Во Лондон прашинка нема на пат а не глувци.Мрднатава ако шетала по канализации во Лондон, тогаш може гледала пацови.
Па на толку неработење општо и не треба да не изненадува што глувци почнаа да искачаат. Или глувците работат за странски служби.
КОНТРОВЕРЗЕН СКАНДАЛ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ — кандидатот за градоначалник О. Ѓорѓиевски обвинет за семејно насилство, иако жртвата не пријавила поради страв Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се најде во центарот на голем скандал откако извори блиски до семејството објавија тврдења дека тој физички ја нападнал својата сопруга пред неколку недели. Според изворите, инцидентот не бил официјално пријавен поради страв и притисок. „Таа е исплашена и не сака да излезе во јавност“, вели еден од соседите, кој побарал да остане анонимен. „Семејството е во шок, има притисок од двата краја — и од дома, и од политичкиот тим на кандидатот. Не знаеме на кого да му се обратиме.“
Они први почнаа со обвинување на Амар без докази, а сега овие им враќаат. Не чини вака да се расфрлаат, но Орце прв почна и си го бара.
Почнаа рекламите на Орце: “Ќе го исчистме Скопје за 72ч.” Значи какви местенки прават, тоа страшна работа. Не можам сфатам, како има луѓе шо мислат дека само Данела е крива за ситуацијата со ѓубрето, па и општо за состојбата на Град Скопје. Но, како и да е поразително е тоа колку луѓе НЕ ГЛАСААТ, арно ама по социјални мрежи и во секојдневен живот се црека како ништо не чинело, државата се распаѓала итн.
Овде еден пензионер, 75 год сигурно има, се дере по поддржувачи на Левица за пе*ери гласале и неколку пати го повторува тоа ПЕ*ЕРИ, се надвикува... Hе им е срам на повозрасни лица, со семејства, со факултетско образование, такви изрази да користат и да урлаат по млади луѓе. Oвие гласачи ќе ти одлучуваат за иднината на земјата во коjа живееш.
Вториов круг се сведе на тоа дека сите ќе гласаат. Или ќе излезат и заокружат или ќе седат дома и така својот глас ќе го дадат за ВМРО. Неопределени нема на избориве Јас и првиот круг, а и овој ќе гласам за Левица. Димче ич не го можам, многу ми е одвратен и антипатичен, ама од сите понудени опции, оваа ми изгледаше најприфатлива. Видовме што направија претходнициве. Особено ВМРО со последниов мандат. ГНИДИ, ЃУБРИЊА и фигуративно и буквално. Убедливо најголемото зло што ја снајде државава и Скопје до сега
Супер тоа, ако навистина има поголема излезеност во вториот круг, но бидејќи за советнички листи се гласа само во прв круг, а тогаш излезеноста беше помала, оти нели што има да се гласа, безвезе... Советот на Град Скопје, ќе има најголем број албански советници досега, за сметка на помала излезеност во доминантно македонски места.
Во 2025 година, кампањата за раководство на еден главен град сред Европа се сведе на тоа кој ќе го ичисти и дератизира главниот град. Туго и бедо македонска.
А, бе секој знае да застане 5 минути пред камери и да се преправа дека работи. Пошо они го доведоа Скопје до ова дереџе, да сме сложни треба да ги натераме они да облечат униформи и да чистат самите. Ама не сме...
Креирај го проблемот, продавај го решението. Сега излегуваат ѓоа загрижени за ситуацијата, а што е јакото им веруваат и пак ќе ги гласаат. Жими се треба тест на интелигенција да се прави за да можиш да гласаш.