Цел живот сум политички неопределена. Гласам за опозиција, кој и да е во опозиција во тој момент, оти никогаш, ниту една власт, не заслужила два пати да биде на власт. Последниве избори ги гласам Левица. Не затоа што претерано сум воодушевена од ликот и делото на Апасиев (не сум), туку затоа што попрво ќе се отселам него да треба вмро/сдс да ги гласам. Иако тешко, се надевам дека Амар ќе победи.
Никој не пиша од другите општини каде ќе се одржи втор круг... Се само за град Скопје. Едвај чекам да завршат избориве, ми здосади, реклами има насекаде. БТВ, на ФБ Левица е поактивна од вмро, или мене алгоритамот тоа ми покажува?
Тешко, за жал, со ваков народ. Орце, самобендисано, арогантно копито за кого хендикеп е да се биде обичен работник, очигледно само пари, слава и моќ вредат кај него, за тоа му е, а не за доброто на градот, епа нека си го гласаат и нека добијат што ќе добијат од таков.
Амар иако сакам мислам дека тешко дека ќе победи. Познавајќи го народот. Пак вмро ќе победи. Бидејќи членството ќе го гласа него, а овие неопределените или ќе останат дома. Или некои вакви пензионери сигурно нема да гласаат за него. Демек кој е он? Некој нов и непознат лик? Инаку нема врска дека левица само членството ги гласало и нивни симпатизери. Еве јас во животот што никогаш не сум била да гласам овој пат бев и гласав за левица. Зошто преку глава ми се и едните и другите. Поточно нивните партиски ботчиња. Се напикаа по институции неписмени. А се удираат во гради и се прават којзнае кои се. А ние со дипломи си седиме дома. Ми се повраќа од нив. Претходно цело време во продажба работев, ниедна работа не ја потценувам. Работа како работа секаде мораш да работиш. Криво ми е што менаџерите и директорите сите беа унапредувани без труд и знаење туку со врски, шпиунлок и лижење газ. Или бил комшија, братучед... Ете таква ни е Македонија. И зошто да ги гласаме овие две партии? Младите поради тоа сите побегнаа во странство, а не ни е животна желба на сите да живееме таму.
Да размислуваат повеќето како тебе, Македонија ќе беше многу подобро место за живеење. Ама нашиот менталитет е затуцан и освен вмро и сдс не знае за деуга партија, затоа што народов чека запослување преку врски. И јас исто ко тебе не гласам, ама овојпат излегов да гласам за Амар.
https://www.slobodenpecat.mk/video-...nismeni-vo-kochani-go-prechekaa-transparenti/ Еве го пак Дно дна. Ама сами си го бараме. Се гошетвале у очи задушница и тоа баш у Кочани. Немаат но срам ни перде. Раскалашени ѓубриња што мислат дека се можат. Само очигледно со овој глуп народ се им проаѓа. Пак и во Кочани ќе победат. Малку е сите трагедии што ни се случија. Стварно малку е. Нит оставки имаше за Кочани, нит извинување нит ништо. И пак ќе победат. Ова македонскиов синдром на самоуништување стварно јак се покажа. За споредба во Турција одуда за доживотен затвор за пожар. Единаесет казни доживотен затвор за пожарот во Турција во кој загинаа 78 лица https://share.google/duekkYa6Y7ewM3Yum
И да не победи Амар. Левица како партија ќе расте од избори на избори. Читам и по порталиве има многу луѓе што им се здосадени дпне и сдс. Полека народот почнува да се освестува. И сака да даде шанса на трета опција. Секои избори имаат поголем број гласови. На парламентарни сигурно ќе имаат уште повеќе.
Сериозно коктел правел ? И пак ВМРО ќе го гласаат во Кочани?? Е па дечки, какви сме и ова што го живееме ни е премија.
Ауу сине па ти се бодеш Јасно ми е сега шо капацитет е ликов и зошто избега од дуел на Телма каде што немаше да биде на свој терен како во Канал 5 да го тинтраат.
Ауу да бе Единствена дилема што ќе ми остане по овие локални e дали во Скопје има и наезда од глувци или само стаорци
(Видео) Прекршување на изборниот молк: Полн авион иселеници во Швајцарија се враќаат за утрешните избори, се агитира на социјални мрежи
А политички на државен му е? Амар дууури 7 испити за 9 години ги положил, и не се кажува студент, каже у цв