Не знам тоа искрено, ама според ДИК убедливо водат и за Совет, баш убедливо. Не можат тие да добијат клоца, буквално што и да направат, макар и најболното, Скопје во Шкупи да го преименуваат или Меџити да го кандидираат како нивен (тажно што ова треба да го пишам како најболно покрај сите труења) - ќе добијат. Некапацитетно гласачко тело за кое и iq60 е комплимент. Едит: Совет за Скопје од ~50% обработени според ДИК: 35 000 дпмне, 11 000 влен, 11 000 Левица, 10 000 дуи, 9000 сдсм.
Не се реални резултативе луѓе, или имаме проблем како општество со изместени вредности и неписменост Вмро да води во Кочани???? Не не ми е верно!!!!
Луѓе бре, еве кажа сега Арбр дека имаат градоначалник во Чашка, а тоа на Дик веројатно е закочено, видете колку малку гласови се, околу 500 обработени. Мапата на Дик не е ажурирана.
Јас па ти го прочитав мислењето и се попалив ко мајмун си викам ДАЛИ Дпмне ќе го јаде у Скопје... Али коа проверив...
Додадов и во мислењето погоре. Совет за Скопје од ~50% обработени според ДИК: 35 000 дпмне, 11 000 влен, 11 000 Левица, 10 000 дуи, 9000 сдсм. Другите се ситно, со неколку стотина гласови.
Овие од вро дпне(намерно без м) што луѓе ќе беа бре? И покрај се пак за нив гласаат. Што објавуваат резултати секаде води вмро и тоа убедливо. Сдсм ги казни и членството не ги гласа. Пвие другиве како слеп за стап се фатиле. Па искрено донекаде не е ни чудно сите што ги знам а се вмроовци се одвратни луѓе по карактер. Безобразни до немај каде. Се такви луѓе им се гласачко тело. Никогаш нема да успее трета опција не поради тоа што не излегува народот туку поради тоа што овие никогаш нема да престанат да го гласаат ВМРО.
Влегувањето на Амар во втор круг е само по себе извонреден успех, огромно изненадување и едно земљотресениЈе за вмро. Ако успеа сега, може да успее и во втор круг. Третата опција по која се трага 30 години сега е многу блиску до успех, можно е да има огромна излезеност во Скопје на втори. И треба!
150-160 илјади гласачи? Цело Скопје? Пих. Една масовна излезност во втор круг и сите против вемерето. Ама чекај сега, втор круг се бира меѓу вмро и влен?
Не не, овие од Дик уште се неофицијални и на пола обработени, изгледа албанските општини се први завршени, затоа е така. Инаку од Левица објавија дека Амар оди во втор круг, од нивна аналитика, а гледам и медиумите така објавуваат.
Јас колку што знам направи булевар на Партизанска шо после диспанзеро беше кал година и повеќе. Колку пати летоска немаме вода на 40 степени? Насекаде никнаа згради, метежо е… Цело време е гужва нема кај да се паркираш. Дали сдсм се поарни? Не. Исто како шо и Иван не е китка