Уште еднаш ќе ти реплицирам. Прво. Јас моето прави на глас го остварив. Што ќе направам со ливчето е мое право. И пример ако заокружев за Левица, ќе ми пишеше е зошто Левица? Второ, веруваш во фер и демократски избори? Јас, не. Трето, ти текнува дека гласаа починати лица? Мислиш дека оваа година нема да има?
Тогаш барај сдсовка што отишла да гласа на референдум за промена на името предавничка што мислела дека има право да менува библиско име
Не знам зошто се чудите зошто гласаат за вмро и сдсм. Гласаат за работа им имаат ветувано или веќе ги вработиле. Замислете да немаше партиски вработувања колку ли за нив ќе гласаа, волку гласови не верувам дека ќе имале. Кај нас така функционира мораш да се молиш на некој од политиката да им тречеш по кампањи. Мислете народот ги сака, не ги сака туку од мака ги гласа, гледаат како глава да спасат за подобро утро. Кај нас ќе има втор круг, ама не сакам вмро да победи не сакам да му ја гледам наркоманската фаца на градоначалникот, долги години беше градоначалник па изгуби и сега пак се кандитираше, остави златна плата за да граде уште малку му беше крадењето. И од сдсм не е поарен. Вчера ги заокружив сите не сакам за никој од нив да гласам а друга опција немав.
Имаат со Влен мнозинство а тука е и Знам, поалабо поминале од претходниот пат ама пак можат да формираат мнозинаво во советот.
Е баш од недавање шанси сме тука. Кога си гласал ти за независен или трета опција па за да кукаш овде дека не чини? Вие си ги гласавте лани, еве годинава пак, вие ќе си ги трпите.
Среќа кај нас нема втор круг, ќе го правев неважечко со некое уметничко дело ама не заокружувам веќе ни сдс ни вмро... никој од нив. Се мислам и да се откажам од гласање скроз... незнам веќе што е паметно. Ова безредие, лицемерие... неможам да ги гледам ни едните ни другите
Единствено што бојкотирав беше референдумот за промена на името. И зажалив. Тогаш се покажа зошто не треба да се бојкотира, еве и сега е истото. Прогласуваат победа со најмала излезност досега. Последниве неколку избори, и локални и парламентарни, гласам за партии кои на крај добивале мал процент, но барем излегов да гласам. Подобро тоа отколку седење дома и кукање како ништо не чини. На толку незадоволство требаше масовна излезност да има. А премногу ми е криво што потфрливме во мојава општина, во првиов круг имавме шанса да се спасиме од долгогодишно уништување на градов ама ете, од небо ќе паднело подобро утре.
И јас, требеше да се оди на тој референдум и да се гласа против... ама и се договорено им беше. Незнам веќе...
Се распаѓаме со брзина на светлината, кое црно библиско име.Овие 30 години милијарди изнесоа од државава, “бранејќи” го библиското име.
Прв круг не успеавме да го вратиме Кичево, за втор круг ќе видиме. Ако има мицко барем малку мозок во таа црпката, треба да побара од влен да го поддржат Александар. Вмро им даде градоначалници во Чаир, Тетово и Струга, ако не успее да се избори и да договори гласовите од Лимани да одат за Александар, тогаш комотно нека си даде оставка како најнеспособен и најпредавнички политичар.
Во нивни мозок од интерес им е, а и реално им е моментално, порти секаде ширум отворени. Тргни од колку масовно вработување имаше летото, мислам дека се што постоеше невработено, а нивно, вработија без решение низ сите институции. Нема место кај да седат веќе в општина. Зошто додаваат даноци за онлајн нарачки и глупи закони за телефон на пешачки? Па треба тие луѓе плата да земат. Да не зборувам за кандидативе за советници, од трето место натака собирани кој како влегол прв в штаб. Катастрофа. Што знаат да советуваат, каде е шемата за време на пауза? Тоа за право од сите партии беше така на овие избори. Плус, нивен градоначалник и сѐ што ќе посакаат имаат. Си кажа и министерот Андоновски на една изјава од митинг, градоначалник прво за вас (се обраќа кон нивните), после и за сите други. Глуп народ силна држава.
Се ми е јасно мене. Што да се прави тогаш? Ние не се буниме, седиме пред телефони и пишуваме на фемина колку ни е лошо и колку сме пропаднале. Овие сите за во оган се... една рака луѓе цел народ уништија. А што се однесува до името... во моментот мислев дека не сум јас таа што треба да придонесе за тоа да се смени. А исто така, мислевме ако нема излезеност нема да можат да направат нешто... ама тие ете направија. Е, ама да, бев таа што требеше да придонесе да не се смени и згрешив што не отидов... ексик
Добро дали се нормални овие што пишуваат? Како бе партија стара и богата како СДСМ може да си дозволи вакви бруки, леле.
Ниту кукам ниту ме боли К.. ниту зависам од нив а тоа кога сум гласал за независен или зависен или обесен не е воопшто твој проблем, лично мое право
Гледам снимки од Куманово, оро како играат за Максим, кој прв излезе на референдум за името да гласа да се смени, па и песна му измислиле.Во орото фатени вмровци, роми и албанци, само тие и останаа во државава, Македонците се иселија.
Погледнете на ФБ, радио Бум Кумановските ЗНАМ-ци Македонци оро вијат на оригинал циганска песна секако прилагодена на нивната советничка листа и кандидат за градоначалник