Форумџика на годината

Локални избори 2025

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 29 мај 2025.

?

За кандидат на која политичка партија ќе гласате?

  1. ВМРО-ДПМНЕ

    50 глас(а)
    16,4%
  2. СДСМ

    21 глас(а)
    6,9%
  3. ДУИ

    2 глас(а)
    0,7%
  4. Влен

    1 глас(а)
    0,3%
  5. Алијанса на Таравари

    0 глас(а)
    0,0%
  6. Левица

    80 глас(а)
    26,2%
  7. ЗНАМ

    6 глас(а)
    2,0%
  8. Независен кандидат

    21 глас(а)
    6,9%
  9. Друг

    3 глас(а)
    1,0%
  10. Ќе го направам неважечко

    42 глас(а)
    13,8%
  11. Нема да гласам

    79 глас(а)
    25,9%
  1. vlado_45

    vlado_45 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2024
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    ЗНАМ на изборите лани во Карпош имаше околу 3.000 гласа, а Гром само 900, сега Гром за советници има речиси 4.000 гласа, а ЗНАМ едвај 1.200.


    Што се однесува за Тетово, Гостивар и Струга, по избирачкиве места се познава дека гласачите на СДСМ (не сите, но во голем број гласале за Левица и за некој друг Македонец од помали партии.
     
    На JoyJoy и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  2. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    3.941
    Пол:
    Машки
    Не мора, сдс и дуи го прекршија договорот за коалиција меѓу победник со победник, и комотно можеше вмро да напраи влада со знам и левица, дури и широка влада со сдс, ама не сакаа.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    802
    Пол:
    Машки
    Не гласав и неќам да гласам и на вториот круг ама едноставно сум приморан. Стевче не можам да го гледам веќе така да ќе морам за Соте јбг.
     
  4. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.352
    Допаѓања:
    5.486
    Пол:
    Машки
    2020 беше последната шанса за широка влада, вмро-сдсм. Тогаш ќе имаа 90 пратеници заедно, што им душа сакаше ќе изгласаа. Ако се настојуваше да има албанска партија во владата, можеа да коалицираат со ДПА која со 2 пратеници, во владата би била неважна како сдс во владата на Таче.
     
    На CekajDaSeIsl, Stark, Andrijano31 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    37.974
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata се кај нас има врска со бирање подобар живот (ЕУ стандарди) или амин за крадење. Пример во Скопје воздухот е загаден зашто централната власт дозволува увоз за горење од странство, а локалната нашето не го собира и штом ќе го собере го гори во Дрисла. Кога истите се на власт и во централна и во локална власт имаат и повеќе можност за малверзации, крадење, корупција и слично.

    @Cosmi @Ahoy лицемерноста на ВМРО на овие избори најмногу во Тетово и Струга се виде. Како и секогаш. Срамота е тоа што го прават. @Cosmi и јас сум врзана со градот, ама ова што го правеа на овие избори ВМРО е срамота. Пораки, славење и слично. Не личеше ич.
     
    На JuLleE, Angie1432, lia22 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.872
    Допаѓања:
    42.530
    Пол:
    Машки
    Моралниот пад и суровост на овој политички актер нацијата не го дочекува со ликот од „Врисокот“ на Едвард Мунк – туку со рационализации и немар !

    Моралната точка на прекршување и самоспознаја за нацијата станува гласањето и однесувањето на политичките актери во и за Кочани.


    Не е важна повеќе партиската математика на победниците и губитниците на изборите. Не е важно дали биле во право тие што претпоставувале дека падот на владејачката партија ќе бидат 100.000 гласа долу и дали полека ќе расте опозицијата. Тоа престанува да биде повеќе важно.

    Зарем не им е доволно 53 и кусур општини? Но алчноста на провинциските сатрапи не престанува? Кочани е најважно бидејќи таму треба да се сотре меморијата… постојаниот врисок на родителите на убиените деца.

    Колумна на Фрчкоски:
    https://libertas.mk/vrisokot-na-koc...mEDpypimy_Oeml0rMY_aem_n7yJFzCtpM9hj5Oy0nFeuA
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    37.974
    Пол:
    Женски
    Фрчко ич не го сакам, ама за Кочани е потполно во право.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.987
    Допаѓања:
    14.622
    Гледав денеска детално. Во Тетово Македонците имаат многу малку советници, во Гостивар Македонците бројчано се помалку, а советници освоиле повеќе, веројатно искористиле момент на слаба излезност на Албанците и дошле до повеќе советници или во прашање се гласачи Роми, тие де што ви пречат оти песна пееле. Нема никаква логика 15% Македонци во Гостивар да земат неколку советници, шанса нема, пак е тоа шлепање на ромски грб. Кичево, Македонците имаат 9, Албанците 10 советници. Гласовите од тој 1 советник пак ќе донесат победа на Албанец, но тоа не значи дека Македонците треба да се откажат, никако. Чашка е отидена засекогаш. Дефинитивните податоци покажуваат дека албанските гласови се во водство со 100 и повеќе, а тоа е како цело едно село плус. Идни избори, Чашка има да биде како Долнени, недостижна мисија, трајно изгубена територија во срцето на Македонија, а таа демографија се билда од 1900 наваму, тие не се донесени од Тексас, Калифорнија како очајните и пристрасни лажат, родени се во Велес. Куманово има доста советници Срби, што од српската партија, што од Вмро и Сдсм. И така и треба да биде, не е должен никој да глуми Македонец оти ги нема доволно. И на вас што не ви чини ромската песна, да не сте желни за ќотек? Пред некоја година албански деца кај комитет пред куп таксисти Македонци со шипки тепаа дете на еден директор од Вмро, во болница заврши во Скопје со тешки повреди, ќутат, не коментираат од страв, се ок, ваму песна ромска пречела. Добар дел од Македонците се Бугари станати, Ромите не се државјани на Бугарија. Македонците ги искористуваат Ромите, не обратно, со нивни гласови земаат советници, пратеници и после тоа Ромот збира ѓубре за минималец, Македонецот зема 3.000 евра сосе патни трошоци, па и глумат тука лудило. Живееле покрај река, бре, па таму се со векови, не од вчера. Чекале со култиватори да ги викне некој да сечат и носат дрва, бреејјј, а Македонци што продаваат пред пазар и што менуваат девизи на улица како поарни, а? Албанци со години продаваа надвор од пазар, па ништо, севкупно катанга, и никој не е поарен од другиот.
     
    Последна измена: 21 октомври 2025
  9. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    8.875
    Пол:
    Женски
    Овие избори ја отсликаа простоќата и мизеријата на народот.
    Али запрепастена сум од Кочани…Наместо да ги казнат за трагедијата во Кочани тие ги наградија?! Можно ли е бе луѓе, како, зошто??? Требаше да бидат казнети од целата држава, ама од Кочани посебно.
    И малку ни е се што ни се случува, очигледно не заслужуваме како народ ништо добро.
     
    На monibejbi, CekajDaSeIsl, Waverly Raven и 16 други им се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.571
    Допаѓања:
    10.920
    Пол:
    Женски
    Јавни претпријатија се претворени во партиски штабови. Mи излегуваат на фб, таму се собираат, организираат и слават. Ова не е OK. He e нормално.
     
    На CekajDaSeIsl, lovestoneddd, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    5.997
    Пол:
    Женски
    Можеш и да поништиш
     
  12. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    5.997
    Пол:
    Женски
    Можеш и да поништиш,тоа е начин да кажеш дека гласаш ама не си задоволен од понудата
     
    На Queenche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    5.997
    Пол:
    Женски
    Ние сме болни како народ најверојатно со неизлечлива дијагноза, кочани требаше да има излезеност 0, или сите поништени ливчиња, а не ова
    Не ми е реално 65 жртви имаме, 65!!!! И да секој од нас можел да биде таму, и не ми е јасно тие што гласаат се нивни соседи, пријатели, познаници, роднини!!!
    На страна од жртвите имаме преку 200 повредени со трајни последици и инавалидитет, плис колку од фамилиите заработија болести како притисок, дијабет и што се не уште болести кои индиректно водат во смрт
    Искрено преразочарана сум од резултатите на овие избори
     
    На monibejbi, CekajDaSeIsl, lovestoneddd и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.720
    Допаѓања:
    14.781
    Пол:
    Женски
    56000€ дик му доделил на кандидатот за градоначалник на Карпош, од ВМРО. 56000€ за реклами. Алооо, алоооо отвори се земјо голтни не, или дај да се самораспуштиме ко нација…

    Да се едитирам, ова само за вториот круг.:fubar:
     
    На Queenche, CekajDaSeIsl, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    3.941
    Пол:
    Машки
    Само си го оправдуваат името дик, глупи се ко дикови
     
    На revolut, Panda00, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.351
    Допаѓања:
    135.880
    Пол:
    Женски
    Видовте за што го обвинуваат Амар вмровциве? До таму дојдоа ?? Гнаси.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.238
    Допаѓања:
    14.314
    Za shto?
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.351
    Допаѓања:
    135.880
    Пол:
    Женски
  19. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.238
    Допаѓања:
    14.314
    На monibejbi, SummerGirl, Снегулк@23 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    8.145
    Пол:
    Машки
    Младите ги пуштија по вода
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.