Слаби и двајцата. Орце лошо постапи што го спомена татко му на Амар, а Амар беше советник, па пратеник, требал да го заврши факултетот кога веќе зема пратеничка плата, финансии не се проблем и сакаше да заобиколи дека не е дипломиран. Орце се перчи оти има искуство и точно знае кој проект колку пари чини, Амар не знае, што пак не е ок. Наброја месар, бензинска пумпа, истражувања, новинар, фриленсер, беше советник, пратеник, има 29 години, се е тоа трчање од професија во професија.
Zema 2 000 evra plata. Nema diploma. I da, ne e okej da zema tolkava plata, da raboti vo Sobranie i da nema diplomirano.
Леле ама се фативте со тоа дека го спомнал татко му , не викам дека е во ред , ама што толку околу тоа , татко му си има живот и друга жена и ќерка , не сум ниту за едниот ниту за другиот ама сепак...а тоа за факултет е жива глупост колку луѓе познавам дупло 300 пати поуспешни од тие со факултет
И докторите во политика немаат диплома а земаат плата. Ете реков, тогаш нека се избркаат сите што немаат СРОДНА диплома. Филипче, Бујар, Таравари...
Скопјани ако направат промена на овие избори, ќе има големо влијание на цела територија на Македонија. Доста од тоа пензионери и политички армии да ни ја одредуваат иднината. Цела држава ги чека овие избори, ќе има колапс на вмро а некој ќе крка и ќорка.
Не ја гледав дебатата, само реелс што ми излегоа, се караат како свекрви пред врата, не ми се свиѓаше.Си спомнуваат родители како средношколци а не кандидати за градоначалници.Ама сепак Амар пред Орце, како и да е.
А што бара доктор со политика да се занимава , не ми е јасно , ај за глумец да е и пеач, некако , ама доктор , да се замара покрај таква сериозна работа со политики ....
Orce kolku i da vetuva vec videno e kolku si stoi zad vetenoto. Ako im odgovara na Skopjani spored dosegasnoto neka go glasaat. Za Amar dali ke go biva ili ne ke kazime ako sedne na foteljata...vo nasava drzavicka obrazovanieto ne e merilo ama bash za nisto...
Ни доктор ни глумец не е за у политика ама не е само тоа проблемот туку на 90% од позициите нема клучен играч т.е. стручно лице. Министер за внатрешни -правник (иначе има магистри стручни во таа област) За одбрана исто...итн итн А па за директори на фирми да не праам моабет. Исто и со советниците ,пола се неписмени и служат само за кревање рака и зимање плата.
Бар за Орце лесно е да се кажи пошто е биден градоначалник на Кисела Вода. Ако ја има средено Кисела Вода има направено се што ветил гласајте го пак. Ако нема ништо направено не го гласајте пошто чим не ја средил Кисела Вода, Скопје сигурно нема да го среди. Јас не сум од Скопје и не можам да кажам што има направено за Кисела Вода. А дека е неписмен, неписмен е скроз макар и имал 10 дипломи.
Другари само за потсетување Град Скопје има 10 општини тоа значи 10 градоначалници,секоја општина има во просек по 25 советници,тоа се околу 250 И сам град Скопје има градоначалник со околу 45 советници. И сега бројките се од прилика вака Само град Скопје и општините во него имаат 11 градоначалници и околу 300 советници,е сега вие рачунајте колку пари не чини тоа и дали реално има потреба во Скопје да има 10 општини или може да функционира градот како една општина со макс 5 советници стручни во неколку области како сообрајќај,економија,архитектура и нешто такво
И по сите скандали со ѓубрето и водата и слично има луѓе што викаат се да си остане како што е. Алал да ви е колку ви се испрани мозоците. Само да си знаете вие сте причината за се лошо во државата.
Ако збориме за тежината на дипломата, па и Орце се има влечкано за да дојде до неа. Не е спосособен ко што си се фали. Он секаде има проаѓано во животот само благодарение на тате и нема право да му суди на Амар. Амар за неколку испити не верувам дека ќе ги батали бидејќи е човек кој сака да учи. Само треба да си одвои време. Инаку, единствен соодветно квалификуван политиколог од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е професорот Александар Спасеновски.
Вие по харизматичност ги бирате градочалниците? Не е ни чудо што главниот град во Македонија е во вакво стање какво што е сега. Вива ла вида Скопје.
Абе не е проблем, може да си купи, еее па вие. Во собрание, колку што знам, некој е народен пратеник. Пратеник на народот. И на тие со диплома од факултет, и на тие без (ако има такви). Збориме за критериум за пратеник, во земја кајшто Амди Бајрам беше пратеник, со основно евентуално, ем башка осуден и лежен затвор.