Орце не можи да им се заблагодари на граѓаните кои гласале за него без да чита од лист пред него, ама Амар не чинел бидејќи бил "анонимус" и "неискусен". Наместо да бираме млади, образовани и паметни луѓе кои сакаат промени, ние ќе остануваме во комфорна зона со тие што нѐ дупат 30+ години. Не сакаме сите само да спакуваме куфери и да заминеме од тука, добар дел сакаме промени во земјата во која сме се родиле, земјата која има многу претрпено во историјата за ова сега да се случува. Неписмено мнозинство нѐ кочи бидејќи навикнати се на едно исто и не сакаат за друго да чујат, ем заради то што за себе си гледаат само, ем затоа што мислат дека сѐ друго можи да е само полошо. Само се надевам дека сѐ повеќе млади луѓе ќе се освестуваат и ќе пристапуваат на промени. Треба да се смени тој закоравен мајндсет дека само две партии треба да владеат, да се дава шанса на други и да се казнуваат тие што не си ја работат работата како што треба.
Искуство не се мери само по водење на општина. Амар веќе има деценија во која менувал неколку скалила во политиката (што од обичен потрчко го направија пратеник), споменати во линкот во моето претходно мислење. Да, со Орце го имаат завршено истиот факултет. Но не и истото ниво на култура. Додека Орце си се излежуваше или трчкаше како кученце по Грујче и подоцно по Мицко, Амар идеше меѓу луѓе и прибираше информации за да знае што треба да се предложува.
Свака му част на Орце, каква биографија значи немам зборови, секој би посакал вакво екстензивно и сеопфатно сиви, со разнолики искуства и позиции на толку различни места . Замислете каква среќа имале во Кисела Вода што го препознале уште пред четири години, директно од цела оваа плеада на партиски искуства го седнале на градоначалничка фотелја. Просто не можеле да погрешат на толку големо искуство
Жално е што во 2025 година не се гласа за некого само затоа што ете е Бошњак. Од друга страна поддржувате партија која ги поддржува оние кои не ја сакаат државата, злоупотребуваат моќ на позиција на карта на етничка припадност, не го зборат официјалниот службен јазик, не ја признаваат химната за нивна. Контрадикторни сте.
Да ги видиме гласовите: Амар освои (30.659) односно 13% гласови првиот круг. За совет Левица освои 27.479 гласови Значи за Амар во големо мнозинство гласале само членство на Левица. 2900 гласови повеќе од матична партија. За Орце гласале (91.582) или 39,43% гласачи. За Вмро за совет (81.649)илјади гласачи. 9933 повеќе гласови отколку за матична партија. За градоначалник или менџер на градот апсолутно може да е млад но бар да е искусен менаџер ние страдеме од што градоначалници ни се или партиски кадри ко Орце и Амар или некои од нигде никаде изникнати ко Данела. Второ прашање Зошто Левица не кандидираше Македонец за градоначалник? Ние не живееме во Шведска, во Македонија живееме. За да ги придобие и муслиманските гласови? Со логика албанците муслимани попрво ќе гласаат за муслиман отколку за Македонец? Добро еве Кои промени ги понуди, за што еве ќе го гласате Амар? А Амар независен е ? Сите тие од партии исто трчаат. И тој трчал по војводата негов. Бошњак подразбира дека имаш матична држава БиХ . Тој може да тера политичка кариера и таму зошто државјанство му следува. Од друга страна ние не сме Лондон па без проблем да ни стане пакистанец градоначалник.
И најголемото етничко малцинство има матична држава па тука тера политичка кариера. И не е тоа проблем. Проблем е кога во државата во која што живееш се школуваш и работиш не ја почитуваш. Уште полошо е што поддржувате Македонци на власт кои што им даваат уште толку сила да не ја почитуваат држава. Според мене може и марсовец да биде, ако ја почитува и ако работи за и во корист на државата немам ништо против. Вака само ја изгубивме државата.
Па има искуство, беше во советот и пратеник е. Од млади години во политика, не е дека од вчера е дојден. Што треба повеќе да има направено за да се квалификува да е градоначалник? Какви се кандидирале, некои ни факултет немаат, неписмени што од лист едвај читаат, па сега млад човек е проблем. И зошто би било проблем да е Бошњак? Што мака сме виделе ние од Бошњаците тука? Наши луѓе се само со друга вера. Поарно е неписмен Македонец отколку образован Бошњак? Ете тој се истакнал во партијата, и навистина е млад, интелигентен и амбициозен, ја сака државата во која живее, зборува чист македонски јазик, се бори за подобро утре (плус не се сеќавам да го користел неговото потекло како за во полза или сл). И тоа треба да е најбитно на крај на ден. Ама се гледа дека постарите уште не можат да излезат од тој мајндсет на кој се научени отсекогаш. А програмата на Левица достапна си е секој да можи да ја прочита.
Вака сега, да бидеме реални. Општо земено, на градоначалнициве низ целава држава, не само во Скопје, им фали добра, издржана и привлечна програма. Мнозинството се залетуваат со огромни проекти, кои и самите знаеме дека навистина е тешко да се остварат. Меѓутоа, ретко кој градоначалник особено овие од големите партии, се гласа поради добри проекти. Се знае, го гласаш оти ти е од твоја партија. Впрочем тоа најдобро го согледавме на овие локални избори, кои малтене беа многу поблиску до парламентарни отколку локални. На локални избори се гласа за КАНДИДАТ, а не за партија. Колку кандидатот е компетентен, каква програма понудил итн. Лично, Амар не го знам многу. Не сум запознат со неговата политика на дејствување итн., но ФАКТ е дека многумина се плашат да не биде новата Данела. Е сега, таа несигурност, ВМРО дополнително ја искористува да го дискредитира Амар, до тој степен да инсинуираат дека ако се избере тој ќе се повтори истото што и изминативе 4 години. Јел да Данела си имаше доста маани, но еве уште еднаш се потврдува теоријата дека до ваквата ситуација доведе и несоработката од страна на советот на Град Скопје кој патем е доминатно од ВМРО. Е сега, ако навистина тоа се случи повторно, воопшто нема да бидам изнендаден од обструкциите на ВМРО, па и СДСМ, бидејќи тие луѓе, таму во советот, не се грижат за своите граѓани туку, за идеалите на своите политички партии.
Ама сега кмет се бира или по кој метод се функционира? Демек искусните градоначалници се подобри по дифолт од овој докажано неискусен? Ко така и за премиер стално се бира некој неискусен, ако остане подолго веќе во режим преминува. Да бидеме реални- Скопје никогаш немало способен градоначалник, искусен или не, пошто градот цело време надолу оди. Цело време се прави нешто што врска нема со квалитетот на живот, има врска единствено со ситни и покрупни интереси на некого. Јавен превоз измислен во времето на Тито, општ сообраќаен хаос и урбана мафија. Стиропоризиран град од Грујо и обновен возен парт на јсп со автобуси за пигмејци. И тоа е отприлика. И Данела како пример, ако не играш ко што свири мнозинството, и дното сме способни да го пробушиме. Јас не мислам дека треба градоначалник, искусен или не, мислам магионичар дека треба. Пс. Сум чула Прилеп имал способен градоначалник еднаш, ама... ај може ќе ја дополни реченицава некој кој знае.
Дај објаснете ми како Брвеница има градоначалник Македонец, кога таму нашите се 37%. Добро работи или ситуацијата е ги фатиле на препад, не биле тука итн? Да се биде градоначалник не е лесно, не се занесувајде дека Амар може ќе се снајде, може и нема да се снајде. Без мнозинство во совет што ќе направи тој? Исто ко Данела ќе биде, а Орце што велите досега не направил доволно, значи не го интересира, не дека не може.
Во Струга, од 9000 гласа за Ќура, 5000 беа од дпне. Ако не лижеше газ мицко, зошто тој не извади кандидат во Струга, а влен да го поддржеше, кога гледаме дека повеќе од гласовите за кандидатот од влен, се всушност од дпне, а не од својата партија? Види малце подистражи, читни нешто некое сајтче, порталче пред да лупнеш некоја зелена.
На Орце биографијава ств богата, лав у хороскоп, подзнак - стрелец, у УМС од пелени, активно збори македонски од јазици, пфф.
Не збориме за искуство во политика , работно, менаџерско билокакво искуство за да прескочи противкандидат екс градоначалник. Во Скопје, да го ставиш Амир е како да ставиш студент да го води, а уствари градот позадински ќе го управува неговиот налудничав шеф Диме. Уште тоа фали на Скопје инаку се согласувам дека никогаш немало саглам градоначалник. Реално ако ги гледаме гласовите Во Кисела Вода, Орце има 61 % од гласовите, што значи пак би победил во прв круг. Дури и во традиционално сдсмовски Центар победил Орце. Амар во неговиот роден Чаир има само 1383 гласа. Ова доволно говори, џабе тераме муабети. Амар се провлекол во втор круг поради слабоста на СДСМ. И толку е. Да имаше добар кандидат СДСМ за втор круг немаше да има ни теоретски шанси. Скопје е реално готова работа. Побитна е Кичево во моментов.
Според попис, 41% таму сеимаат изјаснето како Македонци. Имаат градоначалник Македонец бидејќи одреден број, (мал, но очигледно значаен) го гласале и албанци. Муабетов ми е од рекла казала од тамошни луѓе, не знам, не тврдам. Сега е се алармирано да се гласа за албанецот, само да изгуби нашиот. Мислам дека овој пат Вмро нема шанси да добие таму.. Се надевам грешам.
И јас имам такво инфо го гласале и Албанци. Ама Нема шанси да победи сега во втор. Цела работа ја упропастила Сдсм со бескорисно пуштање нивни кандидат кој освои 400 гласа односно со тие македонски гласови ќе победел, во втор ќе се мобилизираат албанците.
Голем дел од албанците не биле да гласаат бидејќи сакале да падне Енвер Пајазити. Те читам и погоре ми делуваш ко симпатизер на Вмро. Бидејќи сега зборуваме за влен и вмро ти спомнуваш упорно Сдсм. Сдсм се распадна веќе, а вмро уште постои поради вакви изговори а сдсм што правеше... Инфо од мои роднини претходно победил македонец бидејќи голем дел од албанците не излегле да гласаат Бидејќи сакале да падне Енвер Пајазити. А додека пак сега од 80-100 гласови ако не сум грешка не обрнав точно внимание на бројката во Брвеница што е чисто македонско село, имало за Пајазити. Така да не ќе да е крива сдс. Пак доаѓаме на тој муабет дека се гласа за албанци.