Изненадува растот на Горан Марковски (Независни Заедно) https://denesen.mk/anketa-na-ipi-za...na-skopje-rechisi-so-4-1-protiv-kaja-shukova/ На прашањето за кој кандидат за градоначалник на Скопје ќе гласаат на локалните избори, 29.0% од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат за Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, додека пак 29.6% од испитаниците одговориле дека не знаат или се неопределени. За Каја Шукова од СДСМ 8.1%, Амар Мециновиќ од Левица се изјасниле 7.3%, 6.2% за Башким Бакиу 5.9%, за Горан Марковски 5.9%. За СОВЕТ 24,2% од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат за советничката група од ВМРО-ДПМНЕ, а 7.7% за СДСМ, додека пак за Левица кажале дека ќе гласаат 5.8% испитаници. За Граѓанската платформа Независни заедно се изјасниле 2,2% испитаници.
Имам чувство како Каја Шукова да влегува во кола со неколку партиски другари, возат без јасна насока, застануваат покрај некоја депонија или ѓубриште, еден од нив вади телефон, пушта камера и Каја вика: „Тука ќе никне парк! Ќе засадиме дрва, малку тревичка, ова ќе биде еко-револуција!“ Битно е да се учествува. Кандидатов на СДСМ им е млак, пак гледам некакви рециклирани муабети за луна паркот кој стана историски. Орце ми е рурално, вмровско копито, баш како и голем дел од гласачкото тело што го турка напред. Не знам што направил во Кисела Вода ама има јака бот мрежа - Јорда Здивот, Геровски и уште неколку екс-СДСМ дудлачи што го креваат ко да е локален Меси. А вмровци би гласале и камен, толку им е капацитетот. Амар е сладок. Навивам за независните ама тоа у тотално партизиран ФИРОМ - тешко.
Според 2 мои роднини кои живеат во Расадник ништо и нема шанси да гласаат за него. Професорот Горан Марковски или Амар може да бидат "изненадувачки" 2 место во првиот круг и да влезат во втор круг. Според некои анкети е можно наместо Каја некој од нив да влезе.
Не знам за кого да гласам . Ама стварно. Не гледам ни вести ниту пак камапњи зошто знам дека е скоро се е трчи лажи. Иако мислам дека Вмровците ќе победат во повеќе општини меѓу кој и Град Скопје. Си имаат гласачко тело така што и да стават робот да биде градоначалник овие ќе го гласат. Немам мислење ни за Каја ни за Орце. Гласам во Карпош иначе и дефинитивно Стевчо не би го гласала . Подобрување нема да има се додека не запре градењето на згради. Ако понуди некој дека ќе се стопира градежната мафија може ќе ме предомисли. На Скопје и на сите општини им треба многу од инфраструктура па до ред други други работи...
Ја имаш Невена во Карпош како независен - https://nezavisen.mk/nevena-georgie...at-za-gradonachalnik-od-nezavisni-za-karposh/
На Левица не и е дозволено рекламирање преку медиумите. Не само што не им се дадени државните пари кои им следуваат, туку и со партиски пари да сакаат, не им е дозволено. Режимот се плаши од Левица. Се двоумев за советничка листа за кого да гласам, сега знам дека заокружувам шестка.
Тој закон за медиуми постои одамна, зошто Левица не се бунеше на минатите избори? Апасиев како правник требало да увиди дека има дупка во законот и треба да се смени, не сега 12 до 5... Според член 75-ѓ од Изборниот законик, телевизиите и радијата можат во секој час програма максимално да емитуваат 9 и пол минути политички реклами. Од нив, 4 минути се за двете најголеми владејачки партии според освоени пратеници во парламентот на последните избори, а 4 минути се за двете најголеми парламентарни опозициски партии. Една минута реклами е наменета за партиите кои освоиле пратеници, но помалку од 5 колку што се потребни за формирање пратеничка група, а 30 секунди се наменети за партиите кои не се застапени во Парламентот. Овој член има системска слабост и не ги предвидува партиите кои не се меѓу двете најголеми на власт или двете најголеми во опозиција. Во актуелниот пратенички состав ЗНАМ има 5 пратеници и е во власта, а Левица со 6 пратеници е во опозицијата. Иначе Левица добива државни пари Како се финансираат партиите од буџетот? Според Законот за финансирање на политички партии: • Член 9: Вкупните средства за годишно финансирање на политичките партии изнесуваат 0,15% од вкупните изворни приходи на државниот буџет. • Член 10: Средствата се распределуваат: 30% еднакво на сите партии што освоиле најмалку 1% од гласовите на последните избори. 70% пропорционално според бројот на избрани пратеници и советници. Средствата се исплаќаат секоја година до наредните избори.
Da glasame za novi nezavisni kandidati, levica, da im dademe Sansa distance samo za Sdsm za vVmro! Osvestise Narode! Skopje Vmrovcite sovetnicite Skopje go napravija Otpad!
Оваа што стори, откако си замина од Левица, кај Љупчо Златев гостувања, на Алфа исто, како Левица да се на власт се понаша, само туку ги кодоши и куди.
Тек сега ми е јасно, не реагирале они затоа што нив до лани ги следувало рекламирање, бидејќи на претходните парламентарни имале 2 пратеници. Ама после изборите лани не спаѓаат ниту во една категорија согласно законот. Мислам дека не планирале да тераат кампања врз основа на тврдење дека се обесправени туку дека ова е класичен пропуст на нивниот правен тим. Требало пред се Апасиев кој е правник и професор да го знае законот и да реагира на време. Ама во секој случај и покрај овој нивен да кажеме пропуст што не увиделе на време дека немаат право на рекламирање треба да се најде начин и да им се овозможи правилна застапеност, ако не се најде начин секако дека е преседан.
Ne volem, posebno izbore, televizor, plakate dosta ako boga znate, ludnica je kanda otkljucana, sirom ostala proverite molim vas - Balasevic
Кога и каде има дебати за Скопје? Мислам дека имам фаворит кој може да доминира на дуел и да освои многу неопределени гласачи.