Размислив и комплетно се согласувам со @JoyJoy, емоциите на страна а разумот на дело. Што поголема излезност и гласање, поголема шанса за да се смени нешто. Дајте луѓе ставете прст на чело и размислете дали сакате промена, шанса за подобро општество и надеж за подобра иднина, или повторно и повторно да се врти истото сценарио како последниве 30 години. Ако сте за првото, ИЗЛЕЗЕТЕ да гласате и дајте шанса на било кој од останатите кандидати. Ако сте за второто, гласајте си ги пак ВМРО и СДСМ и може комотно да си прогласиме самоуништување.
Гласав последно за оваа 'промена', видов дека нема промена, си ѓи спакував куферите и си отидов. Чао пријатно, ниту ме интересира повеќе, ниту гласам. Само можам да потврдам дека додека беше Зајко на власт, многу беше поубаво.
Дно дна сите до еден се… Ни нивните што беа веќе не им веруваат и не одат да се тапшаат по рамо.. Мислам дека после ова со Кочани веќе сите се уверија за какви тешки криминалци станува збор. (Ако не им беше досега јасно) Нека не се брукаат веќе со тоа рекламите со упаљачите и пенкалата..гревој тешки.
Мене ВМРО пред врата ми оставија кеса а од СДСМ чекале да има некој директ две пенкала и упалсчи на рака хаха
Место тие пари за кампањи да ги дадеа онаму каде што треба по некои фамилии, за некој што се лекува, да поправеа макар нешто..макар и да се рекламираат така. Барем некое фајде да се видеше. Ако сега народов не му е преку глава веќе од сите веќе видени работи не знам кога…
Да почнам за зборам ако не. Татко ми 30г во ВМРО со членска книшка, ни еден ден стаж на државно, све си терал сам, сестра ми аплицира на соодветно место на државно, со искуство, со магистратура, дупење на големо, синови, ќерки на градоначалници и пратеници на работно место. Ок, ајде, не бидна, не бидна. Баџанакот на Мицко убавецот, отвара фирма, КОНКУРЕНЦИЈА (не важно каде) и клиентите ѓи зима, со заканување од простиот стил 'Ако дојдеш кај мене помалку ќе платиш, ако отидеш таму х2 ќе плаќаш'. 70% од работата ја зема, мајка ми 25г стаж во фирма, со иста професија, неможе да извади за минимална плата, зошто? Затоа што Мицко и бандата гладни се, греота. Ова е еден мој личен фамилијарен проблем, да не зборам за катастрофите во Македонија што се случија, Панчо, лежи во болница, се бори за живот, излегува Крстевски, јаде гомна јавно дека Панчо не е опфатен со обвинение, за кој да гласам? За корупцијата ли во Македонија? Преку ден сообракајки, усмртени деца на пешачки, убијците со условни казни или со минимални затворски казни пошто биле деца на некои си незнам ти кој. Не ме дупи ајде бре, ја упорпастија златна држава.
Сјаши Мурто да се качи Курто Ни за едните ни за другите сум ама да го величиш Зајко кој родено дете продаваше на Ципрас и украде се што можеше да се украде ,смени име на Држава ,Магарија дресираа за милионски суми,им изгоре моделарна болница, дурмо турс,беса транс,оној Рашковски децата пари од мекици, милионски суми за лубриканти ко да само се кецаат по министерствата и да не набројувам доволно е
@Волшебен свет$$ од таквите како патиме. Старите викаа Викај ме грнче ама не ме крши. Сто пати подобро Северна Македонија напрадна и без корупција во ЕУ (премногу сме мал пазар и безначаен за да функционираме сами) отколки корумпирана и бедна Македонија (без Северна и без никакви шанси за одење напред). Ограничено гледање на нешто што е географски факт и името го отсликува тој географско факт. Впрочем ваквите глупости пак го донесоа ВМРО на власт. Со ВМРО секогаш е полошо (од двете сла поголемото се). Полошо е од аспект на слобода ј меѓународни односи. На пример ВМРО сега го прогласува за незаконски штрајкот на контролорите на летање. Забранува нешто што им е гарантирано. Дно дна се. Пак ќе кажам трета опција. Одете и гласајте. Овие злобни треба да се исчистат.
Не го величам Зајко, никаде не спомнав дека беше саалам премиер, не се доискажав дека во негово време барем сите работевме, не ми крадеше мене Зајко работа, а за сите гомнарии што ѓи направи во никој случај не го поддржувам и он ја упропасти државата. Не си зимај здраво за готово. Немој да мислиш дека Зајко без помош на Мицко отиде од државава, исто како Грујо што побегна со помош на Зајко. Да, татко ми е мирен човек, не е човек што ќе оди да превртува маси и столици за да биде на работно место. Еве нему не му завршија работа, можеа во негова чест да завршат, очигледно не им треба образовен кадар, да не набројувам на какви се позиции си се ставени они и нивните роднини, нели се бориме против непотизмот. Цел живот во кафичи работиш келнер, сега си во царина, зошто син си на пратеник, цел живот во банка, сега си однесен да управуваш со царина, цел живот си СДС, работиш во царина во време на ВМРО, зошто, роднина си на градоначалник. Молим те. Да напоменам, раце да ми се скршат што сум ги гласела за овие гнаси.
Мене нешто не ми е јасно. На вести викаат дека право на глас имаат 1.8 милион жители, а Македонија според последниот попис има 1.7 милион жители. Дали мене не ми иде математика или нешто не штима овде?
И тие што не живеат ви Македонија имаат право на глас. Е сега заради тоа тие што се на власт нема соодветно да прочистат список па ќе гласаат умрените за нив. Овој Мицко сериозен ли е? @Волшебен свет$$ има многу опции. Ама според изнесеново за тебе знаеме како ќе гласаш.