Не се согласувам дека сите се исти. Па побогу и тука на форумов не има со различни мислења. Колку луѓе родени тука се успешни на страна така? А тука се родиле. Апсолутно треба и индивидуална одговорност. А ако ја нема треба казни. Едноставно е. Во теорија де, пракса еве гледаме како е. Нит некој казнува, нит луѓе свест имаат.
Опааа ете го Орце на кафе со новиот градоначалник на Чаир. Провидни уште пред почеток. Мх мх сега супер, сите криминали ќе му ги дозволи. Ајде мислам за Амар да се поддржи многу е поправилно периодов!
Па сеа .... Ајде ќе речам за ѓубрето сме сами криви. Ок. Еве така нека е, макар што не е целосно наша вина ама ете нека биде. Јавен превоз немаш ало друже. Му текнало ќе штедиме па автобусот во 7.30 нема да тргне од Припор, ќе тргне во 7.45. Ни известување ни ништо. Баш ништо. Луѓе стојат и си го чекаат тој во 7.30. Гужва-митинг. И после сите патници кои требало во два автобуси се начукуваат во еден. Тој веќе на третата станица е полн и за седење и за стоење, а луѓето од останатите 10 постојки? Во кој да се качат? Ќе мора во следниот нели? Нови 30 минути чекање. Па ќе им скратат од плата ни криви ни должни. Државиче со квадратура 25 000км2 ПРУГА нема. Ќе граделе сеа со Бугарија. Каква Бугарија друже? Ти гледај поврзи го Охрид со Скопје со пруга (пример), за к*р ми е пруга до Бугарија. Му се прди на ЕУ за гној ко нас. Нејќе да не дружи бе. Нејќе да зема во друштво некоја пијавица, си вика шо ќе ми се, шо имам јас од нив? Ништо, а ќе треба да му ги бришам лајната. И така
Левица за да има над 100.000 гласови, многу треба да работи на терен, еве во Источна Македонија доживеа фијаско, во поголемите градови, освен на ниво на Скопје каде е во подем), во споредба со изборите од лани, или изборите од 2021, гласовите се преполовени - Битола, Прилеп, Штип, Велес, Струмица, Кавадарци....а можеше многу повеќе.
Во Прилеп Левица со кадарот што го има можам да речам се држи супер.. сега го имаа Жаре кој е поинтелегентен од другите.. на изборите 2021 има 2 советника сега имаат 3 и во Кавадарци е исто имаа 1 советник сега имаат 2, извадија советник во Струга бастионот на ДУИ и кривогаштани бастионот на СДС. Кампања водеа на инстаграм и фејзбук без билборди и без реклами..
Народ кој не научил да избере мудро, секогаш ќе го живее животот во грешка. Изборите се огледало и ако не знаеме да гласаме правилно, ќе гледаме иста слика, со нова рамка.
Жаре е супер, мислам со него советот никогаш нема да биде ,,мирен". Левица извади 3 советници на сметка на слабиот резултат на СДСМ, иначе имаше помалку гласови во однос на 2024 и 2021. Она што и треба на Левица, е активност на терен, на пример советниците еднаш неделно да имаа средби со граѓани во секоја населба, маало, да презентират програма, пред секоја седница да имаат срдеби со граѓани, да ги информираат, подруго е кога на некој ќе му пристапиш во живо, отколку со статус на фб. Еден мој близок сакаше да гласа за Левица, вика не ги знам ни кој се од листава, имаат дојдено низ населбава?....
Па толку е ,,ваша,, вина било што, колку што земате плата за тоа. Ако си градоначалник земаш плата за градот да функционира, ако си советник земаш плата за советот да функционира, ако си ѓубреџија земаш плата за да собираш ѓубре. Ако ѓубреџијата не зема плата, кој е виновен? Или кој решил да ,,штеди,, на автобуси и зошто? Да не зборам дека е срамота да се збори за автобус како единствено решение за јавен превоз во толкав град. Инаку ни еу по дифолт не значи дека имаш канализација, или асфалтиран пат, или што-јас-знам, од Хрватска до Финска има толку различни ЕУа, ехее... Сите научени дека некој друг ќе им ги реши проблемите, до преѓе Белград, сега Брисел. Му се прди на Брисел за контејнерите во Скопје - точно, колку што ми се прди мене дали комшиката напраила омлет или прасе печено - јас ако не си напраам ручек, јас ќе бидам гладна. Ете товА на тема локална самоуправа
Јана (Независни заедно, или како беше) и Зелен Хуман Град влегоа во совет на Град Скопје, независни за Карпош изборија 3 советници, исто во Центар влезе независен + Новотни од Зелена Иднина.
Шовинистичка, традиционалистичка нација, се плаши од промени и поарно вечно ќе си гласа вемерото да спроведува организиран грабеж. Реков јас, парламентарни избори на секои 3 месеци се додека политичките субјекти во мк не почнат да работат и тоа нешто корисно за народот, ама неее, рано било за проценки, да им се дадело време од 2-3 мандати
И треба да гази народов кал се додека ги гласа едните исти кои претходно 3 пати им ветиле асфалт. Зошто мислат дека некој кој 3 пати ги преварил, 4от пат ќе го исполни ветеното ? Избор на градоначалник на локални и те како има влијание врз државни избори, каде ќе бираш партија која има или нема Европски инспирации. Ретко кој гласа градоначалник од една партија, а на државни избори друга партија. Со самото седнување во фотеља на крадоначалниците одма започнува пуштањето пипци низ сите сфери, се регрутираат луѓе, се задолжуваат, се вработуваат луѓе кои утре имаат обврска да гласаат по инструкција и тоа не самите они, туку и список да достават со други гласачи.
Пре би гласала за некој тазе сељак од Свирипичино дојден и истиов да победи, барем шанса да му дадеш него истиве лајна да ги јадам по 5 пати.
Па не значи бе Фане. Има куќи во град што немаат канализација, има згради што немаат централно греење, има куќи во планина што се намерно во планина и не му пречи земјен пат, има коњи покрај хотел што шетаат (од ова бев искрено шокирана и јас)... единствената разлика е што никој не им ветува ,,ќе ви (го) туриме асфалт . Како и да е, ништо од тоа нема врска со Еу.