Задоволни се само тие што немаат доволно капацитет да размислат дека со покачувањето од 1000 денари не се во плус, туку минус од 600/700 денари. Толку проста раја имаме што се залажаа и им поверуваа на приказните на Мицко (кои се впрочем на ниво за второоделенче) дека тој конечно ги послушал пензионерите и ќе покачува пензии линеарно. Толку им треба, сите залетаа, мице пензии ќе не покачува. Ама џабе покачува линеарно кога те краде 700 денари, од секој пенизонер по 700, ќе си лапне братот 210 милиончиња за вџеб. Исто така лани ко се затрча, ќе им покачуваше 3000 од септември, е на крај не, не можело 3000, ќе покачел по 1000 во септември и по 1000 во март.
Каде што си по избирачки список, таму. Овде на сајтов може да провериш, каде пишува, таму. https://izbirackispisok.gov.mk/
Бидејќи е таков Изборниот законик. Право на реклама имаат: 1. Двете најголеми партии на власт (4 минути) 2. Двете најголеми партии во опозиција (4 минути) 3. Партиите што имаат помалку од 5 пратеници (1 минута) 4. Партиите што немаат пратеници (30 секунди) Левица (а и ЗНАМ) имаат 6 пратеници и немаат право на реклами. Сепак, ЗНАМ доби дел од времето на ВМРО-ДПМНЕ и имаат реклами, на Левица никој не ѝ дава.
Затоа што...еве објаснија...изборниот законик е препишан од политичка сатира од Ефраим Кишон или Данил Хармс, не ми текнува кој точно беше... Во наредната верзија да го допрецизраат законот- забрането рекламирање за партии со кои не може да се договориме за медот, или нешто во тој стил
Ги слушам кандидативе на Центар. Овие од Сдсм не знам колку време владеат таму а убедливо Центар е катастрофа од паркинг да најдеш до тоа што само никнуваат згради, а не знам како планира на толку згради што им дал одобрување за градба да направи овој Герасимовски инфраструктура. Мислам дека време им е и таму да почнат да пакуваат куфери.
Кај мене не тропнаа на врата штапските да ми дадат некоја кеса за ѓубре ќе ја искористев. Еднаш кога бев мала, груевистите ни донесоа соленки и наполитанки рефус по две пакувања од секое. мицко е скржав.
За среќа и мене ме одминаа годинава.. маичките обично ги користев за летни пижами а потоа за крпи за бришење под и прашина..
Интересно би требало да биде во Карпош, Центар, Битола (за советнички листи), Тетово, Чаир, Струмица и Крива Паланка. За Скопје очекувам втор круг на Орце и Шукова. Според мене, Шукова ќе му побегне на Амар 5000-6000 гласови, разлика направена во Центар, Карпош, Шуто Оризари и Аеродром, а Амар во Кисела Вода и Гази Баба ќе биде втор, но со мала разлика (200-300 гласа). Амар во Бутел и Ѓорче Петров ќе биде изедначен со Шукова, но мала предност и давам нејзе за 1%.
Зошто да гласам? За да си вработуваат свои? Да си прават што сакаат? По избори не те познаваат. И да гласам за помала партија ништо нема да се смени во мојата општина. Нека гласаат оние што имаат корист. Само тоа се гледа тука.
Луѓе, излезете и гласајте! Тоа ви е со устав загарантирано право! Не дозволувајте некој да манипулира со вашиот глас и други да одлучуваат за вас. Доколку не ви се допаѓаат ВМРО/СДСМ, гласајте за независни кандидати. Годинава има доста независни кандидати, отворете и разгледајте им ги програмите, најлесно е да се кажи не излегувам и после цацко ни е крив кога други одлучуваат за нас.
Оди у Карпош у Аеродром и барај паркинг. Центар е барем посреден и почист од овие две заедно. У Аеродром вода немаат на погорните спратови новите згради од што е преизградено. Преизграденоста е проблем секаде во Скопје.
За сите што сакаат да ја следат излезноста, а потоа да ги следат и резултатите: https://rezultati.sec.mk/mk/mayr/t1
Во општина Карпош сум. И си купив паркинг место фала богу. Бидејќи од Стевчо воопшто не сум задоволна не планирам да гласам за него секако. Центар за чисточа ако збориме зависи каде. Летоска имаше трева до колена кога идев накај клиника таман да почнат змии да лазат. Не знам зошто не може да се искоси. И вака гледано ретко кој градоначалник се замара за општината.
Ќе правеле ова, ќе правеле она, од ова нивно "ќе" ништо нема да има и ништо нема да направат, единствено што ќе направат е швалерај Протекоа „жешки“ снимки помеѓу Дехари и вработена во општината и криминал Разговор на Јанкуловска и Ставрески открива криминал на Битолскиот градоначалник? Кривична против скопски градоначалник и пет вработени во општина: овозможиле фирма да се стекне со протиправна имотна корист Кривична пријава за градоналникот на Крива Паланка: Политика или криминал? Кандидатот за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ дел од шумската мафија? ... како и до сега
Не гласам, ми се гади од партии, посебно од дпмне и сдсм, тоа не се партии тоа се секти.Кандидативе се олош до олош, единствено Амар ми изгледа поразличен, ама се ми изгледа дека е глума.Мислам дека овие избори ќе бидат едни од оние со најмала излезеност, и дека ќе гласаат само членови кои зависат од двете секти погоре што ги набројав.