Во земја каде шо Стојанче Ангелов звани ќерамида е директор, он многу е учен дека, ама сега Амар е проблемот, дека им се меша у бизнисите во Скопје.
Во земја во која Ѕинго беше доживотен пратеник , тоа интелектуална величина беше Па и премиер оној што мозокот одбива да му го запамти името, оној после ЗЗ- ем интелект, ем харизма, за ЗЗ да не почнувам... сето плејада интелектуалци, што би рекла @fana се намовнам
Луѓе изгледа не ви е доста дупење од две исти партии или пак имате некоја корист од нив па затоа сте ко муви без глај и че бидиме изолирани од Европа и сегде и функционираме додека не дојде моментот да си кренат борчот поголемиве земји кај што земаме пари и тоа е тоа. Ние останатите смртници ќе си лаеме, караванот ќе си врви, и така.. Орце како прво нема морални вредности, за утре други ден да те сфати и помогне, а како второ ни речник нема, ко пред кооперација се однесува.
Хахаха еден куп ги има ко Ѕинго, ене го и оној Павле Трајанов, само со ковчег ќе го извадат од собрание, во сите влади е.Ама џабе вергламе, не допира ништо, барем да си ги дупчиме поштено, тоа не можат да ни го земат.
Со Апасиев ретко се согласувам, ама ова го има предобро срочено и морам да го споделам, без ништо да додадам: ️ Имаш БРИЛИЈАНТЕН млад човек кој живее со самохрана мајка во Чаир и има просек 9.8 на политички науки. Но, сиромаштијата (во која не' втурнаа да живееме овие транзициски пацови) затропува и на вратата на ова семејство. Па апсолвентот, кој течно говори четири јазици, мора да ги стави студиите во мирување и да почне да работи како градежен работник, на бензиска пумпа, у месара, како хонорарен новинар, диспечер и фриленсер - за да може да преживее и да плаќа сметки. Од паричната НАГРАДА по победата на Ораторската вечер си го купува првиот лап-топ у животот и машина за миење садови на Мајка му (која го израснала во начитан, културен и воспитан Човек). ✊ Му пука филмот од трулото општество и решава ПОЛИТИЧКИ да се ангажира, ама не се шитнува на ВМРО-СДСМ шемата за да го вработат на државно. Го одбира потешкиот пат, па учествува во градењето на нова неискварена левичарска Партија, на која подоцна и станува портпарол. И доаѓа привилегиран примитивец од злосторничкото здружение ДПМНЕ (политиколог од ЕВН, буткан цел живот со врски) и пред цел народ, на наместена утакмица, елитистов му вика на нашиов: - "Тоа е твој ХЕНДИКЕП"!!! Каков хендикеп бе, мамлаз!? Тоа е БЛАГОСЛОВОТ на левичарите! Што Животот ги направил нескршливи борци-лавови, а не мачиња со фејкерска напувана ароганција. Ете затоа, ќе тонете секој ден во очите на јавноста. Оти имаме онтологија, знаење и капацитет да го извадиме вашиот гаден ЛОШОТИЛАК на ачик, да го видат сите и да се згрозат у секунда. А со зло не можете вечно да владеете. Тоа е космичко правило. ✍️ И затоа, во недела, нормален УРБАН СКОПСКИ СВЕТ ќе се поистовети со ова искрено Момче, кое е делегатот на својата намачена генерација, и ќе ви пресуди елегантно. Со пенкало. За вјек и веков. Амин. #ДемоНхристијанскиПримитивизам #СкопскаСитуација #АмарЗаСкопје #Заокружи6
Да ти ги листам од ВМРО сите што се од пелени во политика и немаат ден стаж во приватен сектор?? Инаку ВМРО како партија ми се згади уште повеќе кога во Чаир најскопската населба на Скопје, немаше македонец кандидат и ги врбуваше своите да гласаат за Влен.. немам против Албанци, ама да е фер. А сега го гледам спотов на Орце (греов со косата како баркод да има на теме да го скенира Мицко со дрон кај е) мислиш Скопје ќе го направи како Њу Јорк ..
Не се мислам за препаметен ама знам да разликувам кој не дупи во мозок, а кој е реален, ама во грото народов се повеќе се сомневам дека сето е амеби и паразити на државна цицка па ме убедува дека вмро е ок, пошто сте ок со таква плата без работа, без никаква амбиција итн. Како и да е, ова парче земја не оди далеку вака.
Не ве разбирам. Што ако има Македонец за гласање во Чаир ? Нема да победи. Ете само еден советник има Македонец во општина Чаир. И кажи ми за што да кандидираат ради реда ли ?
Искрено очаен е изборов за градоначалник на Скопје. Застрашувачки е дури. Се посигурна сум дека многу луѓе нема да излезат на гласање, не треба да бираш, кога немаш избор. Амар после емисијава нема ни теоретски шанси, единствено ако се поправи за дебатата утре зошто беше тотално изгубен околу муабетот за функционирање на локалната самоуправа. Баш чудно бидејќи бил во советот на општина. И би требало некои работи да ги знае.
Амар е кандидат за градоначалник на град Скопје. Он, доколку стане градоначалник ќе потпишува вработувања во кои ќе бара високо образование. Он би бил претпоставен кој нема соодветно образование. Факултетот не е мерило нели ама пак, зошто вие се образувате? За некои функции мора да се има соодветно образование. Мора да се има добра биографија. Пола градоначалници се неписмени, ама сега сакаме поразлично, ни треба солиден кадар. Што реално може да понуди Амар? Влече приказна за дете на самохрана мајка. Супер, за почит е, ама многумина има што и работат и студираат. А последниве години бил советник и пратеник. Апасиев е скроз малумен, искомплексиран, и така им го и пере умот на овие во партијата. А штета, повеќето од нив се доста паметни. Искрено ме разочара Амар. Читајќи ве овде очекував личност со добра биографија и образование. Оно, само некој симпатичен дечко од Левица.
Каква биографија очекуваш од човек на 29 години? Каква биографија имаше ти на 29, или јас да ти кажам за себе? Пошто двете сме со диплома и деца на рандом Петко де. Ај да не ја шириме беспредметно. Можел да фати правец на брод во најмала рака, ете, не фатил, останал да оправа криви дрини во мк. Не следам многу кој што, не знам ни зошто ви е Апасиев малоумен, ама да плукам на луѓе што никогаш не биле власт, а притоа се демонизирани како они да се транзициски воени профитери, ми е нон-сенс. Пред секои избори им праат зврчки, им поткупуваат членови, партијата само што не се распаднала еве, сега па забрането рекламирање им било, јер на каменот од Мојсеј така е пишано- а они после секои избори, миц по миц, подобри резултати имаат. Ваљда има па и некој на кој му е Преку Мурто и Курто.
Ok, togash ne treba nikoj da se obrazova. Izleze deka badijala sme studurale. Hmm, pa da. Koga kje razmislam, vo ovaa vukojebina e dzabe. A i plus sto tolku go velicate Amar? Pa I toj nekolku godini e na drzavna cicka neli? Rabotel kako gradezen rabotnik. Ok de, i jas koga studirav letno vreme rabotev vo market.
Апасиев бил во умс пред 20 години or so. Можеби е инсталиран од квази капиталистите дрпмне кај левичарите. Just sayin. Ама што да ce прави кога нема друга опција.
Ох, прилично добро глумат нељубов тогаш. Цело време инсталиран е он, еднаш од кај едните, еднаш од кај другите. Досадно е веќе. Мислам не дека така се станува професор на факултет, па уште на Штип... Ама, времињата се менуваат де. Дури не е од удба, супер е.
Со поинаков однос повеќе поддржувачи ќе придобиеше досега. Постојано навредува и трола. Ај колеги-политичари нека вреѓа, ама понекогаш и народот го третира со подбив. Од каде знаеш дека намерно не ги одбива гласачите? Мене ми личи дека одработува за вмро уште од кога заев беше премиер.
Беше, една година пред мене е зачленет, има слики, членска, се си има, постар вмровец е од многу сега Ги преполагаше сите испити со 9ка, ние сиромасите брзавме да завршиме за да работиме побрзо оти немаше за леб. Сите бевме деца на стечајци, а он само имаше пари за да преполага. Нека не се прави сега нешто, многу добро го знаат у Велес. Он у неговото маало губи секои избори. До толку е. Да беше доволно маж он ќе се кандидираше не Амал. Он не смее да биде поразен, сите ги пушта низ вода.
@Biljarkata 29 год и не е така малку за да има некаква биографија ама типови кои верглаат демагогии , а основни работи не знаат и за 10 год ќе им биде празна. Какви успешни млади до 30 год има ехее. И тоа тука во Мк. А шефот негов е така малоумен комплексаш и голем дел од зврчките и он и жена му сами ги прават. Веќе пишав Амар е втурнат за да собере гласови од муслиманите во Скопје иако дечково реално за 10 год можеше да го кандидира. Тотално промашен и лидер и партија. А Амар не го гледам ни понатаму со некоја политичка кариера, не знаат кај тераат едноставно исклучени од реалност се.
Биљо, на 29 годишен без никакво искуство не му е местото за градоначалник. Ни Орце не е добар кандидат. Ама Амар беше надеж нели? Очекував нешто, а не фриленсер, кои нема поим што е значи градска власт. Значи Амар требаше да е нешто ново, да одстапува од шаблонот на Орце и таквите полуписмени градоначалници. На крај не можел ни факс да заврши. Апасиев пак е друга тема. Димче е човек кој никако не смее да има власт. Се гледа и сега каков му е наративот. Јас сум за трета опција, за нови лица, ама тоа никако не е Апасиев. Инаку јас на 29 години веќе работев како правник и имав положен правосуден испит кој го полгав со дете од две години, со плата од 10.000 денари. Бев и во постапка за добивање на адвокатска лиценца која ја прекинав ради лични причини и проблеми. Имав побогато cv од двајцата.