Не знам какви успешни млади има, последно ко видов во 30 под 30 за Балкан, беше Нинче Групер и Жаре 1на1. За Жаре бар мислам дека сам има сработено, не знам. И дај кажете зошто не смее да биде на власт Димче, шо праи, мали деца ли јаде за доручек?
Не си баш некој прогнозер, па се надевам дека Амар ќе има далеку подобри резултати од твоиве претпоставки. Ти и за претходниот круг сметаше дека Левица се јаки само на интернет, ама ете ги во втор круг во Скопје Значи, има луѓе кои гледаат нешто во дечково. После вчерашнава „дебата„ уште посигурна сум во мојот избор, особено па ако се земе предвид неговиов опоненет таканареченото копито некултурно, арогантно Има многу млади луѓе кои ќе го поддржат Амар, многу неснајдени, просечни семејства ќе се поистоветат со него. Ова стаОрцево всушност му направи услуга.
А, што им фали на фриленсерите Јуле? Тоа работам 15+ години. Подобро тоа, отколку партиски потрчко. Ти на 29 години како се вработи како правник? Без врски или преку партија? М?
И уште ова... Немал искуство Амар, не знаел ништо за градот, бла, бла... Ако не знае, ќе научи. Демек овие пред него сите знаеја се Важно е да има волја и желба за подобро Скопје, се друго се решава.
Без врски, приватен сектор, за почетна плата од 9.000, со положен правосуден испит. Работев и втора работа, хонорарно. Преку партија не добив ништо оти не бев послушник. Потоа се иселив. Досега без врски и со сопствен труд сум до овде кај што сум. Пак си работам на струка, во друга држава. Сама. Инаку немам против фриленсерите, напротив. Ама тоа не е соодветно искуство за некој да биде градоначалник на Скопје.
Badijala sme studirale da. Eve magistar sum po bezbednost, sum vlozila i vreme i trud i pari vo sebe, I jas i mnogu okolu mene. Kako eden od cela moja generacija ne se vraboti vo mvr da recam eve eden so obrazovanie vleze. Ama ne mestata si se za partiski potrckovci, zatoa sme na ova nivo padnati, bezredie do beskraj...
Па не постои соодветно искуство за јавна администрација, ако не си партиски воин нели? А за градоначалник, и не било каков, туку со специјални роднински-бизнис врски. Замисли, соодветно искуство да ти биде во општина којшто Орце ти е шеф. Абе ќе одам отров за глуФци ќе испијам поарно Ја гледав дебатата малку, немав живци и време за повеќе. Глупи технократски муабети. Не можам да гледам нискоинтелигентни особи доброволно, па таман и 3 дипломи нека има. Срамот треба да се врати на земјата, многу работи би биле подобри тогаш.
Еве од партијата на власт пратија инфлуенсерка да го брани Орце оти Амар нема завршено факултет , пошо таа магистер е на приватниот Универзитет Скопје илити приватниот на проф. Др. Аце Миленковски Кој не знае, а го интересира, нека истражи повеќе за дипломи и магистратура на тој факултет, како и други занимљивости
Кажи, кажи, шо инфлуенсерка? Инаку и ,,професорот,, Латас се јави, доктор на науки нели, од истиот универзитет. Ако збориме за тој од Далаверски. Морее поплава од стаорци, уф
Кандидат за градоначалник треба да биде не актер, не доктор, не месар, не фриленсер, не моден креатор, не шивачка што чувала баби, не невработен, не без диплома, туку некој добар кадар што раководел сектор финансии, урбанизам, што знае што е буџет, ДУП, ја знае општината како дише. Велите ќе научи некој? Ај сетете се дека во маркети порано не примаа без искуство, а како тоа некој ќе преземе одговорност за преку 500.000 луѓе и ќе се учи? Што е ова, тракторски курс? Ова зборам општо, независно од Амар, Орце итн. И сигурна сум дека голем дел градоначалници имаат сторено куп прекршоци, што свесно, што несвесно, ама кој ќе ги гони? Падне ли извештај на јп двапати, треба директор да смениш, ама тераат со години, гајле им е.
Да бе ко да има Орце диплома од Харвард за квантна физика, не смер од три години кој што секој може да ги запише и да го заврши. Мене тоа дали Амар завршил факултет или не ми е скроз ирелевантно. За политика и политички прашања на ниво на градоначалник, па стварно не мислам дека треба да имаш докторат во таа област. Секој што има доволно IQ, без разлика дали има формално образование, дали е правник или доктор, може да биде квалитетен кандидат.
Што личност очекуваше ти, каков кандидат, ала Стивен Хокинг за кмет на Скопје, за да го исчисти ѓубрето и да набави гомнарки исправни во 2025г.Амар одстапува од шаблонот на Орце и немаат допирна точка, Орце произлегува од УМС, цел живот гуран и вработуван преку партија, и до пензија ќе тера во партија.ќе товари сега пари ко градоначалник, па после 10год ќе биде пратеник, па министер, па советник и на крај гувернер на народна банка, да заокружи кариера, ко Трајко Славески.Ама битно Амар факултет немал, и он не смеел да биде градоначалник, ама Стојанче ќерамида директор и Курто Дудуш смеат да бидат, они се академци од Ману.
Леле бе, и Курто Дудуш постоел, и тој да го гуглам сега Чекај, полека, со кој ќе се тепаш, со сам себе ли Какви ликови со какви дипломи имало, одам да си ја запалам дипломата сега, одма.
Јас мислам дека Амар има добри шанси за победа. Би претпоставил дека и членовите на сдс би гласале за него и многу од тие што се двоумеле дали воопшто да гласаат.
Не мора да се 30 под 30 за Балкан,какви млади има со бизниси сами што ги отворилие од сиромаштии тешки и берење маслинки по Италии ,што управуваат фирми сега по 20 + вработени без мама и тато, а не овој 29 год научил само да меле ко празна воденица. Ајде ке видиме,во вториов круг секако на среќа беше,а и поради други околности. Со што тоа ке се поистоветат ? Со демагогии и некои партискии идеологии кои никогаш не биле реалност и нема да бидат. Па многу деца од просечни семејства се поснајдени од него. Што ке работи во Скопје,кој проект,одговори на некое прашање? Верглаше безврска ко прваче,а советник во Град Скопје. Мене емисијава ми потврди тоа што го и мислев , да победи Амар е исто студент кој не знае уплатница да пополни ко да сме ставиле,а и нема капацитет да го победи противкандидатов и тоа е реалност. едноставно нема реално работно искуство,со луѓе да работи,ниту е некаков фриленсер, да се разбереме. За добар градоначалник е потребен искусен менаџер. Ова дете не е,не е ниту Орце. Сте се запнале зад Орце стои партијата,а зад Амар заборавате кој стои ? Исто партија со лев лидер Башка исто ко Орце што е профилиран од Вмро,во што ке го моделира Диме дечково
Хахаха имаше еден шоч на јутјуб, викаше, и Итлер сакал да биде некој ама сам себе го убија, така и ја, сам со себе Гуглај го па пиши мислење
ОК е Амар. Прв пат да видам политичар од Македонија да не биде намќор, оние другите со негатива ми зрачат. Cпособностите не му ги знаеме, не дека орцо ги има. Дискриминирачки е некои гласачи да го претпочитаат Орце само зашто Амар бил муслиман, а патем, не се изјаснува како муслиман. Атеист е.
Па го гуглав, затоа одам сега чакмак да најдам де Како после да не го гласаш, ко се пуштија загари како ,,докторов,, Перверт https://narodenglas.com/латас-мециновиќ-е-типичен-лик-на-левиц/