https://www.facebook.com/share/v/1BNy2dqmwp/?mibextid=wwXIfr Ovie normalni li seee, kade ziveeme. Smeam se, al place mi se. Maaksiim Dimiitrievski Gledajte go samo videoto
Каков хит е ова со Максим. Забавно, ќе го слушам. Кандидатот од погоре независниот Горан Стојановски-Диро е еден од највоспитаните и најскромните луѓе што се функционери, а што сум ги сретнала во животот, инаку беше директор на Водовод, кадар на Сдсм. Еднаш несакајќи го удрив со врата, оти стоел позади врата, јас извини, тој извини. Единствен директор што одел пеш низ град, скромно, иако сите се возат со мерцедес на кратки релации, но нема да победи. За победа треба многу гласови.
Добро познат факт е дека во општините каде што во втор круг на сметка на една од традиционалните две партии, ќе влезе независен кандидат или кандидат од трета партија, победува. Такви случаи имавме многу 2021, Дебарца, Демир Хисар, Куманово... Аеродром и Кисела Вода можат да го однесат Амар во втор круг, а втор круг за Амар значи сигурна победа. Е сега каков ќе му биде мандатот знаеме, ист како на Данела, советот ќе го кочи.
За Аеродром и К. Вода сум сигурна дека ќе влезе Левица како втора во втор круг а за Центар и Карпош не сум сигурна. Од тие две општини зависи дали за Скопје ќе влезе Амар во втор круг иако ми е желба тоа да биде професорот Марковски.
Амар ќе имаше шанси за втор круг ако СДСМ немаше градоначалник во Центар, тука се прави разликата меѓу СДСМ и Левица, како и во Карпош, таму СДСМ ќе има едно 2000 гласови повеќе од Левица, а во Аеродром и Кисела Вода ќе бидат изедначено, но блага предност им давам на ,,социјалдемократите" за 100-200 гласа.
Нема да гласам. 1. Не живеам веќе во Мк. 2. За кој би гласала доколку бев во градот кај што живеев пред да се преселам? Последната слика кога бев летово ми остави грозен впечаток, градот гнасен и смрдлив. Ниеден чекор напред, 10 назад. Од понудениве кандидати што ги гледам за овие избори однапред знам дека ќе биде бетер.
Паљото на протестите најдобар беше кога ќутеше. Бев и на протестите на кои беше и на тие на кои не беше. Небо и земја разлика во поглед атмосфера и вторите (кога не беше) беа значително попродуктивни во врска со дискутираните теми, тие на кои беше тој - значаен дел беа поќе како gimmick. God bless his soul, најмногу го биваше да оди напред и да се дери на луѓе оти не дошле на протест. I'll give him that. Ама, то не е доволно за некој да се речи дека е со издржани ставови и стабилен за сериозна позиција шо е важна за градот. Земајќи во предвид мојот низок критериум, некој да се занимава со животната околина - јас и него би го гласала ако е един да збора на та тема. Ама фала на универзумот шо има сериозно компетентен чоек шо се интересира по ова прашање и е кандидиран. Да немаше, немаше да гласам. Јас знам колку е важно гласањето, ама ако сите опции се подеднакво лоши и само од едно ѓубре одиме во друго ѓубре - нема да учествувам во избирањето на кое ѓубре ќе не труе пошто на крај на ден пак е ѓубре.
Паљото секогаш гласно зборувал за проблемите во градот и му пуштам рака за тоа, додека другите се само за чешити отстрана и е за викање работата по тие таквите, како за советник би бил далеку подобар од добар дел од тие шо биле досега советници, а рака на срце и од добар дел од кандидативе годинава. Абе се пофали некни Габче дека била сериозно способна и камионче да вози, но според ова како го паркира се сомневам во тоа, може да припази каде и како го паркира барем до избори а за после тоа ќе ја видиме, се надевам нема да биде работата како и до сега инаку џабе и е надменоста
Па не е линијата нешто многу висока. Секој би бил подобар од нашите досегашни советници. Со чесни исклучоци.
Надвор повеќе од еднаш слушнав луѓе решени воопшто да не гласаат или заинтересирани да гласаат за Левица или за независни кандидати (и вие ширете го ова меѓу вашите фамилии), што би била коректна казна за големците. Целосен или парцијален бојкот е најдобар удар што може да им се зададе, но будалест народ повторно ќе ги избере...
Бојкот не решава ништо. Си имаат и едните и другите слепи следбеници кои ќе ги гласаат. Сега треба сите неопределени и оние кои не се партиски потрчковци да одберат нешто трето. Дали Левица, независни.. било што, ама бојкот никако.
https://www.facebook.com/share/v/1AhqYWafj5/?mibextid=wwXIfr Еве каков митинг имаше ДПМНЕ во Штип, зими земјо голтниме, не знам нели се срамеа