Орце го напаѓа Амар околу работно искуство единствено во партија, а он од УМС на ВМРО до ,,приватен'' сектор ЕВН уште и ниски удари за таткото на Амар, а дечкото самохрана мајка го пораснала. Напред Амар!
Од дебатава заклучив дека Амар нема капацитет да води фирма со тројца вработени а не главен град. Не завршил факултет (доволно кажува),нема конкретни решенија за ништо,моабетот му е ко пред кооперација луѓено шо си зборат. Не знае ништо за функционирањето на градот,за службите,за институциите. Крајно несериозно и смешно беше она со стеснување на лентите. Лупа цифри од ракав,нема никакви информации за ништо во градот ,не нуди ништо сериозно туку рекла казала моабети. Од другата страна ,Орце доста по спремен со конкретни проекти,реални цифри,знае доста информации итн итн. Единствено што не ми се допадна кај двајцата што многу беа напорни и немаа култура за дебата.
Ова беше најдолно, најгнасно, ама па и очекувано од дпмнеовец, такви си се тие. Важно, ‘прво човек’. Така да, Скопјани ако овој е стварно ваш човек, за вашето место, за вашата иднина, пиши пропало на Скопје и сѐ што доаѓа со него.
Веднаш можиш да сфатиш со каков човек си имаш работа кога мава ниски удари, особено кога упорно го спомнуваше таткото на Амар иако тој потенцира дека е растен со еден родител. Многу долно, подло, гнасно, но од вмроид што да се очекува. И водителов многу ми одеше на нерви што му се уфрлаше сред реченици насекое да го прекинува, мислам знаеме сите дека стаОрце го фаворизира ама ајде. Па и видовме што политиколог искусен бил дотичниот со работа во ЕВН. Многу е јасно веќе кој каков човек е и кој навистина сака да работи за народот. Тој што не настапува со уцени и списоци, и што е поблизок со реалните проблеми на граѓаните, на обичниот човек. Ќе има пак дебата в четврток на Телма кажаа.
Искрено очекував Амар да е поспремен во однос на програмата и општо за проектите и проблемите на градот... го поддржувам целосно, ама гласачко тело кај нас се пензионерите, така да, се знае исходот. Мислам дека со малку повеќе искуство и по 4 или 8 години би бил топ кандидат за Град Скопје. P.S. сите вие што коментирате за тоа дека Амар немал факултет, сигурно сте го завршиле исто како Орце или пак на Славјански . Sorry not sorry
Ако има дивоградби од татко му на Амар, зошто ВМРО кои да ве потсетам се на ВЛАСТ, не ја срушат? Зошто не рушат ниту една дивоградба? Ама они само граделе, не рушеле. Оќе.
На мицкоски филозофијата му била да гради не да урива. Ќе му се сруши коалицијата со Изет ако влезе у чаир и руши.
Па нормално го спремиле пред време. Секој може да го реши тестот ако ги има пред време прашањата и одговорите. Финтата е да знаеш без да ги имаш одговорите.
Истите прашања беа и за едниот и за другиот,и тоа беа прашања од нивните програми. Ако некој не си ја знае програмата што понатаму да збориме. Искрено очекував дека Амар е по спремен од ова што се прикажа тука. Додека го гледав дуелот 6 пати си реков дека овој не е за да води главен град. Многу површински моабети имаше и многу детски . Иначе јас не гласам за никој,сѐ додека не рече некој дека ќе донесе мораториум за градба,Скопје од супер град го направиа тиња место за живеење. Зграда до зграда без никаков план,го загушиа градот му го смениа личниот опис. Гужва од сообрајќај за која решение не постои итн итн и ај да не дробам многу секако е за џабе,за нас моментално па и во блиска иднина надеж нема на повидок.
Пола дебата изгледав орцо личи како да е од руска мафија А од тонот на гласот му вришти: "лажам-сушам" и "не ми е гајле за вас". Да сум од Скопје, нема шанси да гласам за овој лик. Ете, пак таму имате избоp и расположение против вмро, кај нас немаше и не гласав за крадоначалник. И што е со личните напади кон Мециновиќ? Тој е цело време он топик, а тие го провоцираат за приватни работи. Јакотo чудо ако имал орцо диплома од политички науки.
Не знам каков би бил Амар ама Орце е на к вода градоначалник и не успеа да ја среди општината и сега со цел памет да му дадеш власт да го средува Скопје? Исто така Мицко згрешил при избор на Данела, тоа ми дава сомнеж дека може да згреши и за Орце. Очигледно е. Моја претпоставка Орце споен со влен значи ќе има 110.000, а Амар да речеме 60.000 што сепак би било добро 1:2. И следни избори ќе дојде крај и на овој состав вмро
Затоа беше Горан Марковски независен кандидат.. и убаво кажа кој гарантира дека нема пак да згрешат..или дека нема пак да се скараат.. во битката за бизниси, тендери, профити, проценти..
Само не се преработил работејќи на фивер, работам таму 11 год фриленсинг и го најдов неактивниот профил на Амар , видов дека работел на само 8 проекти за една година год колку што и работел. Тоа е многу малку. Проект од типот ќе одговорам на 5 травел пршања за Македонија за 5$ Да се разбереме, не било тоа лошо но реално далеку е да го ставиш да биде градоначалник.
Немам истражено, да, малку е тоа, и јас работам скоро 9 години таму, мислев дека е далеку поактивен и дека работел на посериозни проекти.
Можеби Амар е млад, ама има муда и етика. За разлика од Орце кој глуми главна фаца, кој меша приватен живот, кој дава ниски удари... типично ВМРО-вски, тоа им е у сржта. И претходно ми беше одвратен, ама после оваа "дебата" уште повеќе ми се згади, прво ЧОВЕК потоа градоначалниик аха важи. Ако беше човек немаше да чепка кај што не треба, и тоа не еднаш туку три пати му го спомна татко му, а Амар уште од старт нагласи дека растел со самохрана мајка. Ми падна жал на моменти за Амар зашто беше ставен како јагне во кланица, Орце буквално пробуваше да го растргне и да го понижи, го испрашуваше како на испит, дипломата му ја спомна исто ама џабе му е на Орце дипломата пошто таа не гарантира дека некој е способен. А Иван, тотална утка за ваква дебата. Уште од старт, на првото прашање кога му го постави на Амар му се мешаше и го прекинуваше. Ова ми беше скроз очекувано, ама па Амар добро се снаоѓаше. На моменти повишуваше тон претпоставувам бидејќи го чепкаа кај што не треба, уште од старт Орце почна да го провоцира. Александар Видиновски требаше да ја води дебатата, Иван нема ни речник, ни способност да води ваква емисија.
Се фативте за дипломата. А доктори што се кандидираат за градоначалници не ви сметаат? Ако е битна диплома, зашто они смеат да се кандидираат кога исто така технички немаат диплома? И ја имам диплома бе, еве ќе водам цел град, зашто да не. Нема врска со политика, право, економија ама шо ако, диплома е. Нека е услов дипломата океј. Ама за сите нека важи.