Со вакви мислења не тераме далеку, особено не додека мислиме дека мојот глас не менува ништо и дека корупцијата и врските се единствениот начин за олеснување на животот. Тие врски и корупција колку луѓе зеле на душа и колку фамилии зацрнеле...
Врски се ок многу помагаат повеќе неспоредливо од гласање. Џабе гласаш кога друг ги има контактите. Да сме реални ни јас ни ти не одлучуваме кој ќе биде на власт. А јас и ти сами си го градиме животот. 99.9% е до нас...На волкот му е дебел вратот зошто сам си ја брка работа тоа е од Македонски народни приказни. Дури и да гласаме и одлучуваме ние самите за власта. Не сме способни да одлучиме добро. Или ќе се водиме од наш интерес и ќе оштетиме други луѓе или самите себе. Во принцип неможе да има целосно праведен закон зошто секој закон казнува еден а наградува други. А да не зборам дека нашиот глас е само капка во морето. Дополнително ни една држава не е целосно независна од други значи и за други луѓе одлучуваме кога гласаме кои немаат глас и исто други не го прават тоа на нас...или во превод целосно е замешано и не битно и далеку од праведно.
Како сами си го градиме животот кога кажуваш дека фаќаш врски? Сам да си го градиш животот збачи да се издигнеш без чичко ти инспектор во мвр да те избие.
Дали би поддржале бојкот на локалните избори? Една од причините да биде тоа што главните партии донесоа низа на погрешни одлуки, а другата тоа што не сите од нив го осудија нападот врз градоначалничката што е срамен чин. Кој нема страв, нека пише хаштаг бојкотирам локални на профилите на главните партии на социјалните мрежи. Не смее да им се дозволи победа на идиоти.
Сами за себе си правиме услуги. Сам одлучуваш дали некој ќе ти направи услуга. Една врска ќе ти заврши многу повеќе работа од децении гласање и илјадници сати читање политика за без надомест. Ај и не мора врска место тоа времето ќе го инвестираш во учење и сосема легално ќе си го подобриш животот и среќата. Политика не е битна а гласањето е како фрлање паричка во фонтана...
Не велам дека избивање е гласање за вмро или ездеес, одење на митинзи и мавтање знамиња уз химната ВМРООО ВМРООО, мислев со учење и вистински труд.
Би поддржал да не беше ситуацијата во мојата општина каква што е, многу пати имам зборувано, да не се повторувам.
лол Aко сме секој за себе, тогаш воопшто нека не постојат партии и влади и држави, шо ќе ни се. Или поточно речено, што ќе ми се. Да се укинат.
Мене никогаш нема да ми биде јасно у ваа држава кај шо и баба ми и прабаба ми од гроб стануваат да гласаат како некој смета дека бојкот е да не излезеш на гласање и да го оставиш својот глас подложен на секакви манипулации, место да идеш да си го поништиш ливчето. Али ок, кафето сркање е побитно, тоа се тие патриотско - антички приоритети...
И тоа е можно. За врските сите знаеме. А за гласањето ни е јасна математиката на вредност на нашиот глас.
Бојкотот не е решение, дали излегла или не, ист број градоначалници/советници ќе бидат избрани. Ама со оглед дека во мојата општина и за Скопје нема сега за сега асален избор, не планирам да гласам, може ќе поништам. Освен ако не се појави некој квалитетен за Скопје тогаш ќе се премислам.
Јас ќе си речам така, ти ќе речеш, Петко, Рајко, Димко ќе рече, и од еден глас што не може да смени ништо, доаѓаме до 5, 10 и многу поголем број на државно ниво, може десетици илјади што можат да сменат и тоа како.
Јас зборам за себе. Не можам да ја игнорирам реалноста дека имам еден глас и дека сум целосно и апсолутно небитен. Исто како што врски вршат работа.
Каков бојкот? Косовски Срби ли ќе се правиме, бојкотираат, па после плачат оти имале градоначалници Албанци. И овде ќе биде исто, бојкотираш, немаш советници, немаш политичка моќ, готов си, друг ќе одлучи за тебе. Прво не можеш да договориш бојкот во држава со толку партиски вработени, со толкава изнешаност демографска, не можеш да урнеш цензус никако, за избори се фрлаат и твои пари. Нема логика бојкот, само контра гласање.
Ne e losa poraka bojkotot osobeno vo opstini koi se etnicki cisti no e neostvarliva 80 posto od tie sto glasaat za vmro i sdsm i ne ni znaat za sto glasaat samo da e od nasite se partiski vraboteni koi sakale ili ne mora da iskocat i glasaat
Тешко нас со овие 2ца кандидати, ај да чекаме уште Левица што ќе понуди. Град од 800К а нема за кој да се гласа.