Кој викаше дека Албанците ќе го гласаат Амар оти бил муслиман? Тикви варени го гласаа. Вемерониве некоја магија фрлиле, ја друго објаснување стварно немам. Него ја после официјалната победа, пуштам тајмер на 72 саати. Нека се фати баркодот за работа одма.
Кичево после 20 год Македонец Браво Кичевчани ! И покрај чартерите на браќава од Швицарска, Германија, респект за обединувањето
Мило ми е за Кичево. Ако победат браво. И Кичево претходно Македонците го продадоа за ситно, 350 денари со воз беше повратен. Прашав колега кичевчанец тогаш зошто се случи така во Кичево, ми рече немало кој да им плати карта, а со воз беше 350 денари. Епа за 350 денари што ви останаа тој ден во џеб, кичевчани изгубивте колку години, колку вработувања, колку понижувања добивте? За 350 денари. И не поставувајте прашања што добивал некој што ќе дојде од Швајцарија да гласа тука? Што се авионските карти за луѓе што со години работат на Запад? Ништо, и така ги унаказија Македонците во западна, им тепаат деца по школи, по сокаци, се е нивно, и не само тоа, кој ќе патува за Охрид се мисли дека е во Албанија. Така си почна и со Косово, пред да се роди татко ми, а денес татко ми е млад пензионер, Косово е независно од 2008 година и по таа аналогија ако вака тераат трендовите Македонија за 20 години нема да е Македонија, туку трета албанска држава. Браво за кандидатот во Брвеница, очигледно е добар штом победи. Само асални кандидати е спасот во вака мешана држава, не добри, туку извонредни инаку општина по општина ќе паѓаат.
На многу избирачки места низ центарот во Куманово, Диро победи со 50-60 разлика. во прв круг имаше над 5000, сега над 14.000
Ми се гади од овој народ. Проста маса, тешки копита ја газат оваа земја. Сакаат промени а упорно се оди со глава во ѕид, упорно се бира она што не донесе до ова дно. Епа ако ни е се, заслужуваме и многу полошо, ама и тоа ќе си дојде. Ако ни е канцерогениов воздух. Ако ни е мизерното здравство. Ако ни е дното од образование. Ако ни е ѓубрето. Ако ни е катастрофалниот јавен превоз. Ако ни е иселувањето на младите. Ако ни е криминалот. Ако ни се сите неправди. Кочани. Модуларната болница. Запалени автобуси. Неказнети убиства. Вака можам до утре да набројувам. Пу!