Било кој само не ВМРО и СДСМ, доста е веќе ми се повраќа и од едните и од другите. Јас лично кажав и погоре, бидејќи немам верба ама баш во ниедна партија ќе напишам КОЧАНИ на ливчето па нека им боде очи...иако нема да смени ништо тоа ама барем нема да бојкотирам избори.
Се мислев и јас долго време дали да гласам. Иако претходните избори излегував и го поништував ливчето, овој пат сакам да гласам, но не за вмро и сдсм. Сакам да ги казнам и да гласам за некој трет. Они очекуваат дека тие што до сега не излегувале да гласаат, ќе си тераат пак со истото. Но можеби ќе има многу како мене и ќе им ги расипат математиките.
Со неважечко ливче на кое ќе напишеш Кочани им даваш поддршка баш на ВМРО и СДСМ. Пораката Кочани нема да стигне до никој. Ќе ја прочита само еден од избирачкото место и толку. А со тоа што нема да го дадеп гласот на некој трет, твојот глас нема да се брои кога ќе прекршува Донтот за тоа кој колку советнички места ќе добие во општината или кој ќе биде градоначалник. Појака порака ќе пратиш ако гласаш за некоја треба опција и им ги поматиш сметките. На избори се излегува и се гласа. Се додека се тргаме и не гласаме, ВМРО добива. Имаат најмногу членство во партијата и најмногу вработени во администрација. Така што ВМРО се надева дека ќе има што е можно повеќе луѓе како тебе кои ќе мислат дека праќаат скриени пораки со негласање, поништување ливчиња и слични глупости. Нив тоа им треба. Пак е на тебе изборот, ама ако навистина сакаш нешто да смениш треба да гласаш, не да пишуваш пораки како тинејџер на час.
Ок да, веројатно си во право. Али ова со тинејџер компарацијата немаше потреба да ја направиш, доволно беше тоа што го потенцира во погоре напишаното.
Јас нема да гласам ,одвратни ми се и ВМРО и СДСМ иако си добив пакетчиња од нив , некои ми викаат иди ќе ти го земат гласот , ама како може да ти земе глас ако не отидеш?иако веќе ништо не ме ни чуди, или п се мислам да идам да ишкртам таму се ,мада ич не ми се иде не сакам политика зинати за пари само !
Прочитај го мојот пост погоре. Ако ти не отидеш на гласање и не гласаш против нив, гласовите на нивните партиски ботови ќе им овозможат да добијат повеќе советнички места. Неизлегување, поништување ливчиња и слично им оди во прилог на поголемите партии кои имаат многу партиски членови што ќе гласаат по директива и што баш сакаат нивната партија да победи за да може полесно да се пикаат во јавна администрација, да крадат и да рекетираат. Така што ако не одиш да гласаш исто е ко да си гласал/а за ВМРО конкретно во моментов зашто имаат најмногу партиски членови. Тие ќе си покријат. Во оваа ситуација сме дојдени баш заради апатичноста на гласачкото тело. Некако се откажавме дека можеме да најдеме и подобри од овие сегашниве, а на сегашниве (двете најголеми партии) им одговара ваквата апатичност. Ако сакаш нешто да смениш и дојдени ти се и двете партии преку глава оди гласај за некоја трета опција. Има прилично сега. @rainbowec извини ако се навреди. Ама некако лута бев зашто не сфаќаме колку сите ние како маса сме битни. Им дозволуваме на мал број луѓе да ни ја решаваат судбината.
И мене ми е доста од Курто и Мурто, и не сум одела на гласање и ништо не променило, и неважечки сум направила мислам дека пак е исто. Сега скоро прочитав статија на фб од оној професор ДејанТрајковски каде кажува гласањето макар и по случаен избор за било која помала или независна партија е значаен придонес да се смени нешто, бидејќи според него вакви како мене има 45 %. Добра е статијата побарајте ја на фб.
Не се навредив, само истакнав дека нема потреба од таква компарација затоа што поентата ти беше убаво објаснета и без тоа. И јас сум бесна, гневна, разочарана и не гледам баш некоја надеж за оправање во иднина... ова со Кочани што се случи кога не направи рестарт и промена тогаш...
Можат да гласаат на твоето ливче, а ти да не знаеш за тоа. Многу луѓе излегуваат и го поништуваат ливчето поради овој страв, но кога ќе видиш, @JoyJoy е сосема во право. Негласање и поништување на ливче им одговара на сдс и дпмне. Ако не можете да трпите агонија, сиромаштија, неправда и тн. тогаш излезете и гласајте за било кој освен од овие две партии. Има и независни кандидати многу.
Едноставно е, со негласање и поништување ливче им оди во прилог бидејќи нема да имаат гласови другите партии, а партиските вмро/сдсм ботови секако ќе излезат и ќе си гласаат за нивните. Буквално ништо не менувате ако не гласате или поништите ливче, само им помагате на овие две најголеми шлајм партии да си се држат на власт уште дооолго, тие на тоа се надеваат. Затоа излезете и заокружете некој трет, да се види дека сепак не можат да си прават како сакаат. Многу ми е мака што немаме трета опција за градоначалник во мојата општина, но за советници барем има и тука ќе им дадам глас. После сите трагедии годинава, јас не знам како некој би ги гласал ѓубрињава и потоа би спиел мирно навечер.
Нормално, сите сега ветуваат брда и долини, прават некои предизборни активности, но видовме последните 30 години што се случува сепак. Како беше тој цитатот, правење истата работа и очекување различен резултат секој пат е дефиницијата за глупост.
А кај знаете дека нема да злоупотребат ако не гласате? Сетете се на бомбите, епа пак е Вмро на власт, финтите не ги заборавиле.
Од нив секогаш може да се очекуваат најголемите глупости. Сега е Скопје нивно и никогаш не било полошо и за жал како што стојат работите ќе добијат уште 4 години да го уништуваат. Само затоа што веројатно мнозинството се согласува со бескрупулозно лажење и крадење.
Ми се допаѓа програмата на господинот Васко Деловски (Меси), се гледа дека длабоко се посветил на неа и ако ја оствари би направил големи промени во функционирањето и напредокот на самиот град. Васко за градоначалник, бројче 112 Годинава стварно има одлични кандидати во држава ни, како за градоначалници така и за советници, да не знајш за кој попрво да гласаш. п.с. не знам само оти вака многу му трепери гласот
Се согласувам дека е подобро да се заокружи 3та опција отколку да се шкрта или да не се гласа. Ама сепак од разговори со луѓе мислам дека ќе има многу мала излезност, на никој не му се гласа. И не мислам дека Вмро стои многу јако во моментов, затоа и ниту една анкета не е објавена а ене кај се изборите.
Зошто треба да излезете на гласање: 1. Тоа е уставно загарантирано право 2. Со тоа што нема да излезете на избори само им помагате на големите партии да ви го злоупотребат гласот во нивна корист. Значи злоупотреба на изборниот модел. 3. Давање на доверба на одредена програма и луѓе со интегритет. Оваа точка е поврзана и со точката 2. Доколу не излезеш да гласаш тогаш гласот ќе ти биде злоупотребен и уште четири години ќе бидат луѓе со туѓа програма кој ќе работат против твојот интерес. Излезете гласајте во Недела, скршете ја апатијата.