Беа, се и ќе бидат изнапикани, и од едните и од другите, и освен месец дена кампања, останатите 4 години заедно си се дружат
Во “албанските” општини, изминативе денови еден куп автобуси пристигнаа од дијаспората, а ние се туфкаме дали да се излези на гласање на 500м. оддалеченост на изборното место.
И за името излезе цела држава ,па пак се смени , тоа беше само формално да се каже народот излегол и гласал а унапред се договорено ,а, бе важи.
Од тоа неизлегување на гласање си патиме. Излези 15 минути, гласај за кој мислиш дека е правилно, буквално има избор во секој град а да не е ВМРО / СДСМ. Не го разбирам народов.
Како мислиш не го разбираш народов? Јас совршено го разбирам: знаат дека кој и да биде - исто ќе биде. И што ако гласаат?
Znaesh koga kje dojde podobro utre? Nikogash. Mala partija nema da pobedi. Sega po izborive koga kje si napikaat kadri. Da glasam? Za shto? Haa.
И јас знам дека дијаспората нема право да гласа на локални и мене ме чуди, некој поупатен во темава нека каже ако знае.
А, бе што Ви е Вас што терате луѓе да гласаат ? Јас државно работам па не одам да гласам , ау свашта , Вашите гласови ги чекаат хаха мислете си.
Јас не живеам во Мкд и појма немам дали имам право на глас не сум се заинтересирала ,можеби треба.И да имам ќе се решев за неважачко,како и претходните години кога случајно сум се нашла во мкд.за време на избори.Јас лично благодарение на тие партии морав да се отселам од сопствената држава
Не се искача зошто сите с(м)е разочарани. Толку години се влечкаат едни исти проблеми низ општиниве. Немаш пат, немаш одвод, нема чистота, фаќаш врски за уписи во градинка, општините се дисфункционални, се средуваат документи на свои, се даваат дозволи на свои. Идеме да гласаме за Јанко од вмро да се вработи , па следен пат Станко од сдсм и се така во круг. И Трајанка од општина да раб до 12ч и да си се шета низ продавници во работно време и да пие кафе во партиските кафичи гага.
Е затоа Албанците кои ни се трн во око си напредуваат изминативе 30 години, додека ние паралелно со нив се враќаме трипати побрзо назад. Дека се сложни. Цела Европа ја донесоа на гласање ама ние ќе си ќутиме. Седете и гледајте. Е после Заев и Мицко им давале, епа да за жал, зашто ние претходно на избори им даваме амин за тоа.
Со не-излегување, не се прави промена. Можеби има уште илјадници или десетици илјадници како вас што размислуваат, па ако сите тие се одлучат да гласаат ќе се постигни промена и тоа како. Ама најлесно е да се кука, не чини државата, нема промени… тие промени мора некој да ги покрене, да биде поддржан. Меѓутоа, со вакво размислување господ на помош нека ни е.
Ако се искочи на гласање ќе имало подобро утро зар уште верувате во партиите и тие што ги водат. Ништо нема да се смени, никогаш нема. Некое чудо да се деси Али тешко е тогаш можеби нешто. Сите се исти сите сакаат да седнат на фотелја, а за тоа обеќаат брда и планини. А најсмешно или најтрагично да се каже е кога гледам по ова рекламиве е што обеќаат улици, игралишта, старечки домови еј па тоа е најнормална работа во другите држави, не можам ми се гади од сите нив. Сега светци се прават, а после за народот никаде ги нема. Да треба да се излезе ама да се поништи ливчето.