Пред две недели го почнав мислењето слично, ама за жал не бидна за малку, сега официјално - Честит 11 септември слободно Кичево! Педоф... пардон командантот Деари ви купи карти, ве носеше тука по ручеци, ве најаде ве напи, ај сега да си се вратите дома со авиончиња, па да дочекаме со истиот тој авион Деари заедно со Аљи, да летаат за Хаг
Е тоа... реков еднаш, незнам дали прочита. Секој сам си плачи на својата болка, сам ја живее. Мислиш гајле му е накому? Посебно на овие апашиве... рече Мицко сега на прес " Кочани треба да го издигнеме" не му ги паметам точните зборови ама тоа му беше зборот. Ќе видиме што ќе прават. Ама се е џабе, тоа не смееше да ни се случи... не смееа да дозволат тоа да се случи! Сега е џабе, победиле или изгубиле децата не се враќаат, куќите што се затворија, се затворија... Не смееја да дозволат да има шанси такво нешто да се случи!
Дури смешно е од што е трагична ситуацијава. Дури срам ми е веќе каде живеам. Ќе го чистеле градов, а рајава на тоа се пали. А толку се глупи дека тоа ни е платено секој месец во сметките. Ама ај ќе се видиме можеби на некој протест за скоро каде ништо сепак нема да смениме. Ако сме живи нормално. Туку @Feniksgirl не ми ја чепкај песната за Максим Сите си ја пееме по дома. Како, зошто, навистина не знам. Ама певлива е пустата.
Жената на кичевскиот градоначалник тврдеше дека и Александар зборувал албански и децата, но тоа ми личеше на подлажнување за гласови. Ако зборуваше албански просечно, самиот ќе се обратеше. Луѓето ја исмеваа во коментари дека и таа веќе не зборува толку течно албански, дека се покаурила и што уште не. Секакви навреди имаше, дека е предавник, дека живее нелегално со каурин, дури и муабети дека треба да цркне. Самата тврдеше во интервјуто дека од нејзините добро се прифатени, а другите коментираат, а Александар пред неколку години во интервју објасни дека таа избегала кај него, па дури откако првото дете се родило, нејзините попуштиле. Има слики во црква таа и тој со децата, слави, икони дома, но и една софра со печено прасе пред нив. Сите три деца имаат македонски имиња, веројатно за неа е ок штом прифатила. Ова е тешко сварливо за верските фанатици. Патем во фелата имаме колешка што отиде во пензија, мажена за Албанец, живеела и вонбрачно со него прво, вели дека албански не знае, ама никој не се пуштил да ја пцуе по фб или да ја нарекува предавник, изрод, ѓубре, кучка.
Градоначалникот на Скопје потсеќа на крими лик од турска серија. "Бато, бато, ти благодарам тебе и на господ за оваа шанса што ми ја дадовте во животот."
Аа готово е со неа, избришана е поради авторски права т.е. изгледа на Максим му здо*урчи да го заебаваат, помина кампањата и ги притисна циганите шо му ја напраја да ја избришат
Така ами како, секое копито заслужува коњ... и се што иде со коњот... Туку стварно имаше муабет за авторски права за ,,Максииииим Димитриевскииии,, . Дефинитивно скриена камера се избориве
Ее како овие некои изгубени, Мицика шо ги заебава дека ќе им ги врател парите од ТАТ ако гласаат за ВМРО на локалниве, ама не им кажал кога ќе им ги врати Група на оштетени штедачи од ТАТ, потсетуваат дека ТАТ е жив (ВИДЕО)
Отвори на инста на 24chasa.mk скролај до таму 20ти окт..Ги има како пеаат и играат. Оргиналот. Најјако нешто од избориве беше песната.