Влен ќе му ги даде гласовите на вмро и пак Амар нема да може да победи за жал. Бидејќи во Тетово вмро му ги дава гласовите на влен.
леле не ми се верува човекот да е алчен не знам, колега ми беше. Прескромен и префин е, колку пати вака прегледувал без пари, ми нема оставени слика на алчен….
Излезноста е мала што значи дека сепак изборите ги одлучија тие што не излегоа. За промени треба масовна излезност.
Не ве читав претходно може сте коментирале ама дали сериозно во Кочани има толку гласови за вмро и сдсм? Само Кочани го отворив и се запрепастив, луѓе што е со вас таму? Општо ми е срам што пак се гласа за двете опции ама Кочани и Штип за грев. А оној гинекологот од Кочани грев гревосан, каков одвратен човек.
Не знам погоре така пишаа. Па и влен да се втори ќе се договорат на вмро да му ги дадат за Скопје, за да му ги даде вмро на влен во Тетово. Бидејќи без гласовите на вмро влен во Тетово нема да победи.
Колку само да За овие 4 год мандат, градот е прероден, во вистинска смисла. Сори бат јес Ако не беше добар немаше да победе со 15 000 гласови разлика
Оној од вмро Грозданов, кратко работеше во Ремедика и веројатно заради ќерка му мораше да си даде отказ. Ќерка му беше тешко повредена, од тоа што го знам со тешки изгореници и ампутации, на него до политика му дојде. Брука.
Ама овие вмровците ко ќе ги пратат да се фалат сегде па и на ФОРУМИ, а таман си реков тука барем ботови нема...
Али овие створењата од советници кои имаат примарна професија која нема никаква поврзана со политика, треба да им се стави забрана да ја работат својата примарна работа ако сакаат да бидат советници. Не може бе секој фудбалер, аптекар, доктор советник. Нема кој метла да фати.
И кај нас е мала разликата изгледа ќе има втор круг леле кој ќе ги трпи пак. Гледам од Вмро пишале победивме во првиот круг, поголема победа во вториот круг.
Добро што направил толку, ништо посебно, секој ќе го направеше тоа, еден булевар што направил. А зошто толкава разлика, бидејќи заклучивме дека македонците се ретардирана и ментална нација психички и медицински.
50% + 1 треба некој да има за да се заврши трката во втор круг. Значи на 10 000 гласови, 5001 да има победува. Ако не грешам.
Не не, види, не е едно, многу има направено реално. Не знам дали си била тука порано и сега да увидиш разлика, значи буквално е сменето од корен. Не сум бот, далеку сум од тоа, ама дека мнозинството тука сме задоволни од него, искрено сме. Не зашто е вмро туку стварно си го бива, дури знам и од сдсм членови симпатизери што сами признале дека ете едноставно си е вреден, задоволни како изгледа после се. А има некои и заинат ќе зборат но тоа е. Вака што и да кажам е малку, да се дојде, да се доживее треба
Прочитав по некој статус од родителите на децава од Кочани и срцето ме здоболе. Само они знаат како им е да делат воздух со зли безкичмењаци од сограѓани. Г’’з а не глас, ќе дадат за лична корист, а па што корист у пм, дудлаат за минималец на државно. Да се нема ништо свето во животот еј. Во Куманово инаку, корумпиранава манипулаторска свиња пак ќе не јава. Сериозно ако има некој од форумов од Куманово гласано за вепарот Максим ве молам напишете ми пар аргументи зошто дадовте глас ЗА, баш ме интересира.
Едно време Скопје беше сдсмовски град. Па им го пукнаа филмот и веќе не беше. Па и од вмро е пукнат филмот.Влен мен топки големи.
Знаеш кој ги гласа? Оние кои се вработени од нив. Имаше многу вработувања после короната. И ќоро и сакато примија. Кога видов кои жени се учителки во школото кај што учеа децава, косата ми се крева. А партиските лижачи мора да гласаат за да не добијат отказ. Одат по врати да делат маици, пенкала и капи. Штета што нема кафе и локум. Се јавуваат по телефони за да убедуваат да гласаат за Вмро. Мора да се редовни на митинзи и состаноци. Ужас. @Ahoy и Сдсм не се ништо поарни. Народов не се научи да гласа за трета партија. Кој води во Карпош? Стевчо вика ќе имало втор круг. Сотир кажува дека победил Мило ми е што си заминав од државата.
10 год сум во оваа населба, никој пред тоа со прст нема мрднато. Благодарение на Иван имаме асфалтирани улици, детско игралиште наместо кокошарник, нови цевки за водовод. Не можеш да оспореш некои работи. Детски игралишта во секоја населба направи, дино паркот, киното, новиот парк што се праве, многу асфалтирани улици, нови водоводни цевки. Бочваро 1 посто не направи и многу нормално пак да го гласаат