Што имал ќар тој од Канада што ќе гласал во Долнени? Па ти ја земале општината со активно и сложно делување, гласање, најубавите општини се нивни, тоа е ќар ипол. Крушево нема педијатар, оделе во Долнени, тропаш на малцинско портиче како бедник за основно, и во Крушево еден или два битика имаат, оделе да пазарат во Долнени. Со пари, слога и народ се се прави. Не се себични, ќе си плати авион, ќе дојде ќе гласа за некој нивни да зема пари како советник 4 години, да ставаат пари во џеб, да имаат повеќе, не се будали и лабилни.
Па важно ,клати врата зимај плата е државно и баш јас треба да гласам како што рече еден член ,не сум гласала пошто Арно ми било , и не било важно ,баш за вработените робови во државно е битно , од тоа зависи дали од канцеларијата ќе те стават чистачка ако дојде и победи некој нивен
Ne mala 0 treba da e za da propadnat izborite za sleden pat da ne.im.tekne toa sto im e obvrska da se falat deka rabotele 21 veke se falat sp asfalt i begaton plocki ccc
Добро де доста со тоа не треба да се излезе и да се гласа или да се поништи ливчето. Треба да се гласа за некој трет. Само така се дисциплинираат онир на власт.
Точно... ќе чекаме да заврне подобро време не ми се одеше ни мене ама бев. И гласав различно од досега што сум гласала и прв пат чувствувам дека гласав исправно. Не дека мојот глас во случајов ќе смени нешто, сам човек не може да менува. На парламентарни пак ќе гласам различно од досега и сметам дека само така може да се сменат работите. Со молчење и седење дома ништо... затоа сме овде каде што сме за жал.
Во Македонија треба да има парламентарни избори на секои 2-3 месеци дури не се научат да работат. Локални помалку важно, нашле овие крадоначалници, советници село без кучиња, и тие си прават што сакаат.
A шо ни преостанува друго освен да веруваме и да се надеваме? Протести не, гласање не, надеж не, верување не… Цел живот ќе туркаме и крпелкаме…
Избориве смрдат на чад.. На изгорени души, згаснати соништа, скратена младост..Избориве смрдат на пеплосана држава! Без нималку срам, човечност, достоинство.. без ништо пак и пак по 100ти пат излагате пред народов и барате глас... а народов пак инаетлив упорно и ви го дава. Токсична врска што трае 30 години без намера да се опорави или пак просто да се раскине.. Се ни земавте..Воздухот,здравјето, младоста, годините, другарите па дури и идолите. Нашите најубави години никако да се погодат со најубавите години на државава. Затоа и си одиме. Оти маќеа е државата за нас. Зошто со Кочани.. ја изгоревте и последната капка надеж за Маќеадонијава. На чест да ви е што мирно спиете!
Офф не дека верувам јас ама не сме дале шанса на некој трет досега... се само истите а од нив видовме се досега и не ми даваше срцево да заокружам како досега што сум заокружувала а и неможев да го направам неважечко, а искрено тргнав да го направам неважечко... неможев така. Мора да се смени нешто а друг начин незнам
Ова дождливо попладне, предам во креветот и планирам и остатокот од денот да го поминам во иста положба. Во мојата општина има тројца кандидати, вемеро, сдсм и една од Демократи која е сачувај боже. Надежта ми умре со шарена, после тој дебакл, ме заболе што ќе се дешава со оваа неуспешна, вештачка творба, немам никаков оптимизам, ни желба за промена. Промената која ја сакам е оставање на бродот да тоне и замена на бродот со јахта.
Јас пробав да го заменам бродот со јахта ама не успеав. Се надевам ти ќе успееш. Сега во бродов учам втор факултет... хахах разни судбини
Со среќа нека ти е. Само да знаеш на јахтите ти ќе бидеш на под нивото на морето. Ќе уживаат тие што јахтата е нивна. Ако своето не знаемо да го унапредиме за ништо друго нема да не биде.
Сега станувам, Велес изгледа како да врнело, полувлажни се улиците, може е уште од вчера. Сакав само да звучам поетски срцка . Па и сега сум под нивото, плус на хаотичен брод кој плови кон санта мраз, како онаа на Титаник. Не мора јахта, ќе се задоволам и со мало кајче во посредено море. И без риби и животински свет кој е ,,топол", ,,гостопримлив" и ,,кроток".
Реално многу мал процент гласа од дијаспората а вака во бројки се многу никогаш нема 1 800 000 да гласаат а вака ако гласаат само државјани на мк 1 394 000 во моментов со право на глас секогаш скоро има 800, 900 илјади гласови и имаме некаква слика.