Случајно отворив за струга и гледам независни неколку,левица,дуи,демократи и работничка Нема сдс и дпмне
Иначе, во Кавадарци и Штип актуелните градоначалници се со освоени 77÷ од гласовите, така да очигледно е дека работат како што треба, барем така ние од страна може да претпоставиме. Ама добро, како е можно при тројца други кандидати во Карпош да го бираат пак Стефчо за уште 4 години?
Решението е, ако мене ме прашуваш... Ама ај, да не пишувам тука свашта. Кое подобро утре, човеку? Какво утре? Колку години имаш ти? Ако си над 25 - уау, па браво штом веруваш сѐ уште во бајки! За кого ќе биде подобро утрето? За мене - сигурно не. Од 18 години, откако имам право на глас, ништо се нема сменето. Ама буквално ниш-то. Тоа што има сѐ помала излезност говори дека: -Гласаат само пензионерите -Младите не се замараат со политиката во оваа букојебина -Се замараат само младите на кои им зависи работното место -Нема веќе млади во вукојебинава -Луѓето се разочарани од сите можни комбинации и сеедно им е А, знаеш што се случува кога ќе ти стане сеедно?
Во Кавадарци ги купил Митко со се гаќи сите, империја има изградено, најбогат градоначалник во Македонија, а не дека е најдобар.Само официјално има 10м имот, а две реченици не знае да состави, го имаш во поткаст кај Ландов, ко да го слушам дедо ми покојни.
Многу ме нервираат овие вмро по сите основи... Нека немаат. Требаше да ја поддржат Јована. Ама што има вмровци, мислат дека Левица е црниот ѓавол лично и невозможно е да се вразумат. Се лево ориентирано демонизираат.
Точно, почнувајќи од Кожувчанка, Синалко, акции во сите големи фирми низ Кавадарци итн. Важно им го направи градот, одете Гевгелија да ја видите, кој од кој по несаалам, градот го упропасти.
Се чека Скопје сега. Каде ќе се докаже тоа дека се гласа за партија,а не за личност и интелект. Орце им е кец на десетка. Данела беше препаметна за да ја контролираат,ама овој што незнае патики да врзи е најдобар за влечење за уши. Шлагот ќе дојде за брзо. Ќе биде шок за многумина дури и за симпатизерите на Вмро. Чекаат пакет за Тетово,Струга,Скопје. Спремајте си документи кој нема за легализација на објекти. Охрид е решено веќе Пецак и Нефи. Соломонското решение е на пат. Тие стабилна коалиција,дивоградбите преку ноќ ќе станат легални,а ние ќе молиме да ни дадат дозвола еден гулабарник да направиме зошто сме смртници.
Така е, нема збор. Многу згрешија и уште грешат, посебно со тие нивни инсајдерски кавги. И другиве се караат, и со Јанчев, ама знаат дека им е добитен па за избори си се другарчиња. Овие прво Максим го пуштија низ вода, па и сега, а посебно лани им зеде тој доста гласови. Годинава Струмица така ја искоцкаа, а на многу места ноу нејмс кандидираа, дискутиравме и тука мислам тоа уште одамна. Така да… не сум изненаден, ама сум разочаран.
Можеби, но треба со закон да се забрани некој да владее повеќе од два мандати.Кој да го смени него кога пола Кавадарци работи во фирмите таму што се негови, и уште колку има што се водат на други имиња а он е сопственик.Мислам дека и на 90г со катетер кога ќе оди, ќе го гласаат.Како Ѕинго у Кратово, додека не умре беше на власт, па сеа е син му.
Сигурно така ќе биде и тука, мене ми стои дека ќе си владее дур он си сака и си може. Нека владее, барем да го средува градот. Се дур на народот му е добро, никој не ја пипка власта.
Нека владее секако не сум таму . Не знам колку пратиш, ама он требаше да биде претседател на вмро, ама го шутнаа на конгрес,го избраа Мицко, па им беше лут, сакаше независен да биде, па отиде во Будимпешта кај Грујо, му удри две три заушки, и еве го сеа пак е најголем вмровец
Пратев повеќе се дур не си заминав од МК. Инаку убаво си направил, којзнае на колко промили алкохол е бил само. Сеа веќе пуштив вода по гомната.
Не знам дали го знаеш Кавадарци пред него и сега,има голема разлика (на подобро) Е сеа шо е малце така ко неписмен тоа не гледа никој.