Амар гостувал во дневникот на сител тв со Цаци вчера мислам. Читнав некои коментари од вмроони, како Цаци го растурила. Некој што гледал да каже што се случувало. Као наводно Амар изгубено делувал. Сите за Амар, до победа
Не гласам јас за партии на избори одамна, така да си грешка. Само кажувам како било, бидејки не е така одамна па сега наеднаш се чудат одредени членови. Без разлика на Енвер Пајазити, излегле или не излегле математиката е многу јасна. Брвеница не е чиста македонска општина. Додади ги 6.60 % од кандидатката на Сдсм што ја кандидираа џабе на Македонецот 46,49% и ќе победеше во прв круг со 53.09 % Бељата што ја направија е очигледна. Сега е ептен тешко зошто се договорени + сдсм. Не треба да си симпатизер само собирање.
Не бе Вмровска страна објавила и така пишала, само Цаци поставуваше као прашања а се исечени одговорите на Амар, дури и смешно беше, и пишале Цаци го растури Амар, смешни се
Мене не ми е гајле за дуи и влен, двете се учк. За тие партии гласаат главно Албанци и вмровци, јас не им се мешам. Ако мораше да биде една од нив, дуи е барем декларативно лево од центар. Ама ете во штабовите на вмро ги лажат дека дуи се единствените криминалци во државата и членовите се прават поглупи отколку што се и веруваат. Да, власта мора да се казни, од ненавремено казнување државата стигна до ова дереџе во 2025 да биде најдно откако памтам. И мислам дека Левица нема стратегија. Апасиев не личи дека сериозно се труди да дојде на власт, како да не сака. Но штом нема друго, ќе гласам за Левица. Башка и левичар сум по убедување. Дури и зa сдсм би гласала доколку e co подобри шанси, само да се загрози ова ненормално, апсолутистичко владеење на дрпаме. Ако победи пак вмро, нека биде тесно. Нека се чукнат по главите луди веќе еднаш. + cе заортачија со оној бранко и којзнае што ги учи.
Вау! Биографија на еден тазе дипломиран студент чија единствен амбиција и аспирација му е да биде главен потрчко на претседателот на партијата. Ова е срамота бе, ваков некој го гласа за градоначалник на Скопје. Амеби прости. Наместо да гласаме за промени и да дадеме шанса на некој како Амар, луѓето уште се заглавени меѓу вмро и сдсм. Стварно сме прост и глуп народ. А ни од едните, ни другите видовме добро. Од вмро видовме како изгледа кога не ти е гајле за изгорени 60 и нешто души. И што ако е бошњак? Па шиптари, терористи се дваесет години на власт и тоа не ви смета, али бошњак ви смета. А кои се бошњаците воопшто знаеш? И дали сме имале нешто лошо со нив, од нив? Поразително е во ова денешно време, човек да е толку прост и ограничен. Отворете си ги малку видиците, не бидете толку малодушни па можеби и подобро ке ни биде. Тука зборуваме за еден паметен, млад, амбициозен и најбитно од се човек кој сака и ке направи промени. Толку е доволно, а дали е бошњак, турчин и сл. е небитно.
Ништо не го растурила Цаци, вмровска програма е, ги исекоа одговорите од Амар и делуваше како Цаци да си води монолог. Баш убави и конкретни одговори и даваше, смирено и на ниво. А инаку, деновиве цело време налетувам на Орце во Аеродром, се мота ко глушец околу контињерите. Сега на велико земаа да ги чистат откако намерно натрупаа со ѓубре. Бруки едни!
Ништо не го растурила Цаци, вмровска програма е, ги исекоа одговорите од Амар и делуваше како Цаци да си води монолог. Баш убави и конкретни одговори и даваше, смирено и на ниво. А инаку, деновиве цело време налетувам на Орце во Аеродром, се мота ко глушец околу контињерите. Сега на велико земаа да ги чистат откако намерно натрупаа со ѓубре. Бруки едни!
Не знам, понекогаш стварно си мислам дека живееме во симулација, не е можно ова што се случува. Абе да ти велат в лице дека нема да го собираат ѓубрето, дека ако дојди некој друг за градоначалник советот ќе го блокира за инает, и ти пак да ги гласаш..
Немој така Облаче, па не гледаш каков прогрес има човекот? После 12 години дремење исклучиво во партија, конечно станал советник. Па по четири години градоначаник на општина. Сега редно е на Град Скопје, му тргнало
Јасно ни е одамна. Исто така и дека не си гледаат подалеку од својот газ, и се тотално апатични, особено за младите генерации што допрва треба да го живееме сето ова. Но на крај на ден, сите го дишиме истиот воздух, сите ги возиме истите патишта, ѓубрето на сите ни смета итд. Но нема секој капацитет до толку да размислува.
https://4news.mk/priveden-e-direktorot-na-konunalna-higiena-sabahadin-rustemi/ Пу бе, а таман почнаа да чистат