Форумџика на годината

Локални избори 2025

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 29 мај 2025.

?

За кандидат на која политичка партија ќе гласате?

  1. ВМРО-ДПМНЕ

    50 глас(а)
    16,4%
  2. СДСМ

    21 глас(а)
    6,9%
  3. ДУИ

    2 глас(а)
    0,7%
  4. Влен

    1 глас(а)
    0,3%
  5. Алијанса на Таравари

    0 глас(а)
    0,0%
  6. Левица

    80 глас(а)
    26,2%
  7. ЗНАМ

    6 глас(а)
    2,0%
  8. Независен кандидат

    21 глас(а)
    6,9%
  9. Друг

    3 глас(а)
    1,0%
  10. Ќе го направам неважечко

    42 глас(а)
    13,8%
  11. Нема да гласам

    79 глас(а)
    25,9%
  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.872
    Допаѓања:
    42.530
    Пол:
    Машки
    А добро во која функција овие преземаат вакви активности? Никој од нив моментално, ни Сотир од Карпош, не се на функција. Многу провидно. Па не можам јас да излезам сега макар и вујко имал градоначалник да му барам камиони за да го чистиме Скопје.

    Лабудивиќ како заменик-министер евентуално не можеше нешто на ниво ма Влада да преземе? Или и ѓубрево го смета за руда и минерални ресурси, па да се насобира? :x
     
    На CameliaMiller, Tanjamm, FriendOfDorothy и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    18.623
    Пол:
    Машки
    Јас стварно кога ја прочитав веста Орце и Лабудовиќ отидоа заедно да го чистат ѓубрето низ Скопје помислив засукале ракави и во работнички чистат по улици, а тоа тие двата да ти застанале пред камионот од комуналното и си прават муабет колку да се дешава нешто а во позадина батињата од Комуналец фрлаат ќеси со ѓубре дали фрлаат насобрано кој знае од кога :|
    Ноо сепак не е се така црно, вети Орцета обединување но не на народот полека не скокајте одма, туку на механизацијата, ќе ја обединел за 72 часа само ако се доберел до власт, ќе ја обединел механизацијата бе (facepalm) :D
    Ѓорѓиевски: Ќе ја обединам цела механизација на градот, за 72 часа Скопје ќе биде исчистен
     
    На Amellie13 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  3. Travertino

    Travertino Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2025
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    У скопје ако гласате за орце ( самка) треба уште отсега да се селите
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.762
    Допаѓања:
    135.231
    Пол:
    Женски
    Орце како претседател на ЗЕЛС може да побара помош од другите општини во државава, но и нему како и на останатите кандидатите целта им се знае. Да залажат народ дека се справуваат. :D
    Владата е централна власт и по правило не смее да ѝ се меша на локалната власт (иако знаеме дека љуби да се меша за многу работи). Единствено преку прогласување на кризна состојба ќе може да донесе некаква мерка која нема да се гледа како мешање.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.661
    Допаѓања:
    92.474
    Пол:
    Женски
    Нема да има поголема излезност вториов круг, а за совет е секогаш попаметно да има поголема излезност ама во право си, не излагаат тогаш.
    Мојот кандидат за градоначалник не влезе во втор круг и јас нема да гласам, не излегувам.
    Зошто би гласала за Орце кога Кисела Вода не ја среди, а не пак цел град.:?:
    Или пак за некој си ли изникнат Амар:?: кој питајбога дали има некакви си способности да води главен град.
    Не ми влева доверба воопшто дека е способен,повеќе филозоф без ден стаж, а да гласам од инает е глупо.

    Повеќе ме интересира дали сдсмовците и Левица ќе го донесат Дуи до победа во Тетово и особено ме интересира дали Кичево ќе успее да добие Македонец градоначалник.
     
    На Travertino и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.762
    Допаѓања:
    135.231
    Пол:
    Женски
    Не мора да го гласаш Амар, не мораш за никој.
    Но не викај дека е без ден стаж без да провериш.
    Во ова интервју спомнува што има работено и пред да влезе во политиката. А и во политиката не е вчерашен.
    https://360stepeni.mk/video-profil-...adiot-pretendent-za-gradonachalnik-na-skopje/
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.661
    Допаѓања:
    92.474
    Пол:
    Женски
    Завршил политички студии.
    Работел во кол центар и како фриленсер, Ок но тоа е сосема малку работно искуство, а годините исто така за да биде градоначалник на Скопје.
    Сепак ми делува ко залутано амбициозно дете.
    Сепак е кратко во политиката.
    Преголем залак е ова за него.
    Како ќе раководи со општинската администрација, буџет, одлуки и сл ваков неискусен.:|
    Не е само гласај го.Можеби за 10 год.
    Како и да е, не верувам дека има реални шанси.
    .
     
    На Travertino и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  8. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    1.527
    Пол:
    Женски
    Баш видовме што добивме од искусните. Се вративме назад наместо напред, секој ден се повеќе се уназадуваме во секој аспект.
     
    На SummerGirl, Amelia, Miss666 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.727
    Допаѓања:
    24.064
    Пол:
    Машки
    Другата кампања нека измислат проблем со водата, па нека му текни на тие што се на власт а компромитираат цело време против опозиција и својот народ, па нека го попуштат вентилот и тоа да е главна кампања!

    После може нешто со воздухот и време е да изгасниме ламбите на државава.
     
    На azelea, Golden, DS10 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    9.765
    Пол:
    Машки
    Касами ако продолжи со ваква реторика и тој ќе оди во опозиција.
    Да не гласаше членството на ВМРО во Тетово, прашање ќе беше дали ќе влезеше во втор круг.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.567
    Допаѓања:
    10.917
    Пол:
    Женски
    Мислам дека за жал, орцо ќе стане крадоначалник на Скопје. Има шанси Амар ако сите кои сакаат промени се обединат и гласаат за него што јас го охрабрувам, како и во некои општини каде ќе се одржи втор круг да се гласа контра влада.
    вмро нема уште долго да слави, не победи убедливо. На овие избори гласаа претежно партиски ченови и нивни семејства, а бидејќи таа партија има најмногу членови и ја држи моќта моментално, исходот е тој.
    Добро ќе беше да се казни власта на локални и со тоа да се најде притисната да смени нешто коренито кај себе. Надежно бојкотирачите се освестија и нареден изборен циклус ќе излезат масовно, ама мора да чекаме до тогаш. Ќе се случеше порано доколку дуи го победеше влен, но вмро направи сплетки кај Албанците. Се друго средија, сработија во државата, само со тоа им остана да се занимаваат.
     
    Последна измена: 26 октомври 2025
    На oblace1, azelea, JoyJoy и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.661
    Допаѓања:
    92.474
    Пол:
    Женски
    Ова е таа погрешна стратегија што веќе ја чув лично од членови на Левица.
    Ќе се случело порано Дуи да го победел Влен?
    Ќе го враќаме Дуи во живот, за да казниме власт ?
    Тоа можеме само со јака опозиција која ке понуди нешто, а не со албанскиве партии.
    Ќе го гласаме Дуи во Брвеница и Кичево само за да не победи вмровски кандидат иако е Македонец?!
    А има реални шанси да победи?
    За само да се казни власта (facepalm) а што ако Македонците во Кичево го ценат и го сакаат докторот Александар од Вмро за градоначалник?
    Е затоа вмро ке си добива гласови и на следни избори.
     
    Последна измена: 26 октомври 2025
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.794
    Допаѓања:
    9.145
    Пол:
    Женски
    Па не мора да излезат во втор круг. Нека си одлучат сами албанците кој ќе победи.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    38.194
    Пол:
    Женски
    А, Орце искусен е? Со работно искуство? Освен како политички потрчко и со квази завршен факултет, други квалификации нема.
    Не гласај, ама да знаеш, ако не излезеш да гласаш, автоматски даваш кредит на ВМРО, бидејќи они секако си имаат гласачко тело, прашањето е дали може другиве да се консолидираат за да ги надгласаат и секое неизлегување за нив е плус.

    Ептен си конфузна.... Каде слушна дека македонците во Кичево ќе гласаат за ДУИ? Такво инфо јас никаде не видов, за разлика од ВМРО-вските поданици кои гласаа за албанци во Тетово и Струга по налог од партијата, офкорс.
     
    На CameliaMiller, oblace1, DS10 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.706
    Допаѓања:
    200.545
    Не е од инает, логика е.
    Едниот е докажано неспособен:D. Вториот се сомневаш дека е неспособен, ама не е докажано:!:.
    Чисто филозофска дебата де.
     
    На CameliaMiller, oblace1, MiloMalo и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.661
    Допаѓања:
    92.474
    Пол:
    Женски
    Па искусен е, водеше општина,
    има и што се задоволни иако јас го сметам за никаков.
    Колку што гледам исти факултет имаат завршено иако и тоа ништо не значи.
    Затоа и го кандидираа него, играјки на карта веќе бил градоначалник.
    Амар освен што е оратор нема никакво искуство.
    А јас не, Не гласам,што сакаат нека прават со ливчето.
    Од каде ова дека давам кредит на Вмро со негласање?
    Ќе победи Орце секако, Амар нема шанси.
    Левица погрешен човек кандидираше.
    Требало да мислат, Скопје не се само млади гласачи кои им се допаѓа како Амар збори.
    Имаш голема категорија на луѓе кои ќе ти речат тој не е Македонец !
    Бошњак е, муслиман.

    Ти едноставно не го разбираш “договорот” во западот.
    после “групчин” не ја интересира централна власт за таму кој и да е.
    Затоа се сите калкулации, од било која партија.
    Јас ги следам изборите таму со години.
    2017 година Сдсм ја направи Теута Арифи победник во Тетово со 1000 гласа разлика и за возврат ги зеде Сдсм со 3 советници во коалиција во локална власт наспроти 5 советници на Вмро.
    Не е ништо ново тоа па се чудите вмровци што гласале за Касами.
    Борбата е за да бидат локална власт.
    Ако победи сега Бајрам од Дуи локална власт ќе бидат 1 советник од Левица и 1 од Сдсм.
    Ако победи Касами ќе биде Вмро со 3 советници.
    А локална знаеме што значи именување директори, вработување и сл.

    Ајде да ја видиме простата Математика на македонските гласачи таму:

    Левица освои 1358 гласа
    Вмро 4250 гласа,
    Сдсм 1238
    Вмро народна 422

    За градоначалник
    Катка ( Левица) 3298
    Стевица (Вмро Н) 1625
    Вкупно 4923 гласа за Македонец.
    +1940 Катка
    +1203 Стевица
    3143 гласови вкупно македонски гласови надвор од матичната партија.

    Значи сепак и членови на Вмро и Сдсм гласале за македонски кандидат, надвор од договорите со Влен и Дуи.
    Дел гласале, дел импоништиле ливче за градоначалник.
    Разликата на Касами со претставникот на Дуи е повеќе од 4000 гласа што значи македонски гласови нема да му играат разлика, затоа и сега го подржува кандидатот во Кичево.
    После прв круг се излегува јавно кого ќе се подржи.
    Дали Сдсм и Левица излегоа дека ќе го подржат кандидатот на Вмро во Кичево?
    Ако има јавна подршка, а не сум ја видела еве постирај ја и демантирај ги моите информации.
    Исто и за Брвеница, да не кандидираше кандидат Сдсм во Брвеница кој освои 481 гласа, Брвеница ќе имаше Македонец за градоначалник.
    Е сега ќе има Албанец.
    Подобро сдсмовци да не излегле на гласање.
    Сега уште една општина ќе изгубат Македонците таму.
    IMG_8250.png
     
    Последна измена: 26 октомври 2025
    На Cutiepie1 и doll.a им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.661
    Допаѓања:
    92.474
    Пол:
    Женски
    Па не е логика, нема логика да гласам за анонимус кој сака да биде градоначалник.
    Во што се докажал Амар за да има логика гласањето?
    Јас на пр. гласав за Горан Марковски прв круг, бар докажан професор на градежен е и можеше да направи контрола на Дуповите и градењето во Ск.
    И за Орце, надвор сега од партиско штаБски расправии тука.
    Јас лично го сметам за неспособен, некој од КВ или Драчево го смета за способен.

    А Амар е докажано неискусен , нема водено општина.
     
    Последна измена: 26 октомври 2025
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    38.194
    Пол:
    Женски
    Логикава ти е :puke: Нема да гласам за анонимус... а, како некој ќе излезе од анонимноста ако не му се даде шанса? М? Не се сите Орци-ња и немаат сите гласачка машина позади себе.
    Што се однесува до способноста на двајцата кандидати, се гледа по тоа што Амар без гласачка машина позади себе успеа да влезе во вториот круг, значи сепак големо мнозинство на граѓани виделе нешто во него. Интелигенција можеби, за разлика од неговиот опоненет, кој освен гласачка машина и ботови позади себе, нема да понуди скоро ништо. И те молам, немој да ги потценуваш младите, ако не на овие избори, на следните нивниот глас ќе биде прилично силен.
     
    На DS10, Thinkerbell., Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Машки
    Амар го искористи слабиот кандидат за Скопје од сдс, Левица не знаеше да искористи и по другите градови, ако кандидираше по источна Македонија кандидати во некои општини ќе беа 2 партија.
     
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.661
    Допаѓања:
    92.474
    Пол:
    Женски
    Ајде Ана биди сериозна која е па твојата логика Да излезел од анонимност ќе му дадеме шанса да води главен град.(facepalm)
    Ај да не си играме играчки ко мали деца со муабетов.
    Амар не е независен и тој си има партија зад него.
    Од друга страна Еднаш велиш да се гласа за Македонец иако нема ни теоретски шанси, значи од патриотски причини, а ваму ќе гласаш за Бошњак , со истата логика што ја тераш гласај си за Орце.

    Како и да е џабе се оправаме, Амар секако нема шанси.
    Младите ги нема по партиите се гледа дека немаш појма што се случува по партииве во Мк.
     
    Последна измена: 26 октомври 2025
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.