Коалицијата за зелена иднина во срцето на Скопје – отворен разговор со граѓаните за заеднички решенија https://dom.org.mk/2025/10/05/koali...azgovor-so-graѓanite-za-zaednichki-resheniјa/
Од Левица и од ЗНАМ. Сепак, ЗНАМ добија од ВМРО-ДПМНЕ рекламен простор што нив им следува, на Левица никој не ѝ дава.
Јас пак мислев тие се караат со него. Ахх, одлично За нив е страшно, ќе им земат гласачи овие од Левица.
Немаше да гласам ако некој не спомнеше дека ќе напрај нешто против депонијата. И најдолго никој не спомна. Нормално, никој немаше муда сем една. Ќе гласам за неа. Габриела Илиевска. Не требаше да сум Битола. Ќе се вратам порано за ова. Уз пат го исплука Рек и немањето на филтри, уз пат спомна за шелтери за жени и ранливи категории дека фалат и сака да се обиди и на то поле. Јас сум едноставен чоек. И да ме лажи, ме лажи за важни работи. ВМРО и СДСМ особено немат право, ни па муда, да зборат на ова тема од ко знајме дека советниците ќутеа ко преговараа со граѓанските претставници од протестот против депонијата. Ист воздух дишиме. Од иста земја јадиме. Од ист извор вода пиеме. Ако сега ја отвореа темава да зборат против депонија, Рек и колку е загадено - ќе беше дволично, а е најважно нешто во моментов. Јас не сфаќам како можи глата толку да ти е пикната в гз во партија за да не можиш да увидиш дека и ти имаш штета. И стварно се надевам дека барем во потесна трка ќе е за да му се затресат гаќите на главните "играчи" (ќе бев вулгарна ама ај, избришав). Ако победи знам дека прв пат можи и ќе славам.
и за листата на Поинаку ќе гласаш? Испос објави анкета за Битола, моментално Габриела е втора пред СДСМ Познавам неколку пријатели од Битола кои не излегувале на гласање, сега ќе излезат токму поради Габриела. Се надевам ќе има втор круг во Битола.
Овие одлепиле начисто, заокружи број на профилна и градоначалникот на кавер, небаре Тито на ѕид во дневната, 1980-та година. Се за да се задржи позиција, да не ја џапне некој друг, после ни "пријателите" нема да ги фермаат да им завршат работа во школо кога ќе треба да се поклони оценка на малиот. Не можам да го поднесам ова општество значи.
Ги слушам по телевизии ветувањата на кандидатите за градоначалници и како да се пишувани пред 30 години.. Уште што немаат ветено.. градски воз, автопат, тунел под плетвар, финансирање на бизниси за млади, нова општинска зграда.. а ние проблем имаме со ѓубре, кучиња и депонии..
Копитото и Амар влегуваат у втор круг, сдсмовци, антивмровци и остала неутрала масовно излегуваат и гласаат за Амар, копитото губи, Амар станува градоначалник и втора Данела (вмрони се мнозинство у совет), вмрони блокираат и го усмрдуваат градот уште следни 4 години и го обвинуваат и етикетираат Амар како неспособен. Мое сценарио. Второто е да победи копитото, мнозинство се у совет, конечно ги брцаат небањатите рачиња у медот и ги почнуваат проектите кои ѝ ги кочеа на Данела, најменаџерката у Европа (пред да се спукаат).
Моето мислење е следно... Сите ја напаѓаат Данела и се против неа.А не разбирам зошто.Данела ја кажува вистината,постапува правилно.Жената укажува на грешки и упорно се против неа.Значи на овој народ и добро да им се прави не чини. Данела излезе од сите мажи најголем маж.
Па кажаа дека нема да имаат платено реклами.Само ќе излегуваат на улица да се среќаваат со луѓе и така ќе ја промовираат кампањата.
Нема шанси Амар за втор круг. Да имаа градоначалник на некоја скопска општина можеби би имал шанси, вака не. СДСМ разликата во однос на Левица ја прави со гласовите во Центар, Карпош ( таму ќе има 3.000 гласови повеќе од Левица), Чаир. Бутел и Ѓорче Петров. По мое, Левица и СДСМ се изедначени во Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром.
Габриела со Чулако вака на збор се многу силни а во позадина си шуруваат де со леви де со десни, ама не дека има некој поарен да го гласаш. Инаку најгласен против депонијата и прв на протестите беше Паљото, па зато вреди да му се даде глас.