Муабетот ми беше дека со договор ќе победат. Ме знам дали читавте дека вмро ги тера своите да гласаат за влен во тие општини каде што немаат претставник во тие градови каде што поголем дел се албанци. Срамота е да тераш македонец да гласа за албанец, зошто не ставаат свои претставници туку така се договориле со влен.
Во изминативе неколку години дпмне секојдневно му вршеше опстрикции на Град Скопје и скопјанчиништава денес гласаа за кандидатот од дпмне. Не можам да сватам дали ова е за смеење или за плачење.
За плачење е. Не се научија да гласаат за карактер на кандидатот. Упорно гласаат за партијата која е на власт
Според ДИК Тони има 50.8%, така да тесно е официјално гледано, ама од партиските аналитики веќе е објавена победата, вклучувајќи и коментар на Габриела на Фејс. Така да, веројатно е завршена трката во прв круг таму.
Гласате за монструми што дозволуваат да изгорат деца, да умрат луѓе на онкологија. Го напраив неважечко. Е така, се му ичкртав. Дур мислев и костур да им нацртам
Волку голема разлика е нездрава за мене, не знам со што вмро заслужило толкава поддршка, државава без престан оди во распад.Веројатно ради името на партијата, луѓево мислат ако гласаат за дпмне гласаат за Гоце Делчев, ја друго објаснување немам.Сдсм мораат под итно да најдат нов лидер, за греота се.
Втор ќе има во Битола мислам бе. Сега ги кажуваа сите општини кои избрале прв круг, ама Битола не ја кажаа.
Епа сега дпмне има апсолутно мнозинство секаде и секакво. Апсолутно мнозинство во Влада, Претседател на држава, со градоначалници нешто повеќе од 2021 ама совет гледам на многу места гледам дека земаат и по 50%, така да… нека ни е со среќа. Вакво апсолутно мнозинство не е добро за никој, освен за врвовите. Ова значи дека сигурно ни следува режим, кој патем веќе полека и ни се случува, а сега ќе биде неконтролиран уште повеќе. Тоа значи дека сите наши следни незадоволства, ма колкави и да биле, многу веројатно не би можеле да ги решаваме најдемократски, како што тоа се направи на локалните 2021, па и овие, а најмногу лани на парламентарни и претседателски. Вечно нема да владеат тоа сигурно, ама дека уште долго ќе ни се изживуваат, тоа дефинитивно. И ова не го зборувам за да фаворизирам сдсм или било кој друг. Фаворизирам опозиција. Здраво и потребно е да имаме силна (и сложна!) опозиција. Пример за тоа е периодот кога сдсм беше на власт, каде дпмне беа силна опозиција, а со Левица уште погласна опозиција, па така секој крив потег на Владата тогаш беше дочекуван на нож и секој ден гледавме разрешувања, повлекувања, итн. На другата страна на спектарот, слаба опозиција значи Србија сега. Значи Македонија каква што бевме во еден период од пред 10 години. Нека ни е среќно. Уште еднаш докажавме дека од грешките на знаеме да учиме.
Да овој ментален народ мисли дека Гоце Делчев ќе стане и ќе се чита манифестот од Крушево. Па добро такви им се митинзите на Вмро револуционерни патриотски, со кама револвер…