Форумџика на годината

Локални избори 2025

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 29 мај 2025.

?

За кандидат на која политичка партија ќе гласате?

  1. ВМРО-ДПМНЕ

    50 глас(а)
    16,4%
  2. СДСМ

    21 глас(а)
    6,9%
  3. ДУИ

    2 глас(а)
    0,7%
  4. Влен

    1 глас(а)
    0,3%
  5. Алијанса на Таравари

    0 глас(а)
    0,0%
  6. Левица

    80 глас(а)
    26,2%
  7. ЗНАМ

    6 глас(а)
    2,0%
  8. Независен кандидат

    21 глас(а)
    6,9%
  9. Друг

    3 глас(а)
    1,0%
  10. Ќе го направам неважечко

    42 глас(а)
    13,8%
  11. Нема да гласам

    79 глас(а)
    25,9%
  1. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.571
    Допаѓања:
    10.920
    Пол:
    Женски
    мицкоски е бетер од заев
    и ништо чудно што со бц си е здружен
     
    На Снегулк@23, DS10, Amelia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    Да победев вчера за градоначалник на било која општина немаше да се радувам воопшто.. Има многу за работа.. многу криви за исправање ако сакаме да напредуваме како другите држави.. овие граоначалници сега треба чистат ѓубре 4 години а после да мислиме за мостови, тунели, брани..
     
    На Снегулк@23, Amelia и JoyJoy им се допаѓа ова.
  3. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    9.896
    Пол:
    Женски
    Се радуваат, рокаат огномети и се во еуфорија пошто целта си ја оствариле, да си седнат у фотељата и да си лапаат парички. Ништо ама НИШТО друго не ги интересира, за жал.
     
    На Снегулк@23, SummerGirl, Amelia и 3 други им се допаѓа ова.
  4. BigMisterP

    BigMisterP Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2015
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    106
    Не знам како било во другите градови, ама Битола Коњановски со 50.5% победи, буквално 150, 160 гласови да имаше помалку и ќе имаше втор круг, кој голема веројатност и да го изгубеше. Критичниот период од 16 до 19 сатот имаше масовна мобилизација на луѓе од вмро да гласат, од куќи ги вадеа буквално. А патролираа и мафијашчињата што се поврзани со Коњановски и Пеце Милевски.

    А во однос на советот, ГРИН на Кртојте си ја одработи валканата работа, му обезбедија мнозинство во советот. Така да очекувајте сите проекти урбанистички кои не му поминаа на вмро претходниот мандат, да поминат сега. Отварања на хотел и нови згради на Кртојте кај касарните, градење згради над Нова Битола под Брусничка населба. Буквално ќе ги спојат и ќе го уништат најголемиот зелен простор во Битола и ќе го заменат со бетон и асфалт.За депонијата во Новаци да не споменувам, таа е веќе одамна изгласана.
     
    Последна измена: 20 октомври 2025
    На christinnn, Ahoy, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    37.974
    Пол:
    Женски
    @quattro виц е ова за политичкава стабилност со ВМРО или не. Прво со сите сме пак испоакарани. Надворешна политика нула. Благодарение на ВМРО тапкаме во место се ЕУ интеграции, Албанија е пред нас. Чисто за споредба.
    Второ партијата пак апла влегува во диктатура. Забранија штрајк на контролорите на летање. Штрајк да забраниш што треба да е загарантирано право на вработените, особено во институција од која зависи безбедноста на сите треба да си мрднат.
    Таква ли политичка стабилност сакате? Ако да тогаш стварно нешто ви фали. Уствари се гледа дека фали КОчани го избра ВМРО после се. Во Македонија ќе да е дека живеат мазохисти. Или луѓе што абер немаат од тоа што е добро или лошо.
     
    На Golden, Bratot, christinnn и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.700
    Допаѓања:
    4.757
    Пол:
    Машки
    Така е, предобра последна реченица.
     
    На JoyJoy и azelea им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    38.194
    Пол:
    Женски
    На ова само ќе додадам:
    Немојте да се чудите после ако и Албанија (скоро 100%) откако пред нас ќе влезе во ЕУ ни испорача некакви барања |( Оти, лесно е да се лажат лековерни, глупави луѓе со флоскулите „Името не го даваме„ ама затоа државата може да ја продадеме :^)
     
    На CekajDaSeIsl, Снегулк@23, DS10 и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.700
    Допаѓања:
    4.757
    Пол:
    Машки
    Веќе е, со промена на името од, реално - претходната власт.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    9.783
    Пол:
    Машки
    Нели СДСМ ги реши проблемите со соседите?
    Како сега државата е раскарана со соседите?
    Не гледам Грција да мрчи, ни Србија, ни Албанија. Проблемот со Бугарија е од друг аспект, што треба да направи Владата за да ги отпочне преговорите државата? Да ги прифатиме во устав, тоа е сакаш да кажеш?

    А знаеш дека еве да речиме Бугарија може да откочи, ќе ги внесиме во устав како што викаш. Но што ако на Данска и засмета ѓубрето во Вардар? Ако некои други земји речат не? Каде беше СДСМ кога преговараше за името со Грција да го земи во обзир Кипар? Грција нема да блокира, но ако на Кипар му текне да речи ми смета името Северна Македонија и стави вето? Која е гаранцијата дека ќе станеш ЕУ членка ако ги решиш проблемите со соседите? Еве ако се јават трети земји?
    Толку беше плитко размислувањето на Заев што ја уништи партијата, е затоа е ова што е сега. Абер немаше ни од внатрешна и од надворешна политика а притоа и партиската политика ја уништо со што ја пропадна партијата.

    Што треба Владата да направи, да ги оттргни сите црвени линии тоа што го правеше Заев?

    Државата моментално е стабилна политички, бидете среќни што не ни се случи нова политичка криза. И главно нешто, ДУИ е декласирана.

    Нема да дојдат нови.
    Оваа држава е дво партиски систем ко САД. Смее ли некој да ги замени Демократите и Републиканците?
    И еве да речиме да дојдат нови, зар мислиш тие нови ќе бидат поарни? Како ќе бидат поарни кога го имаат истиот мајднсет, кога се родени, растени, живееле со истите луѓе како овие другите. Е да, освен тие нови да бидат од некоја трета земја дојдени политичари ко Бугарија шо имала австриски цар, тогаш да, може би имало промена. А "ново" македонче, ѓабе е, се знај дека за 5 пари се подмитува, дали бил нов или стар, коа ќе те удри парата во глава ништо не гледаш ни лево ни десно макар и светец бил пред тоа.
     
    Последна измена: 20 октомври 2025
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    38.194
    Пол:
    Женски
    Да, затоа „партиотиштава„ ве мафтаат со лажни ветувања дека ќе го вратат името, а всушност полека, но сигурно ја продаваат државата. Дел, по дел. За каков патриотизам збориме, кога во Тетово и Струга ДПМНЕ им сугерира и наложува на нивните поданици да гласаат за албанец, при македонски кандидати?! Од ова поголемо предавство, нема!!! Почекајте, ќе видиме кога Албанија ќе не претрка со членство во ЕУ, какви барања ќе ни испорача. Со оваа власт на Мице, ЕУ ќе го почекаме дооолго.
     
    На CekajDaSeIsl, christinnn, DS10 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.700
    Допаѓања:
    4.757
    Пол:
    Машки
    Таман си, може и било договорено за кога се смени, они да бидат. А они, исто така..може и си седат заедно, а ние се караме, секако.
     
    На JoyJoy и rainbowec им се допаѓа ова.
  12. lia22

    lia22 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    3.207
    Пол:
    Женски
    ВЕМЕРО сега ке го врати името (без грижи)
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Женски
    Буквално ова тргнав да го напишам, кога ја прочитав @JoyJoy
    Допрва ќе се затвориме како држава и ќе бидеме целосно изолирани. И уште поутепани. Што реално и и одговара на власта за никој да нема контрола врз тоа што го прават (читај: крадат)
    @quattro Ако се растени луѓе тука, не значи дека се исто растени и под калап, и со тој глуп мајндсет кој грото од народот го има. Да бираш од помалото зло или сите се исти. Се докажало и во минатото и сега дека имаме квалитетен кадар и поединци што сакаат нешто да направат и сменат, само остануваат во сенка и се дискредитираат до максимум од страна на партиски полтрони и политичари што се плашат од конкуренција зошто имаат iq80. И убаво би било на Данска да и засмета ѓубрето во Вардар, може бар ќе го исчистат.
     
    На Bratot, DS10, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    9.783
    Пол:
    Машки
    Ако зборуваме во реалноста, нема помало, поголемо зло, леви, десни, центар, се е исто. И тие нови ако би дошле, ќе бидат истите. Тој е народот, тоа е семето, не може да биде друго.

    Друго нешто ново, трето, баш шо ќе донеси промена, е политичари од други земји да дојдат со висока свест, јасност и башка култура. Оти ова ако го очекуваш од некој нов а е роден тука и има ваков мајдсет, ѓабе ти е, промена само на збор, а на дела нигде и гледање на личниот интерест само.

    А свеста на народот да не фрла ѓубре и загадува, постои?
    Тие ќе исчистат може, но што ако утре овај народ пак фрла ѓубре? Кој е виновен, локалната самоуправа или ти како граѓанин поединец?
     
    Последна измена: 20 октомври 2025
    На Priroden и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. MrsBrown

    MrsBrown Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2024
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Амаре, зашто си уште у парламент, а сакаш градоначалник да бидеш.
    Убаво е така нели, да си бидеш осигуран и гајле да немаш, битно функција имаш.
    Сите се исти, дно лумпенпролетаријат
     
    На Black girl, Cutiepie1, quattro и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    3.561
    цел град е залижник на една населба која константно го труе градот. И тој наместо да го реши проблемот од корен излегол да слави со нив..
    Со тоа им се помоча на сите во фацата и стави јасно до знаење на чија страна е.

    Најтажно е што конкуренцијата му е бетер па затоа лагано добива.
     
    На SummerGirl, st-el, Amelia и 2 други им се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    37.974
    Пол:
    Женски
    @quattro дојде Фод Дер Лајен и убаво ни кажа. Само кој сакаше да слушне.

    Се зансеуваме како млади зелени магариња дека ние сме нешто битни. Што е најстрашно она што некои таму го сметаат за пораз може да се протолкува и како победа. Ама испрани мозоци не знаат да мислат. Пример името: ако има Северна има и Јужна. Ама не ние сме единствените што некако успеаја во сопствениот идентитет да се внесат мрзење кон себе си и кон тоа што сме. Идентитет никој со сила не може да ти смени. Ние сами одбравме да го менуваме и да внесеме одредба дека сме продадени души и патриоти. Глуп народ глупи одлуки. Орден за будалаштина е малку. Со луѓе што ги двојат и закрвуваат сопствените луѓе нема напред.

    Односите ни се со сите официјално заладени. Неофицијално со Вучиќ и Орбан ќе переме пари преку Алфа Банка. Стабилност на ниво.

    ВМРО игра на картата да го држи статус ков приклучувањето кон ЕУ. Зашто само така може полесно да краде и лаже. Грујо тоа го сфати па во 2008 одби да потпише договор за името кој беше поповолен од сегашниот. Да го потпишеше на време немаше Бугарија да може да ни стави вето. Ќе влезевме заедно во ЕУ. Ама Грујо јак патриот испадна. Покраде се што можеше и не можеше и побегна.
     
    На DS10, Tanjamm, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.282
    Допаѓања:
    39.794
    Пол:
    Женски
    2025 сме а сеуште изборните програми се темелат на канал, водовод, асфалт, за каква Европа зборите ?
    Овој бекатонка народ нема капацитет ниту афинитет за Европа, ги интересира само трето класна бекатонка пред порта и леб на маса.
     
    На christinnn, DS10, Калатеа и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.717
    Допаѓања:
    200.599
    A јас не знам какво Еу има врска со локални избори? Еу треба за да се собира ѓубре и за да има јавен превоз или како? Еве, кај мене ѓубреџиите што збираат контејнери и лисја од паднати дрва, плата дирекно од Брисел им иде. И по дома Еу ми чисти, офкорс.
     
    На forumce и FlirtBerry им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.190
    Допаѓања:
    42.004
    Пол:
    Женски
    Како да ти кажам
    Нормално да се темелат на асфалт кога ГАЗЕМЕ ВО КАЛ, нормално да се темелат на водовод кога цевките ни се од времето на Југославија. Кажи еден градоначалник што може да направи за да влеземе во Еу?
     
    На Golden, diskreten32, Amelia и 1 друга личност им се допаѓа ова.