Во државава Македонците се на граница меѓу мнозинство и преод во малцинство, па уште и ќе бојкотирале. Кај двајца без тројца, па и да не гласале. Свесни сте колку народ е попишан како резидентно население, а во меѓувреме е отиден истиот народ во Хрватска, Германија и каде не? Свесни сте дека Албанците стандард ќе си дојдат да си изгласаат, па ќе си одат. Свесни сте дека дека три четвртини од Македонија е етички мешана и дека и активни сте си никој и ништо во матичната држава, а пасивни? Видовте дека и Турците имаат свој кандидат за Конче и си сакаат градоначалник? Со сложно гласање можат и да добијат. Знаете Конче каде е на мапата на Македонија? И сите тие независни, вакви, такви, онакви ќе го иситнат тенкиот македонски глас, албанскиот фактор ќе уцени за втор круг во многу општини и ќе ќари, Македончето ќе се мисли мудро оти бојкотирало и со права ќе оди 3 чекори назад, таму некаде позади Ромите во листата на привилегии.
Да не се гласа или да се гласа за трета опција оти ни е смачено од првата и втората. Ради нив и сме небаре малцинство.
Dzabe. Golemite partii imaat zagarantirana pobeda, osobeno VMRO. Site sto se vraboteni blagodarenie na niv kje glasaat za niv, a gi ima mnogu.
Никако бојкот, треба да се излези и да се гласа за трети помали партии. Во помали места каде што градоначалници има само од двете најголеми партии, можи да се гласа за советници од помали партии за да надежно имаат некакво влијание во носењето на одлуки. Ама никако оставање така, бидејќи гласот неискористен ќе си го направат во своја полза. Народот треба да се научи дека со "не излегувам да гласам" иста штета се прави како овие кои ко програмирани роботи ги гласаат вмро и сдсм.
Секоја влада во секоја држава на светот сака што помала излезност, сака пасивност и сака на гласачите да им е преку к од се до тој степен што ќе може да си прават што сакаат без никаков feedback. Бојкот не е решение.
Оценете си во вашите општини кој трет има шанса, инаку гласот ќе пропадне. Ем ќе гласате, ем советник ќе нема. Во поголемите општини некаде 2.000 гласови требаа за советник, во малите места прагот е помал, ама ако некого ќе го гласа само жена му и децата, не го гласај, советник нема да биде со 200 гласа. И не заборавајте дека пензионерите добија 5.000 денари за една година, плус сега имаше пак 1.000 денари покачување. Лесно е да дадеш покачување кога ќе земеш кредит од Орбан и Британија, ама на нос ќе излезе. И ако вие бојкотирате, епа пензионерите ќе си изгласаат.
Никој глас не е пропаднат. Тој изговор за да не гласаш трет е директен кривец за ова дереџе на кое дојдовме со "НЕ"пропаднатите гласови 35 години уназад.
Никако не оди. Ако се појавиш на гласачкото место, исто како да му даваш легитимност на процесот и учествуваш во циркусот , ако не се појавиш треба да им веруваш дека нема да ти го злоупотребат гласот за нивната "убедлива победа".
https://skopje1.mk/foto-branko-crve...PfE6B9L-daue9JhkgU_aem_us4_BWs-guD2B8QZT9fCNw вмро и бранко станаа бфф
Ikr? More like недело. На гласачите вмровски најголем кошмар им беше овој порано, ме интересира сега какви приказни си раскажуваат себеси за да се убедат дека е ова исправно и најдоброто за државата.
здраво имам прашање. По избирачки список се водам за гласање во Прилеп, а јас во меѓу време сменив адреса во друга општина и по ЛК сум во др општина. Прашањето ми е, дали можам и смеам да гласам во Прилеп, каде што се водам по избирачки список?
Според ова на форумов поразителни се резултативе. Пак овие што лажат на велико (и крадат и рекетираат) ќе победат. Не ни заслужуваме подобро веројатно. После Кочани, Унгарски кредити, најново банката на Вучиќ за перење прљави пари, сеуште добро се држат. Алал вера на паметот на тие што за нив ќе гласаат. СДСМ не ги коментирам. Добро се казнети за глупостите што ги правеа. Сите што се мислите одите и гласајте за некој трет. Немојте да бојкотирате и да правите неважечки ливчиња. ВРМО се надева дека нема да излезат луѓе и дека ќе има неважечки. На избори кај нас само важечките ливчиња им се битни за да добијат советници и градоначалници.