Во Брвеница разликата е 145, а број на неважечки ливчиња се 178. Се надевам нема да има прегласување поради ова.
Лесно може да се увиди каков опинок народ сме по славењава што се прават пред штабови. Искрено ќе повратам.
Којзнае што им ветиле за да добијат... ај ќе видиме, времето ќе покаже. Страв ме фаќа уште од сега...
Браво за членството на Сдсм и сите Македонци кои се обединија и гласаа за кандидатот на Вмро. Конечно Кичево има наш градоначалник.
ВМРО нешто има ветено за да го добие Кичево. Да не ни се одбие од глава се плашам. Дај Боже да грешам, ама не ми мириса на арно работава.
Па гушкање, бацување, насмеани од 6-ка до 6ка… Јавна администрација само се сакаат коа ќе биде новогодишна прослава и коа ќе им победи партијата.
Не,не,конечно се опаметија. Пред 4 години исто беше тесно ама нашите не гласаа да се обединат. Сега беа сплотени да го тргнат Дехари.
Искрено мислам дека е пазар. Македонците за Касами во Тетово , во Кичево за Јовановски. Замисли во Сарај и Чаир гласале за Орце повеќето а не за Амар.
Те разбирам, ама јас просто не верувам дека има сила да натера албанец да гласа за македонец, па и обратно, особено ако станува збор за партија со етнички предзнак. Како поинаку би се извело не ми текнува
Пак ќе кажам, не верувам. Скептична сум дека некој се опаметил за нешто, барем години наназад гледаме како е. И тоа каков пазар... Сарај не ни имаше некоја излезеност на избориве.
Не мислам дека го вратиле Кичево, новиот градоначалник има сопруга Албанка и се фалат дека зборуваат албански низ дома. Не очекувам нешто многу да се промени за Албанците. А по 4 години пак има избори, тогаш нема ни да влезат опуштени во трка.