Грозна, ужасна, мачна кампања. Полоша немало од кога јас памтам кампањи. Гнасни луѓе се ВМРО. Гнасни.
Некој не коментира колку кошташе Коце со Дрисла, пошто ни глупичок ни млад не беше. Што може да се очекува од некој ,,искусен,, - ај бе кажи што е зелс, ама знаеш ли што е зелс- ко во второ одделение- види ме мене учителке. За најпосле и Иван да му признае на Амар дека имал поента. Која е утопијата на левица и каква врска има со градоначалнички мандат уствари? Еве, ќе приватизира стаОрце и водовод и комунално, да не живеете во страшен комунизам ако не- лупетам и се плашам дека не сум далеку од пророштво.
Не знам дали не разбираш што пишувам или се правиш. Ќе ја тргнеме омразата кон Вмро и Сдсм настрана. Математиката е јасна , дека гласале за Амар само членство и симпатизери на Левица, “машинеријата” на Левица. Еве ти нацртано: Ќе ја земеме општина Аеродром за пример(може и живееш таму) каде живее помладо население. За совет во општина Аеродром за Левица гласале -6671 За Амар - 6653 Меѓу гласови некој што гласал за Левица , а не за Амар се разлика од 18 гласа. Појасно ти е сега ?! Второ, јас сум принципиелен човек, ако сум гласала за градоначалник кој не влегол во втор круг не гласам воопшто за некој петнаести. И никој не може д аме убеди да гласам за Орце или Амар. Мој глас не оди за Орце, кој ве лаже тоа ако не гласаш, оди во негов прилог?! не оди никому во прилог. Нема логика. Ќе победи секако тој што има повеќе гласови. И трето, јас Амар не го навредувам, не сме деца па кмее пишуваш против Амар. Што пишувам против? Факти се дека е незрел и неискусен за улогата на градоначалник. Уклучете реалност. А за навредите кон вмровците не е лошо и самите да се прочитате во обратен смер, не ви оди во прилог.
Ајде Амар настрана Марковски оти не го гласавте? Ако сакате факултетски образован, го имавте него. Ама штурци... До утре лажете (се) дека дипломата била, дека искуството дека не знаммитишо. За нас само вемеро из лав, вемеро из лајф. Народов колективно ни е оболен по вмро, тоа се гледа.
Не, не ми е јасно, овие математики и претпоставки само тебе ти се јасни. Како знаеш дека само членови на Левица гласале и за градоначалник и за совет? М? Јас не сум член па гласав и за совет и за градоначалник? Демек, обичен граѓанин не може да гласа за двете опции, мора да е член? Пак ќе повторам, овие избори многу симпатизери и членови на СДСМ гласаа за Амар и Левица. Ова го приметувам на моето гласачко место, тука генерално се гласа за СДСМ, овие избори Левица доби повеќе гласови од нив. Ама, според тебе Левица не ги гласаат независни граѓани, туку само членови. Оки Ај, пак да ти објаснам како на прво одделение која е логиката на неизлезноста т.е дека неизлегувањето е во прилог на ВМРО: ВМРО има гласачка машина која ќе ги гласа. Секако само од нив има цензус, така што не ти држи вода тезата на бојкот. Понатаму, на ВМРО им одговара неизлезност, оти така нивниот кандидат секако победува, додека ако излезноста се зголеми, другата страна т.е Амар има многу поголеми шанси за победа. Сега, јасно ли ти е дека ако не гласаш, автоматски му подаруваш победа на стаОрце? Околу стручноста на кандидативе: стаОрце го видовме што мустра е во Кисела Вода, за Амар освен што е млад и неискусен (и не знае што е ЗЕЛС ) други аргументи против нема. Е сега, прашањето е, дали неспособен „искусен„ или неискусен ама можеби способен? Оти, нема трета опција и одење со главата во песок како ној, нема да донесе друг кандидат. Се бира помеѓу овие двајца. Ти за кој си?
Математика ако гледате Амар не може да отиде од 30 000 до 90 000 или 100 000 гласа. Единствено ако е цензусот 40÷ (не сум сигурна) и ако нема толкава излезност во тој случај е можна некаква борба со други кандидати во нов циклус. И се сложувам со членот погоре, како некои кои барате натпартиски и стручни кандидати зошто не гласавте за Професорот Марковски од градежен? И се надевам во Куманово да победи независниот, Скопје да нема излезност и Карпош или да нема излезност или Стефчо да изгуби. Аеродром мислам Вмро ќе победи 100÷.
Јас би била изненадена ако се појави искрено. Кога треба да биде? Тоа би можела да го гледам, со или без Орце, она со Мирчевски беше неподнослива мизерија. И да, го барав да го гледам дополнително, да видам што грешно сум разбрала, ама само најава се наоѓа Најавата-добро извинете, нормалниииии лииии сеееее? На штоооо личиии тоааааа зааа најаваааАа , далиии стварноОоо така се зборувааАаа македонскиИиии? !!
На Телма од 19:30. Ааа да, таа у најавата така зборува, сака да го возбуди аудиториумот, напето да биде, од стол да паднеме од шокови.
Стаорецот се исплаши и се повлече во своето дувло. Why am I not surprised. И овој после ќе е градоначалник? Смешки.
Ана за Левица независни или неутрални гласачи не гласаат. За да ги гласаш за совет, треба да ја знаеш и да ја подржуваш нивната програма , не мора да си член но мора да си симптизер на Левица. За Амар исто ! Ако сакале за непартиски , независен ќе гласаа за човекот за кој јас гласав, Марковски. Вака сите партиски сте гласале. Тоа не ти е јасно. Ајде пак ко прваче , врска немаш што пишуваш. Ако Вмро имаат и сами цензус апсолутно е небитно моето неизлагање. Нема да им помогнам. Сами ќе го исполнат цензусот и ќе си победат. Им помагам само Ако излезам и го поништам , тогаш ќе им помогнам само во цензусот. Како ќе има шанси Амар поголеми , ако излезам и не гласам за него, туку го поништам? Во втор круг се потребни само повеќе гласови,кој има повеќе гласови тој победува, просто ко грав. 60 000 гласа се разлика, свесни сте колку е тоа огромна разлика? Не е ни интересно да губиме време и да пишуваме. Левица Да имаа подобар кандидат од Амар немаше да биде оваа разлика. Да го оставиме Скопје, нема ни теоретски шанси Амар. Ама вие подржувачите не сте реални воопшто. Кичево е слика за гласачите кај нас. Заради омрзата кон Вмро и СдсМ пак Кичево ќе го води Дехари. Зошто сдсмовци и левичариве нема да гласаат за докторов од вмро.
СтаОрце копитце, сакам кажам, не знам што. Не бегал он од ништо, ама одбрал да биде со својот народ. Да, тоа се вика бегање Орце, ако не ти е послано со лигушки од модератор, знаеш дека ќе те надзборат и уште полошо ќе изгледаш. А можда и му забраниле, да не скине уште неколку зелени, многу е учен иначе, кога нема уста да отвори Маж рекол, маж одрекол, мислам
А Сотир Лукровски шо нуди бесплатни прегледи за жени во Систина? Кандидат за градоначалник. Се меша во здравство. Нуди бесплатни прегледи. Во приватна клиника.