Јас не гласам за никој, за градоначалник кажав за кого гласав. Дуи е декларативно лево од центар, Дуи? Командантите и убијците на наши луѓе од 2001 од мој регион ми кажуваш дека се Левица Уште социјалдемократи ќе испаднат Сериозна си со муабетов? Али Ахмети ? Фатмир Дехари? Треба да ги познавате убијците/командантите во Дуи додуша во Влен се истите, не дека се подобри. И едните и другите ќе се гласаат меѓусебе , а против Македонец ко во Кичево и Брвеница, затоа е битно нашите партии особено во Кичево да гомподржат нашиот кандидат-Македонец, ако не ќе победат нивните. Левица како партија е изгубена и не е никаква трета опција посебно предводен од Диме. Единствено СДСМ да се реформира со ново раководство. Да, баш така, бирате меѓу Мице и Диме. Многу си наивна. Настрана што е Бошњак односно неМакедонец муслиман е ! И кандидиран баш затоа,да собере гласови од целни групи иако тешко му иде. А кај муслиманите има едно златно правило кое очигледно залудени по стратегијава на Диме не го знаете е дека секогаш ги подржуваат муслиманските браќа пред другите религии. А братот Диме добро мислел. Прашав зошто баш Амар го стави за градоначалник , а не некој Македонец од партијата. Знаеше дека Албанците немаат шанси за градоначалник, знаеше дека нема да гласаат за Македонец и затоа го стави златниов Амар , да го гласаат поради тоа што е муслиман односно правилото што го пишав погоре. А од квази либерализам што има врска што е , цела Европа сега страда. Паметот ќе дојде ама отпосле. Амар ко што никна ко печурка така ќе биде и заборавен за три дена.
Нив ги убедија во сечени, лепени и монтирани тебе ова те чуди, ич да не се чудиш, тоа се празноглави дебили кои веруваат во секакви глупости шо ќе им сервираат вмроидите од штаб.
А кој праша за кого гласаш? И да, декларативно дуи е лево од центар, информирај се. Дали сум сериозна со муабетот - до некаде. Ама сериозно не ми прави мене разлика дали е дуи или движење влен на власт, ене ти ги почнале од дуи да преминуваат таму во тие партиите од влен. Кој е најголем успех на вемеро во година и пол мандат? Ги тргнале дуи од властa. И што се случи, "процвета" државата.
Али Ахмети и Дуи немаат појма што се, ни левица ни десница ни центар,декларативно биле. Убијци се и шовинисти, ништо повеќе од тоа. Вака како што сте тргнале за некоја година ке ги гласате и за градоначалник ако се појави некој слаткоречив ко Амар. Ке викате што има врска што се.
A zoshto Amar ne si dade ostavka od pratenik? Neli Apasiev veleshe koj se kandidira za gradonacalnik da dade ostavka od pratenik? Ili za niv ne vazi? Slatka im e foteljata. Znaci da sumirame, site se isti Isto i za taa za Struga shto beshe.
Во раководството на Левица се атеисти и секуларисти, Амар не би требало да биде исклучок. dui President Ali Ahmeti Founded 5 June 2002 Headquarters Skopje Youth wing Forumi Rinor i Frontit Europian Ideology Albanian Nationalism Albanian minority interests[1] Pro-Europeanism[2] Political position Centre-left[3] За дуи нема да гласам затоa што гласачи им се традиционални муслимани и албански националисти и не припаѓам во таков кош. Не сум како членовите на вмро кои гласаат за влен. На пример во Струга, вмро се стрчаа по Ќура зашто е богат.
Ако си даде оставка после кој ќе ги лупа вмроидите во парламент? Не мора да си даде ете ајде простено му е, само нека продолжи вака како шо тераат со Левица добри се.
Многу добро знам дека е муслиман и не ми прави никаква разлика, се додека е таков како што е ич не ми е битно. А Амар да го споредуваш со шиптарите муслимани, стварно нема смисла. А не ми одговори нели ти сметаат шиптарите на власт 20 години, сигурно си излегла на избори сите овие години.
Со Бошњаци немаме ништо лошо, но @Cosmi не е грешка. Што мислите вие дека сте му помили на некој Бошњак од некој Албанец? Не. Сум работела со Бошњаци, спомни пред нив нешто против Албанци, ќе видиш каков одговор ќе добиеш, дури и ги бранат УЧК. Бошњаците се држат многу повеќе од Македонците меѓу себе. Бошњаците нас ништо лошо не ни направиле, немало ни потреба ни прилика, но тоа не значи дека македонскиот интерес им е приоритет. И како Амар ќе функционира без мнозинство во совет? Никако. Простор за еуфорија немате, ни избор некој немате и сите немаме. Има и бракови на Бошњаци и Албанци, така што Бошњак нема ништо против Албанци, вас ви се чини. Можам да набројам повеќе примери од лица кои ги знаете, а се од такви мешани бракови. Јавни личности, но ќе си премолчам. Албанците и Бошњаците се комшии, сватови, роднини, браќа по вера, а со нас се пријатели со коректни односи. Треба да знаете дека во кампања се збори едно, потоа се прави друго и дека секој градоначалник носи свои луѓе на државна чешма и откако ќе добијат решение, трајно вработување, топ не ги разбива. Сега во Општина Чашка ќе си накрца Албанци новиот градоначалник, Македонците ќе дремат 4 години и потоа пак ќе продолжат да дремат. Секако дека сите УЧК партии пречат, но тоа е реалноста во Македонија, ако не мижиме на УЧК желбите, нас од мапата на светот ќе не снема, тоест ќе ја земат пола држава и чао.
@Biljarkata А Да, право збориш од зелените беа Дуи,модерни планинци , со Грета ќе пратиме. Не го ни споредив туку ти посочив какво правило постои. Тебе нека не ти смета ама дека е со намера ставен муслиман од Левица наместо Македонец тоа е точно. Прашањево ти е ирелевантно во дискусијава,мене како човек од западна Мк што живеел во “соживот” не фантазирам со паметот дека религијата и националноста не е битна, нив им е битна, и нас треба да ни биде. Да се прашувам јас сосема поинаку ќе беше од 2001 наваму , ќе беа само статистика , а не дел од власт ! И кога ви пишав дека од мои извори во Дуи (јбг имам и пријатели од нив) дека се другарчиња со Левица, ми викаввте не , сега ги фатиле живи на кафенце. Гласовите на Левица во Тетово за Дуи, гласовите на Дуи во Скопје за Левица А ви пишав не дека не.
ВМРО во Тетово гласаше за Касами, Левица гласовите (3800 мислам беа) ги собра од своите симпатизери и од СДСМ, тоа се гледа по резултатите на избирачките места. И во Струга така беше, секаде каде што ВМРО имаше по 100-150 гласови на листата, а листата на Влен имаше 5 до 10 гласа, кандидатот Кира ги имаше гласовите на ВМРО, додека Јована од Левица ги доби од СДСМ и другите помали македонски партии. Успех за Левица е победата на Јована на неколку избирачки места во Струга (мислам беа над 10).
Спојлер .Левица освои 1358 гласа Вмро 4250 гласа, Сдсм 1238 Вмро народна 422 За градоначалник Катка ( Левица) 3298 Стевица (Вмро Н) 1625 Вкупно 4923 гласа за Македонец. +1940 Катка +1203 Стевица 3143 гласови вкупно македонски гласови надвор од матичната партија. Значи сепак и членови на Вмро и Сдсм гласале за македонски кандидат, надвор од договорите со Влен и Дуи. Дел гласале, дел и поништиле ливче за градоначалник. Разликата на Касами со претставникот на Дуи е повеќе од 4000 гласа што значи македонски гласови нема да му играат разлика, затоа и сега го подржува кандидатот во Кичево.
Ако Мицко вели, седењето дома е најлоша опција, јас би седела дома https://pari.com.mk/мицкоски-во-недела-масовно-да-излезем/ Зошто е најлоша опција, има ли цензус под која излезност изборите не се важечки? Ако да, што се случува после? Да не зборам колку е мизерно, а можда и противзаконски што премиер се вуцара како агитатор по локални избори. Мислам тоа ли му е во опис на работно место, за тоа ли зема премиерска плата
Третина од заведените гласачи прават цензус, ако нема следи повторување. Значи некаде 34% излезност си треба.Три општини немаа цензус во прв круг, Маврово-Ростуше, Центар Жупа и Пласница, торбешките места кои се раселени и константно имаат ниска излезност. Кај што нема цензус, се повторува гласање.
Толку беше пуштен е, сега ќе може да продолжи да чисти Aрсовска: Директорот на „Комунална“ е пуштен, Јулијана од Управен нема да ја апсат оти има албум со сликички со функционери на ВМРО
Со секој циклус се поголем беше нивниот број и стигнавме до тоа на овие локални избори, рекорден процент од кандидатите за градоначалник (тие од советнички листи не ги ни погледнав повеќето) да имаат видливо хохштаплерски криминални сурати, ама луѓе како со години, така и сега, си гласаат за вакви ко ништо. Прост и неписмен народ, ќе ја постирам мислава и тука: