Орце пред да праша некој што е ЗЕЛС, нека каже дали конечно научил што значи зборот идеологија. Орце му пререче на Амар за неколку испити (аман, јаката работа што се средува во една или две сесии, само да се најде време), а од сите партии со години имало пратеници без или со недовршен факултет. Плус и за оние кои покажале дипломи...Како никој од овде или надвор не се зафати да проверува дали им се вистинити? На пример, дипломите на Венко и Мицко (татините „златни“ синчиња)? На претходните лидери на партиите? На Ахмети? Нема. Им прпа. Особено на последниов кај ќе му писнат коркачите... Орце не му дозволи на Амар да се дообјасни за некои работи, а он самиот за многу поими не знае што значат и дури и негови сопартијци зад камерите зборуваат дека е човек со ниска интелигенција. Орце е бруката на ВМРО и жално е што партијава не се реши за некој од малкуте подобри луѓе кои ги има. Дури и контето Перински ќе беше подобар избор од СтаОрце, ако идиот им беше критериум оти бар речникот му е нијанса подобар. Уште нешто. Наспроти мислењата на луѓе кои не се разбираат од политика и мислат дека секој може да го заврши политичкиот смер на Јустинијан, е богами грешат. Прво, факултетот со години има проблем со лоша организираност. Лесно губат документи. Да не зборувам и за трошоците поради кои факултетот наликува на приватен. Второ, дел од наставниот кадар е ужасен. Се иживуваат врз и ги навредуваат студентите. Намерно ги бутаат (некогаш и по 2 пати) иако имаат доволно научено. Студентите се испишуваат и одат на други факултети или паузираат додека решаваат лични проблеми. Материјалот на двата политички смера е преобемен (особено на англискиот, сум имала над 500 и 1000 страни за учење). Ако си кнап со време и пари, ќе ти треба повеќе време за некој предмет. Трето, кога не ја знаеме ниту здравствената, ниту домашната состојба на човекот, не треба да судиме. И Орце нема право да коментира за Амар кога сè му е давано на тацна со години. Што има толку страшно во промена? Да се даде шанса на некој нов. Нека проба, па ако не го бива ќе речеме дајте го следниот. Подобро отколку да останеме заглавени во истото место и натрупани во ѓубре.
Тачно. Си го покажа стаОрце "способностите" и "културата". И тоа со нарачани и претходно одговорени прашања. ВЕМЕРОВЕЧНОДАЕ
Со истата логика за Амар треба да си го гласате Сотир арно го спомна Ahoy. Бидејќи Стевчо е познат, искусен и докажан ајдук. Ама ќе се гласа Стевчо нели
Колку си самоуверена, тоа е чудо!!! Гласале само симпатизери и членови. О, божеееее!!! Не знам и јас зошто се објаснувам со тебе, ама ај последен пат: Ниту сум член, нит сум симпатизер. Гласав од причина што сакав двете криминогени партии да се тргнат од сцена. Најлогичен избор беше Левица, оти после двеве има најголемо гласачко тело, симпатизери, поддржувачи итн. и најголеми шанси да направи некаква промена, што всушност и се случи. Во добар дел го прешиша СДСМ. Добар дел од гласачиве кои гласале за Левица гласаа од истиве причини. Не знам само од каде си ги вадиш констатациите и заклучоците, ама ај.. Пак за гласовите... ВМРО горе доле ќе обезбеди околу 100/тина илјади гласови, што нивни, што албанци. Тие се сигурни, така што негласање не е опција. Треба да се одбере од двете понудени. Јас го одбирам Амар, оти нејќум да ги гледам криминалциве. Ако што поголем број на граѓани (главно неопределени, на кои им е преку глава од криминалциве) излезат и го поддржат, дечкото има шанса и тоа голема. Не е недостижна разликата. Те прашав и не ми одговори, од двеве понудени опции, за кого си? Немој само со муабетите неопределена итн... нема трета опција и нема да има во следниве четири години. Кој мислиш дека подобро ќе го води Скопје, Амар или стаОрце?
Чекај малку , ти не пишуваше дека Димче е налудничав и пак гласаше за него Логиката кажува дека Левица не е партијата која ќе ги тргне точно двете криминогени партии во МК. Не сум јас самоуверена туку нема шанси да гласам од причини ко ти. И дваесет пати ти напишав, за ниедна, не гласам ! Скопје е изгубен град со овие двајца кандидати . Да им дадам глас и да имам грижа на совест дека сум придонела во уништување на градот? Не, бар мирно ќе спијам. Нема трета опција, и нека нема, кога ќе има тогаш ќе гласам !
Го разбирам твојот став ама не знам и Орце колку има знаење, а и колку само ќе го искористи за свој џеб. Овој барем е нешто ново на политичката сцена (ново теле каде што не знам како ќе се справи со толку многу криминал) па макар и не знае и да чита.
Ke padne Stevo. Jas sum vo Karpos. Ne veruvam sega da dobie...plus kandidat za Karpos od SDS se slikala sega so Sotir..
Сум гласала и претходно за ликови / партии за кои не сум имала високо мислење (вусшност, за ниту една партија немам високо мислење) заради промена на претходен режим. Како мислиш инаку дека ќе се смени нешто ако не гласаш? М? Ќе дојде некој од страна да направи промена? Или? Твојата логика е нелогична и пристрасна, само заради тоа што немаш високо мислење за Димче, па не размислуваш објективно. И пак ми извртуваш муабети, цело време тука верглаш против Амар, неискусен, ваков, таков. За стаОрце не прочитав мислење, така што, претпоставувам дека од овие двајца, сметаш дека стаОрце е подобар избор. Не мора да кажеш, твоите постови јасно говорат во твое име Биди ми поздравена, се надевам дека ти е удобно со главата во песок.
Левица од секогаш собира гласови од Сдсм. Откако се со листи, добиваат советници на сметка на гласови од Сдсм, а овие губат. Во Левица се повеќето од Сдсм. Амар можеби и може да направи нешто ако стане цело членство на Сдсм и го гласа. Но, Димче јаде буреци за нив, а реално чека да ги гласаат. Јас него би го гласала оти мислам дека никогаш не би поддржала кандидат на Вмро. Левица има квалитетни ликови, ама Димче ги ј*бе на велико. Има еден подкаст со некоја Живанка, бивш член на Левица. Пуштете ја па ќе ви бидат појасни некои работи. Инаку, моето разочарување за Амар доаѓа од тука. Овде беше претставен како кандидат пред кој ќе останеш без зборови, а не е така. Да не се лажеме. Наративот сега ви е ист како на оние против кои плукате, Сдсм и Вмро. А треба да е поинаку. На Мк и требаат политичари кои пред се ќе имаат совест и одговорност. Се случува Кочани. Нула оставки, напротив победува и градоначалник на власта. Не многу подалеку, балканска земја, се случува убиство, Ром е убиецот. Знаете дека цела Словенија е на нозе, дека досега има две оставки на двајца министри поради објективна одговорност и дека му се ниша владата на Голоб? И тоа заради едно убиство. Нам ни изгореа 65 млади луѓе. Една оставка не видовме, а Вмро која е на власт кога се случи пожарот, направи масакар на изборите. Не ќе да е до политичарите, до нас ќе да е. Стаорци шетале. Големо чудо!
Многу гласови од Левица се од разочарани членови и симпатизери на ВМРО и СДСМ, особено на СДСМ. Секако има и независни/неопределени од претходно што сега гласаат за нив, а исто така и оние кои ги гласаат за да ја казнат власта. И сето тоа ми е легитимно, бидејќи тие не прават списоци, не уценуваат да гласаш за нив, како другите две поголеми партии. Јас цел живот бев симпатизер на СДСМ до појавата на Левица, кога излезе на гласачко ливче во мојата општина за нив гласав иако бев меѓу ретките. Според мое мислење, Левица е она што СДСМ требаше да биде. А исто така бидејќи сум од помало место, ме фрустрира како има притисок и уцени од двете најголеми партии, бидејќи сите се знаат со сите, и лично слушнав како тие кои го формираа огранокот на Левица се обележани од двете партии засекогаш, стојат помеѓу двата најголеми огна буквално. И имам причини да не излегувам (сѐ уште) јавно, но ова многу ме фрустрира и попрво рака ќе си пресечам отколку да гласам пак за ВМРО/СДСМ. Имам блиски луѓе од двете партии и добро знам што се случува во нивното членство. Сметам дека Левица моментално најдобро ги застапува моите идеали, надежта за промена им ја доверувам ним, а ако и тие некогаш тргнат по тој пат како овие две партии, ќе ги казнам и нив без проблем, не сум овца. Така да мислам дека во секој случај тука Амар е подобар избор (без разлика што е од Левица), едноставно тргнувајќи од сѐ она што досега се случуваше, а после сѐ друго што се изнагледавме. Се исплашиле дека немало да го бива, па ќе го казниш ако не го бива, еве овие 30+ години не ги бива па пак ги гласаат. Време е нови, млади и надежни луѓе да завладеат, не можиме да си дозволиме да остариме а уште ништо да не е сменето како сиве овие години.
А, зошто мислиш дека Амар (во случајов) нема совест и одговорност? Од каде дојде до таков заклучок? Само затоа што Димче им е лидер?
@An-na За мене нема никаква логика да гласам за некој , а да имам ужасно за него. Ќе поседам со главава во песок ама не гласам, тоа е. Јас мислам го идеализираш Амар премногу, не е ни толку речит колку што мислев и нормално дека ќе формираш некакво мислење за него преку лидер му Димче, кој може да го слуша и да се согласува со него ? Некој сличен на него. Исто ко Орце со Мицко што е иста матрица. @JuLleE Го следев случајот во Словенија, за поздравување се оставките но и наш Македонец од кочанско мислам што 17 год живеел во Љубљана на идентичен начин го претепааа и убија на улица пред месец дена во Љубљана, за тој случај не се ни слушна доволно, а камоли оставки, животот на словенец очигледно повеќе вреди.
Па таман работа да мислам за Филипче преку Заев. Мислам јас на негово место отроФ ќе испиев, ама тоа збори за тоа кој каков стомак има, не колку е квалитетен. Или Заев <Филипче, Мицко>Орце, Димче вс Амар, појма немам искрено. Ама не постои меѓу никого =
Ужас се и двајцата кандидати за Скопје. Ниту е за правдање што некој не завршил факултет, ниту пак овој Орце што излезе ко баба некоја. Мизерија!
Не е така Косми, за случајот со македонецот имаше по медиуми, зошто не се крена врева, не знам. Дечково го убил професионален боксер, босанец со словенско државјанство. Зошто, не знаеме. Додека ова е сосема нешто друго. Проблем се ромските заедници. Татково оди да го одбрани синот и го убиваат. Има друга позадина случајот. Може и затоа. За нашиот некако тивки беа и нашите. Немаше некоја галама. Битно убиецот е во затвор, а случајот затворен. @An-na зборував општо какви политичари имаме ние, а какви треба да се. За Амар допрва ќе видиме.
Да гласаме за корумпираните - Биљана Секуловска На неколку часа пред изборниот молк, сега е најдобро време да се апелира. Да се гласа за оние партии на кои една од главните дејности им е да бидат совршено функционална агенција за вработување. Да се даде гласот за оние кои ги потпишуваат со две раце дивоградбите, а притоа го чуваат и негуваат ѓубрето за после изборите, оние на кои криминалот им ги купува гласачите, школите и работните места, оние кои се претвориле во пералници на пари но и на мозоци, затоа што само така се успева во оваа земја. Неуспешните се оние кои одбиле да ги меле партијата, затоа и станале сиромаси, сеедно е дали се образовани и квалификувани, автоматски се третираат како неспособни и неснајдени, отпад и изрод за кој не вреди да се троши сонцето кое ни од милост не фрла ни зракче врз нивната сенка. Такви среќаваме секаде. Професори и ѓубреџии, чистачи и пролетери, новинари и семкари- никогаш не се обединиле, незаинтересирани за туѓата несреќа, која е и нивна, само тоа за жал не го сфатиле. Сега веќе е касно да се бара нешто да се промени, само што секогаш е премногу касно или рано. Тотално студенило за сопствениот живот, затоа што и онака завршува некогаш, некаде, одеднаш или по мачно чекање, се пресекува просто, како црта после која следи точка. Како тоа да се чека целиот живот во оваа земја, а дотогаш празнотија и тишина на сите што кренале раце од избори, партии, лидери, кандидати, претседатели, секакви, а во суштина никакви функции, обични мелења празна слама, на кои крај нема, затоа и вака завршува, за среќа. https://25minuti.platform.mk/2025/10/31/да-гласаме-за-корумпираните/