Локални избори 2025

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 29 мај 2025.

?

За кандидат на која политичка партија ќе гласате?

  1. ВМРО-ДПМНЕ

    50 глас(а)
    16,4%
  2. СДСМ

    21 глас(а)
    6,9%
  3. ДУИ

    2 глас(а)
    0,7%
  4. Влен

    1 глас(а)
    0,3%
  5. Алијанса на Таравари

    0 глас(а)
    0,0%
  6. Левица

    80 глас(а)
    26,2%
  7. ЗНАМ

    6 глас(а)
    2,0%
  8. Независен кандидат

    21 глас(а)
    6,9%
  9. Друг

    3 глас(а)
    1,0%
  10. Ќе го направам неважечко

    42 глас(а)
    13,8%
  11. Нема да гласам

    79 глас(а)
    25,9%
  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.902
    Допаѓања:
    42.783
    Пол:
    Машки
    Во Тетово, синоќа победа се славела со знамето на голема Албанија. Победи кандидатот на ВЛЕН.
    Во Тетово вмровците гласаа за кандидатот на ВЛЕН, по насока на светата партија, јер коалиционен партнер.

    Значи, во Тетово вчера вмровците гласаа за голема Албанија, истите тие вмровци кои пред само осум години од уста на вадеа тиранска платформа. Истите тие вмровци збор не рекоа за британскиот кредит ака скриен договор за доселување на мигранти, иако пред само три до четири години креваа паники насекаде поради пакистанците кои ќе ги носела Владата на Заев, што секако не се случи.

    Многу набрзо, истите тие вмровци, тивко ќе се согласат на промените на Уставот. Тогаш магично ќе заборават на јулските протести од пред две три години и ќе не убедуваат зошто внесот на бугарите во Устав треба да се случи. Ама тоа дури сега, кога позицијата им е загарантирана во наредните три години, додека ние изгубивме минимум толку молејќи се со нив, за да берат политички поени со кои денес ќе се наоѓаме во ова политичко сивило и надворешен статус кво.
     
    На CekajDaSeIsl, Bratot, JoyJoy и 14 други им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.080
    Допаѓања:
    124.280
    Пол:
    Женски
    Абе некако им го регулирале тоа, не серат и не мочаат дома во леген, нели? :)

    Има врска Билке, се тоа има врска со Еу и ѓубрето и автобусите и патишта и пруги и чист воздух...се си има врска во големата слика.
    Надворешна работа е муабетот со Бугарите. Ние внатре за сами себе не сме ко шо треба, друг сакаме да не сака. Не можи така срц :shake:
     
    На CekajDaSeIsl и JoyJoy им се допаѓа ова.
  3. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    2.687
    Сите се залагаат за подобра инфраструктура што е жално. Тоа до сега требаше да биде решен проблем.
    Ами каде се покачувањата на платите, подобрување на здравствен систем, МВР, АРМ, извоз на македонски производи. Мамето нивно, се приватизираа, а на овие дебиливе што гласаат за вемеро и сдс умот не им иде.
    Има овој народ некое пореметување у главата.
     
    На Golden, lovestoneddd и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.801
    Допаѓања:
    24.302
    Пол:
    Машки
    Ќе дојди времето кога збор нема да има македонецо че молиме да не земат Бугарија, Србија или Грција, наместо косоварите. :D
     
    На JoyJoy, Aschenputtel, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.778
    Допаѓања:
    93.312
    Пол:
    Женски
    Точно,вмровците гласале за Били ама и сдсмовците и Левица за Дуи односно Бајрам Реџепи за да добијат коалиција на власт во Тетово и вработувања.
    Тоа е со години така од 2002 наваму, не е ништо ново, бидејки тоа и двете партии го сметаат за единствен начин да бидат дел од локална власт.Не ја познавате проблематиката таму.
     
    Последна измена: 20 октомври 2025
    На CekajDaSeIsl, H.VAGA, Lollipop_123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.830
    Допаѓања:
    9.218
    Пол:
    Женски
    Левица и сдсм си имаат свој кандидат. Како тоа гласале за дуи?
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.778
    Допаѓања:
    93.312
    Пол:
    Женски
    Левица имаа да кандидат да ,СДСМ немаа,никогаш и немале.
    Иако најмногу штета во Тетово направи Знам.Имаа листа и ги расцепкаа гласовите,па Македонците севкупно имаат советник помалку.
     
    На JoyJoy и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.902
    Допаѓања:
    42.783
    Пол:
    Машки
    Не ми го сфати контекстот мислам, инаку јасно дека е така отсекогаш. Пишав за споредба на двојните стандарди, за тврдокорноста што повеќе личи на покорност и за адаптабилноста за личен интерес, а индиректно и за тоа што значи апсолутна власт :)

    Проблем е да пискаат за тиранска платформа, албанизација на Влада, албански втор јазик во државава, да бојкотираат попис па да плачат за голем процент на албанци, а од друга страна да гласаат за некој што знаат дека после ќе им плука во гласовите со знамето на голема Албанија.

    Ги коментирам вмро зашто тие имаат 50% од гласовите, сто илјади гласови повеќе на ниво на држава од Левица и Сдсм заедно.
     
    На Bratot, JoyJoy, Lollipop_123 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.702
    Допаѓања:
    4.760
    Пол:
    Машки
    Левица да, ама сдсм немаат.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.830
    Допаѓања:
    9.218
    Пол:
    Женски
    Аха не знаев дека немале Сдсм.
    Секако во Тетово македонец нема шанса да победи.
    Ама ја сфатив поентата на @Ahoy , цел фб беше со слики како советници од Тетово преку вибер го тераат членството да гласа за Влен.
    Дуи претходно не знам дали добивал гласови од Сдсм ама секако не му ни требале македонски гласови. А додека пак влен без македонски гласови тешко дека би бил пред дуи.
    А најголема грешка е што не ставаат свој претставник а збореа зошто Апасиев ставил претставник во Тетово и Струга (facepalm)
     
    На Amelia, JoyJoy и Ahoy им се допаѓа ова.
  11. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    5.560
    Пол:
    Машки
    На 8 мај победува вмро, на 12 мај грците веќе се закануваа со ембарго... Толку од надворешната политика на дпне.
     
    На Amelia, Снегулк@23 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.160
    Допаѓања:
    14.927
    Сте се запнале Ромите вака, Ромите така. Па зошто славеле? Да не се Ромите, ќе сонувате двајца Македонци во втор круг. Србите на Стоилковиќ си отидоа посебно со братска листа, земаа 3 советници, со Вмро во добри времиња земаа по 2. Ќе ти се моли некој тебе како да си бог. Тој ќе гласа, ти ќе се перчи и газда ќе се правиш. Ете ти дека се во ќар што одеа сами, а не привезок на Вмро.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.778
    Допаѓања:
    93.312
    Пол:
    Женски
    Не се двојни стандарди туку политика колега, а политиката и лажни коалиции знаеме што се.
    Но локалното население македонско во Тетово е секогаш колатерална штета, без разлика од која партија секогаш ги лаже централната власт.
    Тоа е отприлика вака , е дадеме во Те за да добиеме во Скопје.
    Со години се лаже населението од сите партии за централни цели.
    Или:
    Гласајте за Албанец во Те бидејки така ќе бидат иста централна со локална власт па ќе се направи школо за македончињата или ќе се вработат 200 луѓе кои ќе останат во Тетово.
    Затоа гласаат 20 год.
    Или се работи за трампа, гласајте за него во Те ќе ни пуштат тие во Брвеница или друго место.
    Тоа е реалната слика.
    Во Тетово македонските гласови се пресудни за избор на градоначалник.
    Без нив досега не е избран.
    И претходно со Теута Арифи и сега со Били.
    Инаку изедначени беа во Те.
    И ќе биде интересен вториот круг за градоначалник.
    За жал територијалната поделба направи да во Те никогаш нема шанси Македонец.
    Сите поголеми албански села ги дотурија во Те, а македонските ги тргнааа.
    Затоа е џабе кандидат Македонец во Те.
     
    На CekajDaSeIsl, JoyJoy и Ahoy им се допаѓа ова.
  14. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    819
    Пол:
    Машки
    Еве Кочани
    (не знам дали смее линк да се постира,ако не нека го избришат)
    https://www.facebook.com/share/v/1AE7Aa8Czp/
    Нема потреба од коментар
     
  15. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    4.103
    Допаѓања:
    6.479
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како не можат да се консолидираат и договорат македонските партии и коалицираат и еве вака се лажат со албанските, не ми пречи етникумот ама сигурно некоја од мк партии повеќе ќе соработува и ќе се залага за македонија отколку овие мафијаши што вадат албански знамиња на митинзи во македонија
    Screenshot_20251020_222513_Facebook.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    На CekajDaSeIsl, Anie93, Аргентина * и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.702
    Допаѓања:
    4.760
    Пол:
    Машки
    Иии јас еднаш се прашував, ама мора да има алб партија во коалиција, затоа.
     
  17. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.374
    Допаѓања:
    19.295
    Пол:
    Женски
    епа јбг орце срцката е ова :inlove:
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.169
    Допаѓања:
    10.463
    Пол:
    Машки
    Коалиција се ВМРО и Влен. Се договорија таму каде што немаат шанса, нивните гласови да одат за владиниот партнер.
     
  19. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    4.103
    Допаѓања:
    6.479
    Пол:
    Женски
    Тоа ми е јасно, ама зошто и на парламентарни мораат со нив да коалицираат?
     
  20. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.169
    Допаѓања:
    10.463
    Пол:
    Машки
    Така е договорено уште со Рамковниот договор кога го правеле. Победник од Македонски блок и Албански блок заедно да коалицираат. Но меѓутоа Влен не беше победник на парламентарните а сепак е во Влада, но ВМРО тоа го направи ради тоа што ДУИ не коалицираше со ВМРО туку со СДСМ иако СДСМ не победи на тие избори.
     
    На CekajDaSeIsl, JoyJoy и Cutiepie1 им се допаѓа ова.