Никогаш до сега не сум гласала, уствари можеби само еднаш одамна исто за градоначалник мислам беше. Не ми се одеше, ама бев и гласав за трета опција.
Ако не се дејствува, нема ништо да се промени. Никој не ве тера да излезете да гласате, само нема смисла да очекувате нешто да биде подобро, ако седите дома. На избори се менува власта, тоа е. Народот дава, народот треба и да зема ама со ваква пасивност и безнадежност, греота за државава.
Се надевам ќе стигнам да гласам. Некоја трета опција. Можеби за проф. Горан. Ниту една од двете главни. Да направеа некаков чекор после трагедијата во Кочани, можеби да. Како млад човек сум дефинитивно многу разочарана. Сакам некоја нова власт, иако имам само 1% надеж во мене веќе.
А изборите што се? Можеби треба да пишуваме 150 мислења на фемина во еден ден место да гласаме, тоа е промената.
Па и кога излегувавме масовно да гласаме како етникум, македонските партии гласаа за амнестија на хашки случаи, двојазичност на цела територија, назначуваа учк ветерани за министри и претседатели на собрание, последно ете и Артан Груби им ,,побегна". Исто ни се фаќа.
Не отидов да гласам, едноставно не сакам да губам време и да им давам легитимност на овие шарлатани. За подобро Скопје, единствено глас за ВМРО е изборот, не затоа што имаат некаков план или добри кандитати, туку ако друг победи, како Данела ќе го блокираат градот 4 години и градот ќе продолжи да тоне, и без никаква казна од гласачите повторно ќе бидат избрани. Стварно мизерна држава сме.
Мој претпоставки за како би биле резултативе во некој општини според тоа како функцинираме: За Скопје: Орце Гази Баба: Бобан Стефковски Карпош: Стевче Кавадарци: Митко Битола: Коњановски Аеродром: Митевски
Мене ми здосади богами од двете и од вмро и од сдс. Затоа денес сум задоволна од тоа што го направив. Од кога памтам за себе се или едните или другите. Време е за некој трет, доста е се што имаа, кажаа