Абе какво ДС, ништо не признавам-само ФАРД. Фард во исламот бил религиозна обврска дадена од бог, на пример да ги штитиш слабите и немоќните (ова сега го изгуглав, нормално) . Значи, ќе не гласаат муслимани. Инаку фард, за феминско анти -робобладетелско движење- сите жени да не гласаат, и сите робови. Ем башка не сме антифа номинално, па Бате Трамп ништо не ни може. Може и ФАРМ (м за Македонија), битно да не е ФАРТ
Па јас не,ти бладаш. Дечково не е независен кандидат, комунист од Левица е. Основна математика. Отвори по изборно место.Колку Левица гласови толку Амар,само партиската машинерија на Левица го гласала и нешто плус ситна боранија гласови, каде спаѓаш ти. Во роден Чаир има само илјада гласа. Со про Русија и комунистички идеи , анти Еу, зошто некој инаку би го гласал освен од инает,а советник во град Скопје кој нема појма како функционира локална самоуправа, а негови сопартијци директорчиња во локалната власт, можеле да го подучат. Единствено логично за овие избори е да не излагате сите и да пропаднат избориве дур не кандидираат саглам кандидати.
Далеку, блиску тоа е. Лошо звучеше. Работата е што јас ни на шала не би спомнала некои работи па затоа изреагирав. Да, дека пензионерите умираат, кој за сдс, кој за вмро тоа е факт... ама ние треба тоа да го смениме, со тоа што ние ќе се смениме и нема да ги гласаме ама тоа тешко... не верувам.
Неизлегување е опција ако немаш 200000 души партиска машинерија. А мене партиската машинерија на Дпмне да ми ги одлучи изборите не сакам. Затоа да, ќе гласам од инает за да научат еднаш засекогаш дека не може нивното гласачко тело вработено у администрација или што чека за решение да одлучува за сите нас.
Па комунистички се тие идеи, јавен транспорт достапен за сите, јавно претпријатие за управување со отпад, не разбирам што е тука страшно. А ниеден градоначалник не извадил еден град надвор од нато, ниту го вовел градот во еу, значи каква врска има тоа? Кај е спинот уствари- дека Амар не знае што е Зелс, или дека Орце му кажал дека претходните работни места (пекар, млекар, зуболекар) му се хендикеп?
Има и кај нас знаење, има и вредни дипломи. Јас си работам со наша диплома и ми е признаена. Се добива и со пари диплома, ама ние имаме или имавме солидно образован кадар ама за жал не доаѓа до израз или се исели или пак е во приватен сектор. Џабе овде разглабаме, Сдсм го пушти низ вода Скопје, а со добар кандидат секако можеше да биде закана на Орце. Остана Амар од Левица кој да, врска нема што е ЗЕЛС. Инаку јас не сум Вмро и ако ме следите со години очи сум вадела со нивни членови. Јас на пример кога одам на разговор за работа, прво барам информации каде одам. Амар се кандидира, ама ете не се потрудил ниту да прочита какви обврски би имал и каков обсег на работни задачи би извршувал. И таков кандидат треба да ги шутне Вмро. Не може нели? Епа нема да може.
Јас и викам ајде за некој трет ќе гласаш, таа не, никој ич. Не сака да слушне, лута им е ифрит додуша и јас... затоа нема повеќе мој глас за некој од нив... никогаш
Биљо, дечково освен што зборува, млати празна слама, друго ништо не понуди. Нема основни познавања. Од ништо. Ај што нема, оди на дебата и не се ни потрудил ни да прочита нешто. Можел Чат џпт да го праша ако не друго.
Добро се извинувам веќе не се шалам на сметка на пензионерите, за да не се осети некој лошо, строго на своја сметка.
Левица: Орце Ѓорѓиевски отиде на баци рака кај Меџити и Ганиу Наместо доблест и извинување по примитивниот настап на дуелот, кандидатот на ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, реши да ја покаже суштината на својата политика. Имено, додека јавноста од владиниот кандидат очекуваше барем малку човечност, тој отиде на баци-рака кај Изет Меџити и Висар Ганиу – симболите на дивоградбите и беззаконието. Сето ова, спротивно на неговите изјави и ветувања за ʼставање крај на дивоградбитеʼ – наместо да се дистанцира од интересите кои го гушат градот, Ѓорѓиевски реши да им се поклони, се наведува во соопштението на Левица. -На дуелот, политикологот од приватниот сектор наречен ЕВН, настапи како карикатура на арогантноста. Со примитивен тон и лични напади, тој не се обиде да го понижи само кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, туку омаловажи и цела една социјална стварност – самохрани родители, фриленсери, млади кои работат во кол-центри и работници кои со чесен труд го заработуваат лебот. Неговиот настап беше одраз на неговиот светоглед и доказ дека за таквиот тип политичари вредноста на човекот се мери по статус, семејна и партиска припадност. Тоа е менталитетот на привилегираните елити кои живеат уверени дека државата е нивен двор, а граѓаните нивна публика. Ароганцијата со која владиниот кандидат настапи е симптом на систем кој се храни од понижување и нееднаквост, од уверување дека народот треба да молчи, а избраниците само да владеат. Во суштина, ова не е само судир меѓу двајца кандидати, туку помеѓу два спротивставени света. Од едната страна е владиниот кандидат Ѓорѓиевски – ликот на старата матрица која не може да се соживее со народот, продолжение на класата која владее со наметнување страв и потсмев, уверена дека моќта ѝ припаѓа по наследство. Од другата страна е Амар Мециновиќ – човек кој не настапува од позиција на надмоќ, туку на разбирање, со искуство кое тие никогаш не ќе можат да го совладаат, со пристап кој не почива на флоскули, туку на верба дека политиката може повторно да има човечко лице. Тоа е разликата помеѓу празниот слоган „Прво човек“ и човекот кој не мора да го изговори и повторува тоа за да биде. се наведува во соопштението на Левица.
Значи, не реков да не се шалите. Ниту нешто лично разбрав многу сум далеку од пензионер за да разберам лично . Само кажав... шалете се за што сакате. Тоа што јас не се шалам за некои работи не значи дека и другите не се шалат и не реков дека лошо се почувствував туку дека лошо звучеше.
Ама луѓе сериозни сте? Па мајмун да беше противкандидат сега требаше да му бараме квалитети и да се убедуваме зошто да се гласа за него, а не да оцрнуваме млад, амбициозен и ветувачки дечко како Амар. Па Скопје не смее да си дозволи уште четири години вмро после последниве и се што направија, а сега се прават на Тошо ко да не била Данела нивен кадар, оти ние малоумни сме па ништо не памтиме. Флешбекс и од темава имам како се убедувавме дали има или нема бугарски пасош, дали е добар менаџер или не, па нели и таа беше претседателка на ЗЕЛС? Па не може да нѐ прават толку глупи истите кои пред четири години со труби ја славеа победата на Данела пеејќи ја Бела Чао пред палатата. Не може за избор за Скопје главна фора да биде кој ќе го исчисти ѓубрето. Па визија имал Орце. Визија за ѓубрето? Да, откако сам ќе го креираш проблемот, веројатно ќе знаеш и да го решиш. Па вчера или завчера на сред булевар имаше застој зашто пред тоа камион истури ѓубре. Значи истури, намерно. Снимено е, има видео. Не може тие кои се на власт да обвинуваат за дивоградба на татко на противникот со кој тој нема контакт, јер се на власт, нека рушат. Зошто не вадат такви слики за Чаир, да ја поддржат Данела во сѐ што откри? Или таму важи филозофијата на премиерот, дека тој гради, а не руши. Да, за жал, и освен ко ќе се нема објективен аргумент плус за на дебата. Не може да не убедуваат за подобар квалитет тие во чие време се случи Трубарево. Не може таква поддршка да добиваат тие кои со недели го блокираа јсп и цел град, за после да глумат спасители. Крајно, ај што не смее да се вадат на лични прљавштини, ама не може да обвинуваш некого дека е кандидат за градоначалник без завршен факултет, кога татко ти без запишан бил пратеник. И ништо од ова не може, односно не треба да може, во свесни општества, неуценети, неунаказени. Ама ние не сме такви туку баш напротив, па кој стигне нѐ стриже и тоа како сака. Па пред само четири години дебатата за Скопје беше за или против БРТ, нови булевари, од другата страна бесплатен јавен превоз и мега паркови, а сега што? Да се бира кој побрзо и подобро ќе го исчисти ѓубрето? Оној кој го создаде и стави во ризик милион луѓе? Свесни сме за тоа? Греота е. Мајмун да беше повеќе емпатија ќе имаше. Па еве ако е најголем проблем што Амар не знае што е ЗЕЛС, оти многу се има покажано тоа ЗЕЛС, нека му стои. Само и актуелниот претседател на ЗЕЛС и кандидат за градоначалник на Скопје не знам колку си ги знае одговорностите и должностите како прв човек на ЗЕЛС, зашто во спротивно ќе му текнеше и порано да зачисти, а не на средина меѓу двата изборни циклуси. Уште фали директно да кажат ,,да бе, ве дупиме во здрав мозок, и?’’. И ништо, у реду ќе биде и тоа. Затоа уште многу долго дпмне ќе слави и ќе се радува, манипулирајќи ги оние кои страдаат за да тие уживаат.
Скроз се согласувам со тебе, хаварија и депонија направија од градов, па уште да ги гласаме зошто ако не е тек тогаш ќе видите...очигледно народов е или тотално глуп или толку добро им се испрани мозоците што веќе не знаат самите за себе да мислат! Нека ни е Господ на помош!
Се гледа Биљо дека не си ја гледала дебатата. Демагогиите што си ги верглаат ви Левица , немаат просперитет, човек кој верува во утопија не може да биде “ветувачки” градоначалник. А да го ставиме што е младо,симптично и неискусно и да му дадеме ваков залак е глупичко малку да не не кошта премногу само ко Данела на пр.
Немој да мислите дека со стаОрце ќе се среди нешто... акондојде он за една година ќе имаме Данела 2. Слушајте што ви кажувам.
За каква машинерија зборуваш бе Косми? На Левица? Машинерија имале? Да не си ги помешала со МВРО? Едно чудо луѓе знам (воглавно млади) кои ги гласаа, оти им е ску*чено од СДСМ и ВМРО. Исто така знам и едно чудо СДСМ-овци кои ги гласаа. Машинерија ги гласала?! Свашта!!! Ти, освен што продаваш демагогија тука, ништо корисно не кажа конкретно за вториов круг. Цело време збориш против Амар и тоа автоматски оди во прилог на стаОрце, па признала ти или не. Оти, нема неизлезност овие избори, ВМРО секако има цензус. Прашањето е дали стаОрце или Амар. Просто. Нема трета опција. И пак ќе се вратам на моето првично мислење, ако не гласаш во вториот круг, гласот автоматски ти е за стаОрце, оти они секако се во предност. Треба да се мобилизираат граѓаните на кои им е преку глава и да излезат да гласаат. Такви има многу, ама баш многу. Доволно за да го прошишаат стаОрце во вториот круг. Само да излезат, нели. Не за џабе Мице и компанија ги имаат пуштено ботовите на најјако