѓународен договор не може да се поништи,а поголем грев е неспроведување на веќе договореното.
     
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.489
    Допаѓања:
    91.234
    Пол:
    Женски
    Не сум за доктори во политика, друг профил на личности се.
    Не се за менаџирање.
    Местото им е само во болница, многу пати досега докажано.
    Од тие причини Мојсова не треба да победи.
    Сдсм е умрена партија од едно општество за сите и Заев, вметнување на мултикулти албанци во партија.

    Не само што вмро ќе победи, потоп ке направи, едноставно нема противник.
     
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Напротив, Мојсова има докажани менаџерски способности како државен координатор за трансплантации неколку години. Тоа поле со нејзе доживеа експанзија, особено со првата трансплантација на срце во Македонија.

    Се сложувам дека не им е местото во политика, ама има доктори кои имаат и лидерски/ менаџерски способности.
     
  13. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.055
    Допаѓања:
    9.883
    Пол:
    Женски
    Изгледа имаат меѓусебен договор неколку години да не си ја грабаат власта едни на други, да можат да крадат на раат во смени.
    Но и покрај тоа вмро ќе победи убедливо само ако си наместат резултати како по обичај.
    Најнеспособна гарнитура им е ова, а премијерон се утепа од лажење и тропање глупости.
     
    На Goran1os му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Може непопуларно мислење ама јас мислам дека Сдсм не загуби гласови заради името, нивните излегоа и на референдум и на изборите 2020 и победија. Сдс изгуби подршка од меѓународна заради претераната корупцијата а од народот изгуби подршка најмногу баш заради корупцијата, криминалот и заради понизноста кон Дуи и Груби/Османи кои беа газди на Македонија за време на владеењето на Сдс.

    Вмро нема да ја изгуби подршката од меѓународната и да не го испорача потпишаното од Османи а нема (ќе се затскријат зад Уатавен кој ќе го поништи протоколот), затоа што во моментов во Сдс немаат алтернатива. Ама ќе ја изгуби од народот ако продолжи вака. Година помина а ниту еден случај на корупција и криминал не е решен, Мицкоски сега како да се разбуди од сон па почна да ги спомнува вистинските проблеми на народот (високи цени, непостоечко домашно производство, брзи кредити, кладилници). Ако спијат на тоа уво дека се јаки за 3 години ќе бидат сменети. Од цела влада ко да работат само Николовски и оној мислам Андоновски се презиваше, остатокот лежи лебу да те јадам. Плус и ако немаат кандидати заради Вреди во западна Македонија црно им се пишува.
     
  15. Goran1os

    Goran1os Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2025
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Мицковски е свесен дека Владата е нефункционална и затоа најави реконструкција.Грешка е што тоа го кажува пред избори,тоа додатно ќе му го намали рејтингот Свесни сме дека проблемот со името се реши после 30 години.Така да и ова со Бугарите во устав(иако не се само они),ќе се реши по 20 години,но сепак ќе се реши,кога Мицковски и Филипче ќе бидат во пензија.
     
  16. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    7.931
    Какво име, во скут им седеа на Аљи и Артан, ДУИ беше на власт, затоа изгубија. СЈО се распадна, скандали со рекети, Бокиња и слично. Јагодата на шлагот беше на крајот - измените на кривичниот законик.
     
    На DS10 и Iva:) им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.489
    Допаѓања:
    91.234
    Пол:
    Женски
    Има да, ама менаџерски во нејзината струка, да водиш општина е сосема друго.
     
  18. Goran1os

    Goran1os Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2025
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Ако е така,тогаш сите се согласни со името Северна Македонија,тогаш зошто беа протестите од ВМРО ДПМНЕ кога се потпишуваше Преспанскиот договор.Затоа и СИРИЗА изгуби во Грција и спадна на минорен број на пратеници.
     
  19. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Не се согласни сите, големо мнозинство од народот и сега не го прифаќа ама подржувачите и гласачите на Сдс ја подржаа промената на името.
    Кои протести од Вмро? Тие буквално преќутеа и дадоа 8 гласа за да помине промената да не мора они да го менуваат. Единствениот протест за името беше непартиски и Вмро сигурно не го организираше, јас прочитав кај Ванковска и отидов пред собрание. Обиџуко и неговиот заменик од Дуи донесоа полиција и не испотепаа и младо и старо, не бркаа, маваа, солзавец пуштија, стари луѓе испокршија нозе. Вмро му забрани на членството и на протестот за онкологија да дојде. Они не протестираа, и докажуваа на меѓународната дека се послушни и чекаа избори.
     
    На DS10 и Goran1os им се допаѓа ова.
  20. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    7.931
    Никакви протести за име немаше овде, Солза Грчева и некоја смешна екипица се глупираа пред собрание. Во Грција беа масовни и организирани од Сириза. Вмровците немаа муда да се спротистават на договор поддржан од меѓународна.
     
    На Tanjamm и Goran1os им се допаѓа ова.